Белгиски новинар ќе пишува за убавините на Охрид и Македонија

Белгискиот новинар Даниел Стивенс фасциниран од убавините на Македонија. Своите впечатоци преку специјализираниот магазин за туризам ќе им ги пренесе на потенцијалните туристи.

 |  Татјана Маленкова  | 
Daniel stivens
Даниел Стивенс

Во најновиот белгиски број на месечниот магазин „TO ENJOY“ или „Да Уживаш“ на неколку страници ќе има статија за убавините на Охрид и  Македонија. На овој начин Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот прави обид во сезонава која претстои да привлече и Белгијци во земјава.

Потенцијалните туристи од Белгија не се многу пребирливи, сакаат да видат се, а јас како нивен презентер секогаш се трудам да им понудам нешто ново и неистражено“, вели новинарот чија специјалност е туризмот, Даниел Стивенс.

Тој потенцираше дека пред три години бил дел од турата Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и дека тогаш фасциниран од љубезноста на луѓето и од убавините на регионот рекол дека мора да се врати на ова парче земја.

„ Имате добра клима, добро вино, кујна, а со тоа и можност да развивате активен, планински туризам…. јас ќе направам се` тоа да го промовирам, но главен проблем е како да се стигне овде . Сеуште нема превозник кој од Брисел доаѓа за Охрид или Скопје. Да се дојде овде мора да се оди или во Холандија или Љубљана и Будимпешта“, истакна новинарот од Белгија, Даниел Стивенс.

„За жал Македонија како дестинација е тотално непозната за белгискиот пазар, но јас ќе се обидам да ја приближам до потенцијалните туристи“, вели колегата од Белгија. Стивенс посебно е воодушевен од убавините на Охрид. Изминативе денови ги посетил и Св Наум, Плаошник, црквите, фасциниран од се но најмногу од езерото.

sredba so Daniel StivensГостите од Белгија во Македонија се на покана на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот. Заменик директорот на агенцијата Владо Суклоски вели дека деновиве ги разгледале Охрид, Струга, Битола, винариите во Тиквеш и во Еленово, но и дека утре треба да отпатуваат во Скопје каде ќе остварат средби со градоначалникот на овој град, но и со претставници на Министерството за економија.

„ Со ова се продолжуваат активностите на агенцијата за носи сецијализирани новинари а на тој начин Македонија да ја направи препознатлива на Белгискиот пазар“, вели заменик директор на агенцијата за промоција и подршка на туризмот, Владо Суклоски.

Гостите од Белгија во сабота треба да имаат состанок со претставници на туристичката комора, а со тоа ќе имаат можност да направат стратешки план како Македонија да се приближи до Белгиските туристи.  Суклоски се надева дека активностите кои се прават во овој период својот ефект ќе го покажат уште оваа туристичка сезона.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top