Ознака: станица

kumanovo

Засилено полициско обезбедување на општината и полициската станица во Куманово

Post Views: 5 Главните сообраќајници во Куманово од ноќеска се блокирани за сообраќај. Забележливо е зголемено полициско присуство на улиците „11 Октомври„ и „Тодор Велков“ во центарот на Куманово, пренесува„Телма“. Во текот на ноќта пред истекот на работното време биле затворени угоистителските објекти и кафулињата, а на луѓето им било кажано од страна на полицијата да си заминат дома без при тоа да им дадат некое образложение. Според информациите на репортерот на „Телма“ Павле Беловски полицијата ги обезбедува зградите на полицијата и на општината. Во овој дел од градот лоцирани...

Continue reading

ЧИСТЕЊЕ НА ПУМПНАТА СТАНИЦА „КАНЕО“

Post Views: 0 Одделението за одржување на канализациона и атмосферска мрежа на ЈП „ Нискоградба“ , изврши чистење на пумпната станица „ Канео“ како и канализациона мрежа и ревизионите шахти. Поради непристапниот терен машината за чистење беше транспортирана со кајче и се вршеше поединечно чистење. Вака темелно чистење на цевководите и шахтите не е извршено од 2003 година. Во претстојниот период продолжува профилактиката на цефководи и шахти низ целиот град пред почетокот на туристичката сезона.

Continue reading

МВР со кривична пријава за стружанец кој поседувал хероин

Post Views: 6 Струшката Полициска станица поднесе кривична пријава против 41- годишен стружанец за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“. Во февруари годинава,од страна на полициски службеници е извршен преглед над пријавениот и кај истиот е пронајдена 0,16 грама хероин. {loadposition content9}

Continue reading

Полски државјани „оперирале“ низ Охрид и Струга

Post Views: 1 Полициската станица Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела дела „тешка кражба на дрзок начин“ и „одземање на патничко моторно возило“, поднесе кривична пријава против двајца полски државјани. 23-годишниот С.Ј. и 20-годишниот Ф.Д.Б. на 29-ти март годинава, во Скопје бесправно одзеле патничко моторно возило „Опел кадет“ кое го забележале паркирано и необезбедено. Го украле возилото и се упатиле кон Охрид. На 31-ви март кај манастирскиот комплекс во Калишта, од повозрасен жител на Струга одзеле кожна јакна со 800 денари, еден мобилен телефон...

Continue reading

Drim

Пречистителната станица во Враништа повторно го уклучува црвениот аларм кај екологистите

Post Views: 9 Пречистителната станица во Враништа повторно го уклучува црвениот аларм кај екологистите. Според последните испитувања на квалитетот на водите во охридско-струшкиот регион, водата која би требало пречистена да излегува од станицата во Враништа, наместо со подобар, таа со полош квалитет се влева во реката Црн Дрим. Д-р Сашо Точков, бромолог во Центарот за јавно здравје од Охрид вели дека неефикасното работење на пречистителната станица во Враништа ја оптоварува реката Црн Дрим и ја загадува нејзината вода. „Станицата уште од кога е поставена си имала своја улога значи...

Continue reading

ovr struga

Пронајден хероин во куќа во Струга

Post Views: 1 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ полициската станица од Струга против Д.У. (67)  поднесе кривична пријава. На 14-ти овој месец, при претрес извршен во неговиот дом во Струга, полициските инспектори пронајдоа 53 грама опојна дрога хероин. Пријавениот Д.У. хероинот го спакувал во помали опаковки и ги сокрил на различни места во куќата. Четири алуминиумски фолии и една дигитална вага се пронајдени во пластична кутија засолната во висечки елементи...

Continue reading

struga policiska stanica

Тешка кражба на дрзок начин во Струга

Post Views: 3 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Тешка кражба на дрзок начин“  полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Н. (43) од  Струга. На 28-ми јануари оваа година, околу 10 часот и 30 минути, пријавениот од кладилницата „Бетсити Балкан“ во Струга, противправно одзел 40.ооо,оо денари што ги пронашол во касата. Тоа го направил одкако од страна на вработените во спортската кладилница му било кажано дека неговиот спортски тикет е недобитен. Изреволтиран поради тоа, А.Н. кој сметал дека има добитна комбинација, се упатил кај директорот...

Continue reading

Активниот состав на полициската станица од Охрид, врши вежбовна активност за боево гаѓање

Post Views: 2 Деновиве активниот состав на полициската станица од Општа надлежност и полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата при Секторот за внатрешни работи Охрид, ќе извршат вежбовна активност за боево гаѓање. Според планот, боевото гаѓање ќе се реализира во времето од 08 до 12 часот, со огнено оружје-пиштол и автоматска пушка, на стрелиштето „Бејбунар“. Вежбовната активност ќе се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом Охрид“ и урбаната заедница „Биљјанини извори“. Пред почетокот на боевото гаѓање,...

Continue reading

Пуштена во употреба современа автобуска станица во Охрид

Post Views: 0 Охрид доби современа автобуска станица на површина од 3200 метри квадратни. На свеченото пуштање во употреба покрај инвеститорот Аднан Исмаил беа присутни премиерот Зоран Заев и градоначалникот Јован Стојаноски. Истовремено беа поставени и темелите за изградба на нов трговски центар. Станува збор за домашна инвестиција вредна 7 милиони евра. Зградата со површина од 1100 метри квадратни има модерни сервисни и услужни простории со чекална, шалтери за продажба на билети, кафетерија. Терминалниот дел пак, е со површина од 2200 метри квадратни и има по 8 појдовни и дојдовни...

Continue reading

Протест против поставување на базана станица во Влашка маала

Post Views: 4 Преку протест жителите на Влашка маала ќе бараат отстранување на Вип антената за мобилна телефонија. Претседателот на Урбаната заедница Горна Влашка маала Томислав Голеишки, Трпе рече дека и покрај нивните напори и противења, мобилниот оператор ВИП продолжува со поставување на базната станица на приватен објект во нивната маала. Тој посебно нагласи дека од овој проблем засегнати се над 1500 млади пред се ученици во ОУ „Христо Узунов“ и деца од градинката „Јасна Ристеска“. „Воедно, ги повикуваме градоначалникот, пратениците од Охрид, советниците во советот на општина...

Continue reading

Влашкамаалци бараат отстранување на станица за мобилна телефонија поставена на индивидуален станбен објект

Post Views: 0 Станицата за мобилна телефонија, поставена на индивидуален станбен објект , ги изреволтира жителите на У.З. „Горна Влашка Маала“. Реагираат дека ниската поставеност на антената, штетноста од емитирање на зрачењата, електромагнетните зрачења кои овој апарат ги генерира го зголемува ризикот од заболување од канцер, на жителите од овој дел на градот. Подржувачите на иницијативата на вчерашниот собир, ги посочија и причините за нивните барања. „Бараме од надлежните институции да се јават и постапат кон решавање на случајот, истата да ја отстранат, а не одредени служби да...

Continue reading

Поставена локална сеизмолошка станица во охридското епицентрално подрачје

Post Views: 6 Поставена локална сеизмолошка станица во охридското епицентрално подрачје. Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ инсталираше опрема непосредно во подрачјето на епицентарот, дирекно од каде што потекнуваат земјотресите. Од опсерваторијата велат дека сеизмичката активност ќе продолжи, но смируваат дека земјотрес со магнитуда од 5 степени каков што беше регистриран вчера, не се очекува.Податоците од таа сеизмолошка станица во реално време се пренесуваат во Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Овие податоци не само што во моментот ќе дадат поточна локација за земјотресите,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top