Ознака: традиција

konjski trki

Традиционални коњички трки во Велгошти

Post Views: 22 Секој со својата традиција. Во тој дух и гостопримливите Велгоштани не почестија со нивните традиции по повод големиот христијански празник Велигден. Години наназад со сопствени напори, но и средства собрани преку спонзорства тие организираат коњички трки кои секоја наредна година добиваат на се поголема популарност. „Вчера имавме коњички трки. Порано се одржуваа на друга локација, сега моментално се одржуваат во атарот на црквата Света Петка така да беше доста добро задоволително и мислам дека тоа ќе ни остане и во иднина и плус тоа денес, на вториот ден од Велигден...

Continue reading

kapaci

Претседателот Иванов му подари икона на фаќачот на крстот

Post Views: 14 Охрид, балканскиот Ерусалим денес ги прими бројните верници во име јавувањето на Бога. Големиот Христијански празник-Богојавление-Водици по петти пат се покажа среќен за Митко Топенчаров. Тој на своите сограѓани им посака радост, среќа, бериќет и многу успеси. Ладното езеро не претставувало пречка за Топенчаров повторно прв да стигне до светиот крст, тој вели, во сета возбуда не се чувствува ладното. Ова е неговата тајна како да се стигне до крстот. „Па ние сме пораснати со таа традиција, скокаме од мали деца, од најмала возраст, 12-13 години и ја негуваме традицијата...

Continue reading

rezbar janko

Исчезнува звукот на длетото

Post Views: 10 На изветвената и испрашена црно бела фотографија закачена на ѕидот од резбарската работилница заробен е еден момент од животот на стариот резбар. Гледајќи ја фотографијата Љубен Џамбазов со носталгија си припомнува  на деновите од младоста поминати во изучување на резбарскиот занает. Во сеќавањата се  навраќа во 50-ите години од минатиот век кога го  изучувал занаетот во Атељето за уметничка резба.  Чичко Љубен на фотографијата ги набројува  своите соученици ама си спомнува и за  сите познати охридски резбари од познатата Дуборезачка школа, Славе Крстанче, Ѓоре Боче,...

Continue reading

нosija

Се додека може не им откажува дружба на иглата и конецот

Post Views: 3 Ленче Башоска љубовта кон македонските етно мотиви во себе ја носи од мали нозе. Гледајќи како вредно работат нејзините баба, мајка и тетки, љубовта кон ракотворбите и се вовлекле длабоко под кожата. Таа со внимание следела и впивала од убавините на нашата фолклорна традиција. Од преголема љубов кон македонските носии и желбата нашето етно богатство да се зачува и да остане во Македонија, Ленче  започнала и сама да изработува делови од народните носии. Но, не само носии туку и останати практични предмети за облекување и  украсување на домот. Таа другарува со конецот...

Continue reading

Irina Petrovska

Фулбрајтов грант во Охрид

Post Views: 3 Зимски семестар во САД. Проф.Д-р.Ирина Петровска од ФТУ Охрид, престојуваше во Северна Каролина. Тоа се должи на довербата која и ја даде Стејт Департментот во Вашингтон, со доделување на Фулбрјтовата стипендија. Голема одговорност и гордост е Фулбрајтовиот гранд, вели Петровска. Таа додава дека запознавањето на американските студенти со македонската култура, јазик и традиција е голем напредок за земјава, посебно за Охрид. „Не е лесен патот кој треба да се изоди, за да се стигне до оваа стипендија“, вели Петровска. Многуте откажувања од секојдневните задоволства во...

Continue reading

tradicija

25 годишна традиција во одбележувaње на Василица

Post Views: 7 Во текот на сите овие години не се случило традицијата да се прекине. Каде и да се 8-те  семејства на 13 јануари  заедно ја прославуваат Василица. Покрај веселата атмосфера традицијата на славење е пропратена со посебни ритуали и правила.Правилата се тие кои 25 години ја одржуваат  традицијата се согласуваат сите во друштвото. Кумот домаќин на овој ден добива пехар на која е врачена датата на годината на кумството и златна паричка. Се играат купчина и се води строга евиденција на кумствата  по години , но и сите весели случувања и анегдоти кои се пропратени на  дружењето....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top