Ознака: традиција

бисер

Изложени екпонатите на 9 -те кралици закитени со бисерни гердани

Post Views: 0 Уметникот Михајло Филев ги презентира бисерните гердани на 9 светски кралици. 6 од експонатите се реплики на охридски бисерни гердани изработени од неговите претци, надалеку прочуени изработувачи на охридски бисери.    Три од примероците се реплики на  ѓердани кои припаѓале на ќерката на Самуил, Косара, мајката на Александар |||, Олимпија и  Клеопатра, кажува Филев. Експонатите  се изложени во неговиот дуќан и имаат за цел да ја  презентираат богатата македонска културна традиција, подвлекува Филев. „ Како млад уметник и горливиот проблем на РМ во докажување на култруните...

Continue reading

memorijalen kup

Меморијално фудбалско шоу на охридската медиумска заедница

Post Views: 2 Многу забава, многу дружење, а по малку и трчање и фудбал на Меморијалниот медиумски фудбалски куп. 16ина новинари, монтажери, камермани, водители, сопственици на медиуми, поделени во два тима, вчера одиграа фудбалски натпревар во чест на своите колеги Петар Алексоски од Телевизија ТВМ, Наумче Аврамоски-Ди џеј Бруце, Влатко Пантоски-Ди џеј Пантер од Супер Радио и Јован Слатинец-Ди џеј Мравка, кои оставија белег во охридската медиумска сцена, а кои прерано не напуштија. Натпреварот беше приказна сама за себе, и тоа забавна приказна. За почеток, посебно отпечатените маички...

Continue reading

oh leto

По седми пат Француска вечер на „Охридско лето“

Post Views: 1 По седми пат Француска вечер на „Охридско лето“. По тој повод вечерва концерт ќе одржат пијанистите  од Франција – Уго Леклер и Елен Котино-Коен.Леклер е француски пијанист кој изградил многу успешна кариера, настапувајќи во најпрестижните концертни сали со реномирани оркестри. Дипломирал пијано, музичка теорија и камерна музика со високи одликувања. Настапува како солист и камерен музичар, а неговиот репертоар го сочинуваат дела од речиси сите епохи. Вечерва заедно со својата колешка ќе изведат дела од Дебиси, Пуланк и Стравински. –Навистина сум среќен што имам...

Continue reading

car free day

Автомобили, не!

Post Views: 0 Денешен 22 септември е по традиција „Ден без автомобили“ во цела Европа. Сите граѓани на ЕУ се повикани да ги остават автомобилите и барем на овој ден да се движат со велосипед, или со средствата на јавниот сообраќај.Во Скопје, „Ден без автомобили“ беше одбележан со велосипедски карван.Велосипедската парада која стартуваше пред фонтаната во Градски парк, се движеше по булеварот „Илинденска“, улиците „Даме Груев“, „Македонија“ и „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, а заврши пред ЕУ Инфо центарот. Карванот го предводеше евроамбасадорот Ерван Фуере кој по пристигнувањето...

Continue reading

konjicki trki

Коњички трки во охридско Велгошти

Post Views: 14 Во селото Велгошти по традиција на најголемиот христијански празник – Велигден  се одржуваат  две спортски игри: натпреварот во коњички трки и влечењето со јаже меѓу  мештаните  од горното и долното селски мало. Илија Крлески беше победникот во коњичките трки, при што на тројцата најдобро пласирани натпреварувачи градоначалникот Бакрачески им  ги врачи пехарите и симболичните парични награди. Во влечењето со јаже поголема среќа имаа натпреварувачите од горното мало кои како победници на трката  беа наградени со живо јагне и буренце со вино. Со намера овие две традиционални...

Continue reading

april

Слевете го денот на шегата

Post Views: 3 Се верува дека обичајот да се шегувате на први април потекнува од Франција од 14-от век. Пред тој период се употребувал еден календар во Европа, и секоја година почнувала на први април. На тој ден луѓето славеле, си разменувале подароци, и се посетувале. Во далечната 1564 година, францускиот крал Чарлс IX, преземал нов календар и со декрет наредил секоја Нова Година да почнува на први јануари. Многумина го следеле овој кралски декрет, но сепак постоеле и луѓе кои не го почитувале новиот указ и продолжиле да си ја слават Новата година на први април. Наскоро овие луѓе...

Continue reading

skutnik

Изложба од скутини и парови чорапи дел од нашата традиција

Post Views: 20 Петнаесетина примероци на скутини и чорапи се изложени пред љубителите на народната уметност. Станува збор за делови од облека без кои не може да се замисли нити една народна носија, појаснува етнологот м-р Марија Каневче, автор на изложбената поставка во организација на Завод и Музеј. Избрани се најрепрезентативни примероци од повеќе делови на Западна Македонија, кажува Каневче. Додава дека тие се дел од нашата традиција и дело на македонската вешта жена која рачно ги работела овие предмети за облекување. „ Скутините биле ткаени, најчесто со две дипли, хоризонтално...

Continue reading

sredbi

Охридските староградски средби годинава со сребрен јубилеј

Post Views: 4 Сребрено, јубилејно издание на традиционалниот фестивал на староградска песна, „Охридски староградски средби“. Ова е фестивал кој со години ја негува македонската староградска песна, песна која се создавала во периодот кога во градовите цутело занаетчиството и кога се создавало градското јадро. Креирана во различни градови, од различни музички тајфи, староградската песна изобилува со варијации карактеристични за местото од кое потекнува. „Оние стари убави трубадурски песни и градски серенади кои што секој град, секое поднебје си има карактеристика. Токму тоа е поентата...

Continue reading

sofra

Туристи, локално население, денес сите уживаа во Охридска софра во Скребатно

Post Views: 1 Денес, божественото парче земја, високо таму во Скребатно со својата убавина на едно место обедини луѓе од најразлични краеви. Од домашно, локално население, до туристи од земјава, но и од странство. Денес, Скребатно беше домаќин на манифестацијата Охридска софра 2013.  Како дел од неа, 26 натпреварувачи, мајстори во правење на ѓомлезе, или тури-потпечи како што е инаку познато ги покажаа своите вештини во подготовката на ова традиционално охридско јадење. „Нема тајна. Внимание на печењето, да не се изгори, мрсење на време и тоа. Нема никаква тајна. Вода, сол, брашно,...

Continue reading

ohridski teatar

2012 – успешна година за Охридскиот професионален театар

Post Views: 24 4 премиери и изиграни над 60 претстави за нацела година, е билансот на работата од првата година од возобнувањето на охридскиот професионален театар. Директорот на оваа културна институција Горан Стојаноски повеќе од задоволен од сработеното во минатата година, но ветува дека тоа беше само почеток затоа што најдоброто од оваа уиграна екипа допрва следува. „Самиот факт покажува дека 4 премиери подразбира 8 месеци секојдневна работа, по два месеци од претстава, а од друга страна Охрид веќе може да се пофали со репертоар и ако за краток период и со традиција. Кога странци...

Continue reading

elka

Две подводни елки ќе го красат Охридското езеро

Post Views: 14 Не една, туку две подводни елки годинава го красат Охридското езеро. Денес, околу дваесетина нуркачи од нуркачкиот центар „Амфора“, од Сојузот за подводни активности на Македонија, но и нуркачи од соседна Албанија ја одржаа единаесетгодишна традиција на поставување на подводна елка за новогодишните празници. Годинава, акцентот го ставија на најмладите љубители на нуркањето. „Чувството е неверојатно и многу убаво си поминавме под вода.“ „По втор пат учествувам и чувството е супер. Желба си замисливме, здравје, среќа, мир во целиот свет.“-рекоа младите нуркачи. Д-р Горан...

Continue reading

gomleze

Скребатно во знакот на Ѓомлезијадата

Post Views: 1 Вкусно ѓомлезе подготвено на традиционален начин под сач, се печеше на распламтен огин. Денес по четврти пат на излетничкото место Скребатно се одржа годинешниот натпревар, или препознатливата ѓомлезијада. Секогаш добро е да се потсетиме која е тајната на приготвувањето на овој македонски специјалитет. „Не е тешко ниту мачно кога со задоволство се прави ѓомлезе“, вели  Билјана Китевска. „За да се направи ѓомлезе треба да се знае тајната на постарите од старите времиња. Треба вода брашно и сол. Ѓомлезе што се става пециво јогурт е гибаница“. Ѓомлезето добро оди со сирење....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top