• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридскиот градоначалник задоволен од туристичката сезона во првата половина од годинава

Охридскиот градоначалник задоволен од туристичката сезона во првата половина од годинава

Охридскиот градоначалник задоволен од туристичката сезона во првата половина од годинава.

 |  Валентина Неловска  | 

Од податоците и статистичките показатели кои досега се обработени, охридскиот градоначалник Никола Бакрачески задоволен од туристичката сезона во првата половина од оваа година.

„ Во првите 6 месеци од 2016 имавме реален раст на бројот на домашни и странски гости  од 7 до 21 посто. Има значителен пораст на патници кои сметаме дека се резултат  на охридскиот аеродром. Тоа е нешто што треба да не радува , бројот на летови и бројот на оператори на охридскиот аеродром,“кажува Бакрачески .

Бакрачески напоменува дека со поврзувањето на Охрид со автопат до Скопје тој би добил инфрструктура  која ќе придонесе за поголем број туристи во македонскиот туристички центар. Според владините најави автопатот до Кичево треба да е готов до 2018 година, кажува градоначалникот.

„Доколку  Охрид се поврзе со автопатот со Скопје, а  со тоа  на север кон централна и западна Европа, туризмот во Охрид ќе доживее нови светли моменти заедно со развојо тна авиосообраќајот и силната маркетиншка кампања која обваа ЛС ја изведе овие 3 години“, посочува Бакрачески.

Првиот човек на Охрид е задоволен и од досегашниот рекламен и маркетиншки потег на ЛС за туристичките потенцијали, културните и природните убавини  кои ги поседува Охрид, во светски познати печатени и електронски медиуми, кои се исто така причина во Охрид да има што повеќе странски гости.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top