Претседателот Иванов му подари икона на фаќачот на крстот

Охрид, балканскиот Ерусалим денес ги прими бројните верници во име јавувањето на Бога. Големиот Христијански празник-Богојавление-Водици по петти пат се покажа среќен за Митко Топенчаров. Тој на своите сограѓани им посака радост, среќа, бериќет и многу успеси.

 |  Мишел Наумоски  | 
kapaci
капачи

Mitko TopencarovОхрид, балканскиот Ерусалим денес ги прими бројните верници во име јавувањето на Бога. Големиот Христијански празник-Богојавление-Водици по петти пат се покажа среќен за Митко Топенчаров. Тој на своите сограѓани им посака радост, среќа, бериќет и многу успеси. Ладното езеро не претставувало пречка за Топенчаров повторно прв да стигне до светиот крст, тој вели, во сета возбуда не се чувствува ладното. Ова е неговата тајна како да се стигне до крстот.

„Па ние сме пораснати со таа традиција, скокаме од мали деца, од најмала возраст, 12-13 години и ја негуваме традицијата посебно тука во стариот дел на градот 22-ри пат скокам по светиот крст, ова ми е 5-ти јубилеен кај што го фаќам и од година се надевам дека ќе им ги пренесуваме искуствата на помладите генерации за како полесно да стигнат до чесниот крст.“-вели Митко Топенчаров-фаќач на крстот.

Mitko Topencarov i IvanovГолемата верска манифестација ја проследи и претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов. Тој на среќниот фаќач му подари икона од Свети Климент Охридски, а на сите верници им посака среќа и бериќет.

„Обновување на оваа традиција и негување на оваа традиција кога во нашиот народ стојат чувства за Богојавление е секој пат симбол на нов живот, симбол на појавување на Бога и тоа е во таа традиција на народот и самиот чин на денешниот настан во Охрид беше навистина величенствен. Толку луѓе да се соберат, да го почитуваат тој што го фатил крстот и да му посакаат се најубаво во годината што доаѓа е навистина величенствено.“-рече Ѓорѓе Иванов-Претседател на Република Македонија.

Претседателот Иванов додаде дека ова се празници кои ги сплотуваат луѓето и во овие мигови сите се еднакви. На фаќачот на крстот, но и на сите граѓани покрај претседателот Иванов, честитки и убави желби им посака и овогодинешниот кум на манифестацијата, Ванчо Чифлиганец.
Bogojavlenije
„Можеме денес слободно да кажеме и да потврдиме едногласно дека Охрид е Балкански и Македонски Ерусалим и дека тоа прерасна во Балканска, а во наредната година верувам и во Европска и светска традиција. Од името на здружението „Богојавление“ и од мое лично име како кум на Водици 2012 година му посакувам на среќниот фаќач на крстот многу здравје, среќа, слога и успех во работата, а верувам и дека тој ќе им вети и среќа и на останатите граѓани на Охрид и Република Македонија.“-додава Ванчо Чифлиганец-Кум на „Водици 2012“.

Годинава за среќа и мал број на интервенции на медицинските екипи. Од Црвениот крст од Охрид чии екипи се грижеа за безбедноста на капачите, не информираа дека имале само три интервенции. Од нив две биле посериозни и поради промрзлини, а една поради посекотина. Потврда на оваа информација добивме и од СВР-Охрид, од каде велат дека не биле пријавени никакви инциденти. И оваа година во чест големиот христијански празник беше спроведена и крводарителска акција во организација на Црвениот крст во која беа собрани 105 единици на крв.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top