Ознака: туризмот

saem za turizam

Отворен 4-тиот маеѓународен саем за рецептивен туризам

Post Views: 13 Свеченото отварање на единствената саемска манифестација од областа на туризмот во земјава не го удостои со свое присуство ниту еден владин преставник. Организацијата на саемот како што дознаваме е пропратена со бројни финансиски проблеми, но и слабости како што се недостаток на информации за неговото одржување. Организаторите секоја година со истиот оптимизам изјавуваат дека престојната сезона  ќе биде подобра ама реалноста ни е сосема поинаква. Гости на езерската ривиера имаме се помалку.Директорот на Агенцијата з аразвој и поддршка на туризмот иовојпат оптимист,...

Continue reading

kaneo

Промоција, промоција и само промоција

Post Views: 14 2011-та ќе биде година на промоцијата, барем што се однесува до македонскиот туризам. Врз оваа активност, ќе се заснова поголемиот дел од програмата на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот за 2011-та година. Посети на голем број однапред таргетирани саеми како и поинтензивни посети на странски туроператори и новинари кај нас, се она на кое во периодот кој е пред нас ќе работиме, вели директорот н агенцијата Зоран Стрезоски. Што се однесува до посетата на саемите, Стрезоски објаснува дека приоритет се саемите во земјите со кои се остварени чартер летови, како...

Continue reading

saem

Охрид во јануари по четврти пат домаќин на туристички саем

Post Views: 3 Од 17-ти до 20-ти јануари  Охрид ќе биде по четврти пат домаќин на туристичкиот саем. Концепцијата на саемот овој пат е видоизмената. Се напушта класичниот начин на саемското организирање нагласува директорот на агенцијата за поддршка и развој на туризмот, Зоран Стрезоски.„ Интерактивната концепција има за цел да се воспостави комуникацијата меѓу туристичките работници, туроператорите и локалните самоуправи кои треба најодговорно да ја подобрат инфраструктурата во туристичките места“.-Зоран Стрезоски, директор на Aгенцијата за поддршка и развој на туризмот.                      ...

Continue reading

globus travel

ТА „Глобус Травел“ дел од проектот за самовработување

Post Views: 1 Туристичката агенција „Глобус травел“  е дел од проектот за самовработување поддржан од владата и UNDP.  Сопственичка на агенцијата е Елена Лотеска Наумоска која започнува сопствен бизнис во туристичката сфера.„4 години работам во туризмот, имам контакти и сум во таа бранша вели Лотеска Наумоска. Сметам колку и да има туристички агенции нивниот број е мал бидејќи имаме добри атрибути за да го развиеме туризмот на максимално ниво, да не е само во лето туку преку цела година,“ објаснува таа. На гостите кои ќе доаѓаат во Македонија преку Глобус травел ќе им бидат презентирани...

Continue reading

Daniel stivens

Белгиски новинар ќе пишува за убавините на Охрид и Македонија

Post Views: 0 Во најновиот белгиски број на месечниот магазин „TO ENJOY“ или „Да Уживаш“ на неколку страници ќе има статија за убавините на Охрид и  Македонија. На овој начин Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот прави обид во сезонава која претстои да привлече и Белгијци во земјава. Потенцијалните туристи од Белгија не се многу пребирливи, сакаат да видат се, а јас како нивен презентер секогаш се трудам да им понудам нешто ново и неистражено“, вели новинарот чија специјалност е туризмот, Даниел Стивенс. Тој потенцираше дека пред три години бил дел од турата Македонија,...

Continue reading

ludo patuvanje

„Лудото патување“ легално, велат од пазарната

Post Views: 2 „Лудото патување“ кое  на Охриѓани им се нуди за 219 евра е легално, велат од пазарниот инспекторат. Началникот Ѓоко  Бошалевски за Тв М истакна дека ова тело задолжено за контрола на Законот за туристичка дејност по добиената претставка за организирање на туристичко патување, која пристигнала кај нив, веднаш пристапиле кон откривање на околностите под кои се организира ова патување. „Констатиравме дека се работи  за патување на туроператор од Прага – Чешка, кој има склучено договор за патување со туристичка агенција во Македонија. По Законот на Р Македонија ...

Continue reading

kelner

Стоп за бланко догoворите за работа во туризмот

Post Views: 0 Од Унијата на независни синдикати ќе се обидат да им помогнат на работниците од туризмот, во заштитата на своите со закон загарантирани права. Потпретседателот на Унијата и координатор на канцеларијата во Охрид, Благоја Иваноски, вели дека ова е еден од двата проекти, чија реализација треба да започне наскоро. Првиот проект се однесува на вработените во туристичките и угостителски објекти, во кои како што Иваноски вели јавна тајна е дека се потпишуваат недефинирани, бланко договори за работа. Иваноски вели дека проектот ќе биде насочен во правец на поттикнување и едукација...

Continue reading

avion

Туризмот не може без авио превоз

Post Views: 5 Хрватска ќе лобира што поскоро да се воведе директна линија Загреб – Охрид. Вчера во рамките на состанокот на високата Хрватска делегација и градоначалникот Петрески, покрај официјалниот дел за учество на Охрид на Меѓународниот саем во Вировитица, кој ќе се одржи на почетокот на идната година, се разговараше и на тема, што најмногу го кочи развојот на туризмот меѓу Македонија и Хрватска. Петрески јавно пред хрватските претставници проговори за катастрофалната патна инфраструктура во земјава, која според него, под итно мора да се поправи, како и од потребата за отворање...

Continue reading

Hotel Sileks

Награда за „Нов квалитет во туризмот“

Post Views: 8 Инвестициите во сопствениот бизнис се исплаќаат. Охридскиот хотел „Силекс“, од Меѓународниот саем за туризам, кој минатата недела се одржа во Нови Сад, се врати со награда „Нов квалитет во туризмот“. Оваа несекојдневна награда е голем предизвик, успех и заслуга која треба да се оправда, вели менаџерот на овој угостителски објект Тошо Чочороски.„Направивме големи вложувања во време кога бизнис климата се соочува со економска криза“, вели Чочороски. Додава, дека, иако моментот не бил најпогоден, морало да се преземат тие инвестициони зафати, пред се, заради имиџот на хотелот....

Continue reading

nagrada

Охрид ја доби наградата „Балканска престолнина на културниот туризам за 2010“

Post Views: 7 Охрид во низата признанија се здоби со уште една награда како значајна туристичка дестинација. Овој пат се стекна со признанието Балканска престолнина на културниот туризам за 2010. Наградата била доделена на неодамна одржаниот Новосадски саем и ја примил преставник од локалната самоуправа, а денес и официјално му беше врачена на охридскиот градоначалник. Високото признание му го предаде Дончо Танески претседател на Бафта. „Градоначалникот ова да не го смета како награда туку како обрска со неговиот тим да го подобрат туристичкото движење во Охрид“ ,  порача во таа...

Continue reading

katalog

Со нов каталог ќе се привлекуваат германски туристи

Post Views: 4 Нов каталог за германските туристи. Промотивниот материјал, кој на 80 страници, преку слика и текст, ќе раскажува за убавините на Македонија, е дело на долгогодишен туристички работник од Германија, кој потекнува од Охридско. „Гледајќи како другите земји се борат за повеќе туристи, одлучив да направам каталог под наслов „Македонско сонце, одмор на Охридското Езеро“, вели авторот на каталогот Климент Китаноски. Китаноски открива дека Македонија како туристичка дестинација воопшто не им е позната на Германците. „ Ако една дестинација не е позната не можеме да најдеме...

Continue reading

press

Тендер вреден колку „влакно од опашката на лавот“

Post Views: 1 Јавната набавка на touch-screen информативните пултови од страна на Локалната, вреди колку влакно од опашката од лавот, со овие зборови Градоначалникот Александар Петрески ја објасни вредноста на оваа инвестиција. Петрески додаде дека оваа јавна набавка претставува само една од мерките со кои локалната ќе се обиде да стави крај на појавата на диви агенции и дивите чекачи. Тој отфрли негова поврзаност или на некој негов близок, било роднинска или бизнис со економските оператори вклучени во тендерската постапка. Истотака вети максимална транспарентност и евалуација на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top