Ознака: совет

struski sovetnici

Верификувани мандатите на новите советници во Струга

Post Views: 2 27 советници денес ги добија сертификатите за нивниот мандат во струшкиот совет. На кратката средба која се одржа денес во салата за седници, уверенијата на идните советници им ги врачи претседателот на Општинската изборба комисија Џенгис Хани.  „Со сите наши напори, ќе настојуваме предизборните ветувања  да ги реализираме во дела“, рече д-р Мустафа Забзун, советникот на ДПА, во новиот струшки Совет. „Драго ми е што сум член на Советот на општина Струга, затоа што Струга е еден од најубавите градови во Македонија. Ние ќе вложиме дополнителни напори ова реноме што го...

Continue reading

Мнозинството во градскиот совет ги изгласа одлуките за зонско паркирање и новиот начин на наплата

Post Views: 1 Проширувањето на паркинг зоните и новиот начин на наплата ги раскара  охридските советници. За  ВМРО ДПМНЕ  одлуката сите улици во центарот на градот да бидат паркинзи со наплата  е небулозна. Претворањето на улиците во паркинзи во Стариот град и   низ централното градско подрачје ќе предизвика дополнителен сообраќајен хаос , но и дополнителен трошок за охриѓани и викендашите,  особено на оние кои живеат во центар. Според советниците од ВМРО ДПМНЕ  скандалозно е што зад одлуката не постои сообраќајна студија, а  дополнително ќе бараат кривична одговорност  од директорката...

Continue reading

ОО на ПОЕН : Градоначалникот Јован Стојаноски повторно да го активира Локалниот совет на млади

Post Views: 2 Зголемување на  мерките за поддршка на млади лица до 29 години и младите да се стимулираат што повеќе да се залагаат да работат и дообразуваат во нашата Македонија, бараат од Партијата за општествен и економски напредок ПОЕН. Ги охрабруваме Владата на Република Македонија,  министерството за труд и социјална политика и  агенцијата за млади и спорт, да започнат постапка за спроведување на процесот на младинска гаранција и на територијата на град Охрид, како општина со највисок процент на иселеност на млади луѓе во државата, кажа денеска на прес конференција, Вахид Мемед...

Continue reading

sednicastruga

Струшкиот Совет ја одржа последната седница

Post Views: 8   Струшкиот Совет ја одржа последната седница. Обременета со повеќе точки истата помина напнато. Една од пожешките точки која ги разбранува политичките гледишта на советниците, беше легализацијата на бесправно изградените објекти покрај езерскиот појас. Никола Затуроски од ВМРО – ДПМНЕ истакна дека самото ставање на точка на дневен ред, Предлог одлука за утврдување потреба од донесување Планска урбанистичка документација односно усогласување на намената на градежното земјиште за бесправните објекти е невиден цинизам  и мајтапење на законските прописи.  Затуроски додава...

Continue reading

Статутот на ЈП „Градски гробишта“ не претрпе измени на денешната седница на совет

Post Views: 7 Не се изгласа измената на статутот на ЈП „Градски гробишта“. На денешната седница оваа точка не доби мнозинство гласови бидејќи опозицијата гласаше воздржано, а од позицијата гласаа само 11 советници.Недостатокот на гласови беше поради отсуството од оправдани причини на двајца советници од позицијата. Оваа точка повторно ќе биде ставена на дневен ред и статутот ќе го донесеме на следната седница, вели Георгиески. Директорот на ЈП „Градски гробишта“, Ванчо Костоски рече дека доколку не се измени статутот на претпријатието тоа многу негативно ќе се одрази врз неговото...

Continue reading

tribina zeni

Неправдите врз жените да запрат

Post Views: 8 Денес, во организација на Националниот Совет за родова рамноправност и Невладината отганизација „Езерка“, во Струга се оддржа трибина, поточно промоција на концептот феминистичка правда, односно родов концепт и справување со неправдите и дискриминацијата направени во транзициониот период, почнувајќи од деведесеттите до сега. Светлана Јанева од Националниот совет за родова еднаквост истакна дека време е да запрат неправдите кои се вршат врз жената. Додаде дека со реализација на иницијативата на Женскиот суд ќе се отвори простор каде ќе можат жените јавно да сведочат за...

Continue reading

Осмата седница на градскиот совет во знакот на јавните претпријатија во градов

Post Views: 3 Предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски пазар“, создаде дилема кај советниците од ВМРО ДПМНЕ. Тие во име на пазарџиите прашуваа дали и колку ќе се покачат цените кои ги плаќаат закупците на тезги. Константин Ѓеоргиевски, координаторот на советничката група на СДСМ објасни дека во целокупниот ценовник на Градски пазар има само законско регулирање на одредени услуги кои ги давал градски пазар, а досега не биле регулирани со закон. Станува збор само за воведување ред во издавањето на...

Continue reading

Градоначалникот Стојаноски отствари средба со претставници на светскиот совет за одржлив туризам

Post Views: 38 Како дел од континуираната соработка со СВИСС – ИМЕ програмата во областа на стратегиски развој на Охрид како туристичка дестинација, градоначалникот Јован Стојаноски имаше работна средба со представниците на СВИСС – ИМЕ програмата како и со експерт од Светскиот совет за одржлив туризам – Global Sustainable Tourism Council (GSTC),  Др. Михи Кан. Светскиот совет за одржлив туризам ги поставува и управува со глобалните стандарди за одржлив туризам, познати како критериуми за GSTC. Разговорите се водеа во контекст на подготовка на Стратегија за одржлив развој на ...

Continue reading

Повисоката сметка за вода, актуелна во охридскиот Совет

Post Views: 1 Зголемувањето на цената на водата во целата држава сеуште актуелна тема. Охридските советници од опозициската ВМРО – ДПМНЕ на последната седница на Совет реагираа дека зголемувањето на сметките за вода по корисник е околу 130 денари, а не само за паушалните 70 денари. Координаторот на ВМРО – ДПМНЕ Кирил Пецаков истакна дека зголемената сметка на водата претставува најголем удар врз најсиромашните. „Дојде нова Локална самоуправа и некако многу лесно прифатија….Еве имаме примери градоначалникот на Скопје и Велес жестоко се спротивставуваат и борат со оваа одлука....

Continue reading

Pero Petkoski DPMNE

Дали ќе има интерпелација за претседателот на струшкиот совет?

Post Views: 4 Струшките вмровци ќе ја преиспитуваат поддршката што му ја дале на актуелниот претседател на Советот на општина Струга,Џеваир Беќири. Претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Струга, Перо Петкоски во име на својата партија изјави оти го осудуваат според нив недоличното однесување на институцијата, Претседавач на совет кој на последната седница каде се водеше жестока битка за одлуката за покачувањето на цената на водата, дозволи седницата да биде прекината на сред поединечно гласање. „При последното гласање за одлуката за покачување на цената на водата каде Претседателот...

Continue reading

policaec

Започнува кампањата „Неделата за безбедност на пешаците во РМ“

Post Views: 3 По повод кампањата  – “Неделата за безбедност на пешаците во Република Македонија (од 01. до 07.04), што традиционално ја реализира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Денеска во 10, 30 часот на пешачкиот премин кај кружниот тек во Ѓорче Петров (во близина на СП “Планет“) министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска заедно со полициски службеници ќе дели едукативен материјал за пешаците, односно за правилно однесување на пешаците во сообраќајот. {loadposition content9}

Continue reading

Училишните и надзорните одбори во охридските образовни установи тема за политчко препукување во градскиот совет

Post Views: 0 Советниците од Вмро Дпмне и денес ја напуштија седницата на Советот. Дојдоа и заминаа по првата точка од дневниот ред упатувајќи обвинувања по предлог одлуките за разрешување и именување на членови во надзорниот одбор во градинката и во училишните одбори на општинските училишта. „ Именувањето во училишните одбори и надзорниот е незаконски. Постојат луѓе на кои не им е истечен мандатот, а се менуваат. Целта е назначување на Управни одбори по мерка на локалната власт.Врз основа на тоа управните одбори ќе одлучува в.д. директори да станат официјални директори на училиштата“,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top