• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Активниот состав на полициската станица од Охрид, врши вежбовна активност за боево гаѓање

Активниот состав на полициската станица од Охрид, врши вежбовна активност за боево гаѓање

Деновиве активниот состав на полициската станица од Општа надлежност и полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата при Секторот за внатрешни работи Охрид, ќе извршат вежбовна активност за боево гаѓање.

 |   | 

Деновиве активниот состав на полициската станица од Општа надлежност и полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата при Секторот за внатрешни работи Охрид, ќе извршат вежбовна активност за боево гаѓање.

Според планот, боевото гаѓање ќе се реализира во времето од 08 до 12 часот, со огнено оружје-пиштол и автоматска пушка, на стрелиштето „Бејбунар“.

Вежбовната активност ќе се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом Охрид“ и урбаната заедница „Биљјанини извори“. Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи ќе извршат обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар“ со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони.

Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом“. Се молат граѓаните доколку, во овој временски интервал се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top