Ознака: труд

Simona

Надеж за Мона

Post Views: 14 Се отворија портите за спас на Симона Јовеска од Охрид. Малата Мона, која има само четири години и која живее со надеж дека еден ден ќе ја види светлината на денот и рака за рака со своите врснички ќе заигра и прошета низ охридските улици, ќе тргне на пат за спас.  Мајката на Симона лично ни кажа дека благодарение на прилогот емитуван на нашата телевизија многу хумани организации се понудиле да помогнат. И не само тоа, вчера телефонски повик добила и од Министерството за труд и социјална политика од каде ветиле покривање на сите трошоци во Европската клиника во Скопје,...

Continue reading

seminar

Флексибилност и сигурност на пазарот на тудот

Post Views: 2 Регионален семинар на УНАСМ. Флексисигурен пазар на трудот е годинашнава топ тема на македонските синдикалци, кои три дена во хотелот „Климетица“,  ќе разменат искуства со земјите од ЕУ. Благоја Ивановски од УНАСМ од Охрид, вели дека предавањата на овој регионален семинар во периодот што следува ќе им бидат од посебна корист бидејќи целта е да се задржат работните места, а работниците постојано да се надоградуваат. Иваноски потенцира дека уште на почетокот од презентацијата на искуствата од експертите од ЕУ, може да направи компарација кој модел на флексисигурност е...

Continue reading

deca pitaci

Децата-питачи се отстрануваат од улица

Post Views: 0 Одлучна акција за решавање на повеќегодишниот проблем на експлоатација на детскиот труд, пред се преку користење на децата за питачење. Во координација на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи како и социјалните служби и невладините организации во земјава, се спроведува акција за отстранување на децата од улица. Акцијата се спроведува во сите градови во земјава, а епилог на истата е мерката-одземање на родителското право на родители кои ги тераат своите деца на питачење или пак посредуваат во истото. „На територијата на Скопје...

Continue reading

agencija za vrabotuvanje

Дали невработените веруваат во Агенцијата за вработување?

Post Views: 1 Стапката на невработеност во државава се чини држи една константност од околу 33 % . Но често се јавува сомнежот дали всушност тоа е вистинскиот број на невработени лица ако се земе предвид дека голем дел од невработеното население работи на црно. Основната институција која работи во насока на намалување на стапката на невработеност се соочува со големи потешкотии во своето работење. Агенцијата за вработување иако постојано нуди нови и нови проекти во насока на обезбедување работни места за невработените лица, заинтересираноста кај истите е минимална. Можеби работите...

Continue reading

bebinja

Посвојување на деца по електронски пат

Post Views: 2 Изборот на посвоители на деца отсега ќе се врши по електронски пат. Оваа измена минстертсвото за труд и социјална политика ја направи со цел да се избегнат евентуални злоупотреби и влијание на човечкиот фактор во процесот на посвојување, велат од ресорното министрство. „Во моментов постапката беше прекината од причина што се изготвуваше програма во која требаше да се внесат сите посвоители“, вели Павлина Пероска социјален работник од центарот за социјални грижи.„ По внесувањето  на посвоителите во тој програм автоматски ќе може да се почне со започнување на посвојувањето...

Continue reading

human trafficing

Борба против трговија со луѓе или меѓународен собир на фалбаџии?

Post Views: 5 Не треба да се зборува туку треба да се делува. Трговијата со луѓе тема на уште една конференција. Но за жал и овојпат не беа предложени конкретни мерки за нејзино сузбивање туку само беше констатирано дека таа е во постојан пораст. Проектот против трговија со луѓе кој трае веќе 14 месеци е насочен кон зајакнување на граѓанските организации и нивно учество во спроведување на националниот механизам за упатување на жртви. Целта на проектот е да ги приближи националните законодавства на сите земји учеснички, со законодавството на ЕУ. „Не можеме да кажеме која земја предничи...

Continue reading

gradinka

Цената во oхридските градинки останува иста

Post Views: 8 По низата поскапувања, на ред дојде и сумата која родителите ќе треба да ја плаќаат за згрижување и вос­пи­ту­ва­ње на децата во градинките. Неодамна министерот за труд и социјална политика  излезе со став дека според првичните проценки на Министерството за труд и социјална политика, цената на градинката треба да се покачи од сегашните 1.490 де­на­ри на 2.000 денари. Оваа изјава на министерот со свои сугестии ја поткрепија и Заводот за до­ма­ќин­ство и УНИЦЕФ.Најавата за веста дека ќе се зголеми цената за згрижување на децата во градинка ги вознемири охриѓани. Тие не...

Continue reading

gradinka

Статутот мора да се почитува

Post Views: 11 Охридската детска градинка Јасна Ристеска не работи согласно Статутот, дециден Владо Суклоски. Најновите случувања во оваа установа не можат рамнодушно да се прифатат вели Суклоски, член на У.О. на градинката, претставник на Министерството за труд и социјална политика. Тој изјави дека соработниците по образование на градоначалникот време е да погледнат во статутот бидејќи според Суклоски, Статутот  е правен документ донесен врз основа на законот и потврден од управниот суд и секое негово прекршување е индиректно кршење на законот. Суклоски вели дека посебно претседателот...

Continue reading

gradinka Jasna Risteska

Доцни постапката за директор во градинката

Post Views: 11 Изборот на нов директор во ЈДУ „Јасна Ристеска“ кочи. Како што досега се одвиваат работите не е исклучена можноста оваа установа некое време да остане и без директор. Познато е дека на 15 ти овој месец истекува рокот на сегашната директорка Марина Петреска Тодороска. Како што ТВМ веќе информираше за оваа позиција доставени се 5 апликации на кандидати. Покрај актуелната директорка, на списокот се Ариф Коку, Вера Дукоска, Мери Рилкова, Роза Костоска, сите воспитувачки во оваа установа. Според претставникот на Министерството за труд и социјална политика Владо Суклоски,...

Continue reading

ssm

Први мај одбележан со ниски плати и скратени работнички права

Post Views: 0 За охридските работници, 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот, поминува во знак на се поголема  егзистенцијална загрозеност, со просечна плата од 200 евра и скастрени работнички  права. Измените во Законот за работни односи во повеќе наврати се  гласаа без консензус на социјалните партнери. Синдикалците не се задоволни од текот на социјалниот дијалог и од топењето на работничките права. Социјалната слика во општината не е ни малку розова вели првиот општински синдикалец,  Драган Цветаноски. Голем број од работниците не се синдикално организирани. Оние кои се,  пак ,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top