Изложени екпонатите на 9 -те кралици закитени со бисерни гердани

Изложени екпонатите на  9 -те кралици закитени со бисерни гердани.

 |  Валентина Неловска  | 
бисер
бисер

Уметникот Михајло Филев ги презентира бисерните гердани на 9 светски кралици. 6 од експонатите се реплики на охридски бисерни гердани изработени од неговите претци, надалеку прочуени изработувачи на охридски бисери. 

бисери  Три од примероците се реплики на  ѓердани кои припаѓале на ќерката на Самуил, Косара, мајката на Александар |||, Олимпија и  Клеопатра, кажува Филев. Експонатите  се изложени во неговиот дуќан и имаат за цел да ја  презентираат богатата македонска културна традиција, подвлекува Филев.

„ Како млад уметник и горливиот проблем на РМ во докажување на култруните вреднсоти на земјата ме инспирираа да направм една ретроспектива на модели подарувани од нашето семејство и делгации низ историјата“, напоменува Филев.   

Оригиналите од изложените  бисерни гердани се подарени на европски благороднички, шведската, данската, холандската, бугарската и  2 српски кралици.

ѓерданНо, она што привлекува  посебно внимание се  верните реплики  на некои археолошки артефакти. Така на пример во ѓерданот за принцезата  Косара  е вметнат и филигрантски додаток изработен од сребро,  а пак за  репликата на ѓерданот на Клеопатра се најдени соосдвтени бисерни плочки, појаснува Филев.

„ Преку тие артефаксти кои се најдени се направени реплики кои асоцираат на тоа време и се потенцира дека Македонија постоела од дамнешно време па се до денес, кажува Филев.

Младиот уметник, филигранист и продолжувач на семејната традиција за изработка на охридскиот бисер веќе размислува за нов интересен проект. Филев не сака да открива детали , само кажа дека станува збор за  монуменатален  проект, хронолошки приказ  на сите значајни моменти од историјата на Македонија преку накит.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top