Ознака: требаше

Gven stefani

Гвен Стефани се враќа во No Doubt

Post Views: 5 Гвен Стефани по долги години ја заврши соло кариерата и објави дека се враќа кај својот матичен бенд, No Doubt.Таа донела таква одлука бидејќи смета дека и се доволно обврски во животот коишто ја одвраќаат од семејството. Како посветена сопруга и мајка, сака да поминува повеќе време со оние луѓе коишто вистински и значат и ги сака. „Тоа требаше да биде еден миг. Стана малку поголем од тоа што сите очекувавме…“ – изјавила таа во врска со периодот кога настапуваше сама. Новиот албум на No Doubt ќе се појави наскоро, а во него ќе биде секако и Гвен. {loadposition...

Continue reading

По 22 години проговори за култната сцена

Post Views: 7 Американската актерка, Шерон Стоун, прв пат по 22 години проговори за култната сцена од филмот “Ниски страсти” кој од неа направи планетарна ѕвезда. “Бев обична американска актерка кога стигнав на Канскиот фестивал, а од Кан заминав како светска ѕвезда”, признава денес холивудската убавица. Во интервјуто кое оваа недела го дала за францускиот неделник “Tele Cable Sat”, педесетгодишната актерка тврди дека за време на снимањето не знаела дека сцената на испрашување во полициската станица ќе стане толку еротска. “Пол Верховен (режисерот) ме прејде”, рекла Шерон. “Тој бараше...

Continue reading

pristaniste

Приказната за малото пристаниште наспроти Палас продолжува

Post Views: 0 Кои тајни ги крие малото пристаниште наспроти хотелот Палас познато како „Мостот на птиците“ и зошто истото и покрај желбата да биде реновирано е во очајна состојба. ТВМ започна со потрагата по луѓе, фирми и институции кои во одреден период покажале желба да го променат изгледот на руината во строгиот центар на Охрид.  Сопственикот на ГП Трудбеник Ацо Спироски за ТВМ раскажа кои  проблеми им искрснале по одуката на Владата во 2002 год. и иницијативата на тогашниот министер за транспорт и врски Љупчо Балкоски некогашната плажа на хотелот Палас, да се поврзе  со копното. Спироски...

Continue reading

bazen

Охрид конечно ќе добие затворен базен

Post Views: 16 Финишираат подготовките за изградба на затворен олимписки базен во Охрид. ТВМ дознава дека последната средба помеѓу градоначалникот и претставници од агенцијата за спорт и млади се одржала вчера во Охрид. На оваа средба  прелиминарно била одредена локацијата каде конечно ќе се гради затворениот олимписки пливачки базен кој во неколку наврати беше договаран, ветуван и најавуван. „Наше е сега во наредните неколку денови да ја провериме документација за тоа каква локацијата каква е имотната состојба на локацијата која ние ја одредивме. Според моите сознанија и сознијата...

Continue reading

Mitrovic

Охрид мора да расчисти со непотизмот

Post Views: 4 Само навреди, лаги и закани слушаме кон и за противничкиот блок, изминативе 8 години од креаторите на програмата на охридските социјалдемократи. Падот на Охрид му го препишуваме на луѓето познати по тоа што програмата ја адаптирале во интерес нa еден потесен круг на луѓе, дел од највисокото раководство на СДСМ во Охрид, кажа Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Додаде дека Охрид мора да расчисти со непотизмот. „Градоначалникот  Александар Петрески, прво го вработи во Општината својот брат Здравко Петрески, а потоа сакаше да го постави и за Претседател...

Continue reading

plostad

Плоштадот кај некогашната библиотека сеуште не е изграден

Post Views: 1 И после четири години од дадените ветувања дека на просторот на некогашната библиотека ќе се гради плоштад, нема ништо на повидок. Локалната самоуправа и Заводот за заштита на спомениците уште во 2008год. започнаа со изготвување на заеднички проект за овој дел од градот. Во планот е предвидено овој простор да биде оплеменет со зеленило и клупи за седење како охриѓани би добиле едно пријатно катче за одмор. Со одлука на совет на овај плоштад требаше да се постави и споменикот од Христо Узунов. Градоначалникот Александар Петрески смета дека на овој простор не се потребни...

Continue reading

опстина

Нема децентрализација, а со тоа нема ниту демократија

Post Views: 1 Процесот на децентарализација тапка во место, тврди градоначалникот Александар Петрески. Без локален развој нема подобар животен стандарад, додава тој. Децентрализацијата беше најважниот процес кој требаше да се случи во државава, но за жал тој се реализира само на хартија, категоричен е Петрески. Градоначалникот потенцира дека доказ за се поголемата централизација е и тоа што земјиштето кое општината само пред неколку месеци го доби на управување им е одземено пред неколку недели. Зa неговата судбина повторно ќе решава државата. „Тоа ме потсетува на национализацијата...

Continue reading

sahta

МЗ 7ми Ноември заборавена од надлежните

Post Views: 0 Најнаселената МЗ „7ми ноември“, заборавена од надлежните, реагира претседателот Димитрија Митрески. Тој денес отворено проговори за проблемите со кои се соочуваат мештаните на оваа месна заеница. Најсензибилниот проблем според Митрески доаѓа од комуналната сфера. „Речиси сите куќи за време на врнежи од дождови па и снег се полнат со вода и никој не води грижа, посебно не луѓето кои катадневно се фалат дека нешто прават долгорочно и квалитетно“, вели Митрески.   „Меѓутоа канализацијата е поставена посебно за фекална посебно за дождовна.  На крај кога ги правеа шахтите...

Continue reading

balon igraliste

Стопирана изградбата на игралиштето балон

Post Views: 1 Привремено стопиран проектот за изградбата на игралиште балон во дворот на ОУ „Григор Прличев“. ТВМ дознава дека проектот за кој се крена доста прашина изминативе денови, само што започна – се прекина. Оваа информација ја потврдуваат од секторот за образование при локалната самоуправа. Раководителот Серафим Наумовски вели дека проектот е само привремено стопиран и дека истиот штом завршат законските постапки ќе се реализира. „Спогодбено се раскина договорот меѓу двете странки. Постапката со тој чин заврши. Во јавните гласила објавена е објавата за издавање на закуп на ...

Continue reading

kotle

„Охридското котле“ експресно испразето на ГАТУС 2012

Post Views: 0 Успеси, успеси и само успеси. Уште еден гастрономско-туристичко успех на средношколците од Ванчо Питошески. Овој пат ја освоија Словенија на Гатус 2012, или гастрономско-туристичките средби во Ново Место. Учениците се натпреварувале во три дисциплини, и тоа послужување на маса, готварство и презентација на својот град како туристичка дестинација. Најатрактивна од овие дисциплини секако онаа каде што се подготвува храна. Целта: Да се зготви најдобро јадење во котле. Намирниците исти, условите исти. Рокот за подготвување 2 до 2 и пол часа, а нашите охриѓани импресивни. „Јас...

Continue reading

Aleksandar Nikolovski

Кој го „кочи“ „Законот за Охрид“?

Post Views: 1 Иако мина повеќе од една година како Собранието на РМ го усвои „Законот за прогласување на старото градско јадро за културно наследство од особено значење“, или популарно познат како „Законот за Охрид“, сепак бенефитот од него никако да се почуствува во целост. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на денешната собраниска седница, посветена на пратеничките прашања, истакна дека за ваквата состојба е виновна Општина Охрид која  за овие година дена требаше да ги донесе Деталните урбанистички планови и за стариот град и за контактната зона. ДУП-ите...

Continue reading

gerdan

Конечно, отворена музичка сцена

Post Views: 1 Охридските фолклорни ансамбли и музичари од повеќе жанрови ќе настапуваат на отворена сцена. За ова намена ќе се импровизира сцена пред платото пред Центарот за култура, кој се јавува и како организатор на оваа манифестација. Методија Баракоски Менде, уметнички раководител на КУД „Ѓердан“, дамнешен поборник за реализација на ваков проект, ја поздравува манифестацијата. Баракоски смета дека тоа е убава можност играорците пред туристите да презентираат дел од нивните уметнички програми. Долгогодишниот музичар ги повикува надлежните да обрнат поголемо внимание за квалитетот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top