Посвојување на деца по електронски пат

Оваа измена минстертсвото за труд и социјална политика ја направи со цел да се избегнат евентуални злоупотреби и влијание на човечкиот фактор во процесот на посвојување.

 |  Татјана Маленкова  | 
bebinja
бебиња

socijalnoИзборот на посвоители на деца отсега ќе се врши по електронски пат. Оваа измена минстертсвото за труд и социјална политика ја направи со цел да се избегнат евентуални злоупотреби и влијание на човечкиот фактор во процесот на посвојување, велат од ресорното министрство.
„Во моментов постапката беше прекината од причина што се изготвуваше програма во која требаше да се внесат сите посвоители“, вели Павлина Пероска социјален работник од центарот за социјални грижи.
„ По внесувањето  на посвоителите во тој програм автоматски ќе може да се почне со започнување на посвојувањето по електоски пат“, вели Павлина Пероска – социјален работник.
Внесувањето на барателите за посвојување на дете, веќе започна во електонските листи. Пероска открива дека во Охрид само неколку семејства чекаат да започне постапката за доделување на дете.
„ Во Охрид нема голем број на посвоители има околу 8 баратели за посвојување и 2 семејства на странски државјани. нашите посвоители чекаат подлг период од причина што ние во моментов како центар во домот за доенчиња немаме сместено деца за посвојување и не ќе можат да посвојат дете“,Пероска.
Изборот на посвоители ќе се врши преку компјутерски систем, кој ќе избира пет потенцијални посвоители со соодветни карактеристики од регистарот на посвоители. Карактеристиките на петте брачни двојки, потенцијални посвоители, под шифри ќе стасуваат до Комисијата која ќе донесува одлука за изборот на посвоители.

“Листата од првите пет посвоители се креира врз основа на добиените бодови за исполнување на критериумите коишто се однесуваат на материјалните и станбените услови, степен на образование, здравствена состојба, време на чекање, психосоцијален статус и брачниот статус на потенцијалниот посвоител”, појаснуваат од министерството за труд и социјална политика.

За да се избегнат можностите за злоупотреби составот на Комисијата којашто брои 15 членови, при што на денот на самата седница кога треба да се одлучува за посвојувањето компјутерскиот систем ќе ги избере петте членови коишто ќе одлучуваат по одредениот предмет.

Во моментов во македонија има околу 370 потенцијални посвоители, а 33 деца за посвојување од различни националности, возраст, пол и здравствена состојба.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top