Ознака: совет

500 евра казна за мини здолништа и длабоки деколтеа

Post Views: 5 Кастеламаре ди Стабиа, во близината на Неапол, планира да воведе парични казни за жените кои носат провокативна облека. Градскиот Совет најверојатно ќе казнува за носење мини здолништа и длабоки деколтеа со 500 евра, а за носење пантолони со низок струк ќе бидат казнувани и мажи и жени. Тоа е дел од проектот „41 правило кои секој добар граѓанин мора да ги почитува“ а е замисла на градоначалникот Луиџи Бобио, припадник на десниот центар. Тој тврди дека со својата програма сака „да го врати урбаниот декор и да го подобри соживотот“ и да ги казни луѓето кои се „гласни,...

Continue reading

Boris Tadic

Српскиот претседател ќе се обрати на Советот за безбедност на ОН

Post Views: 1 Седница на Советот за Безбедност на ОН ќе се одржи во Њујорк во петок 22 јануари и ќе биде  целосно посветена на Косово. На седницата на Советот за Безбедност покрај претседателот Тадиќ, ќе присуствува и министерот на за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ. Дневниот весник Политика пишува дека се засилуваат конфронтациите додека се чека  одлуката на Меѓународниот  суд на правдата кој треба да се произнесе  околу легалноста за прогласувањето на независноста на Косово. {loadposition content9}

Continue reading

Serg Bramerz

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал пред Советот за безбедност

Post Views: 4 Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц в четврток ќе го претстави пред Советот за безбедност на ОН во Њујорк редовниот шестмесечен извештај за соработката на земјите од поранешна Југославија со судот. Во делот на извештајот за Србија, Брамерц истакнува дека е „задоволен“ од напорите што властите на Србија во моментот ги вложуваат за да ја комплетираат соработката со обвинителството во Хаг, пренесуваат српските медиуми. Според извештајот, најкритично преостанато прашање во соработката со Србија, останува пронаоѓањето и апсењето на двајцата бегалци Ратко...

Continue reading

Во новата одлука на совет за урбана опрема нема место за поставување тезги околу чинарот

Post Views: 4 Градот ја усвои програмата за поставување на урбана опрема за оваа година. Во програмата нема големи промени на постојните локакции, но покрај досегшаните се планирани и две нови, напоменува општинскиот портпарол. „Нема големи промени во однос на оние како решение од минатата година. Промените се мали. Нема тезги околу чинарот туку на малиот паркинг кај некогашната Нама. Ќе има и типизирани тезги на кеј Македонија, по две-три тезги на локацијата кај сега поставеното лизгалиште и кај хотел Палас. Другите локации остануваат исти на улицата Кузман Капидан во близина на...

Continue reading

Утре последна седница на охридскиот совет за оваа календарска година

Post Views: 5 Предлог буџетот на општина Охрид и програмите за работа за следната година ќе се најдат пред градските советници на последната седница за закажана за утре четврток, 26-ти декември со почеток во 11 часот во малата општинска сала. Од мноштвото точки кои ќе се најдат на дневен ред на утрешната седница советниците треба да ја разгледаат и информацијата за изготвениот интегриран катастар на загадувачи на животната средина на Охрид, а ќе треба да се произнесат и по предлог програмите за управување со отпад на општина Охрид и утврдувањето на вредноста на бодот за платите на...

Continue reading

Sovet za bezbednost

Србија протестира пред Советот за безбедност

Post Views: 5 Србија протестираше во Советот за безбедност (СБ) поради најавеното намалување на буџетот и бројот на членови на УНМИК во Косово. Ова го јавија белградските гласила, повикувајќи се на српското Министерство за надворешни работи. “Србија оценува дека во случај на намалување на буџетот и членови на УНМИК би била загрозена способноста на мисијата да администрира со покраината, и да го спроведе планот на Белград и ООН во шест точки“, се наведува во писмото доставено до СБ. Белград, од СБ на ООН, побара да преземе соодветни мерки за да се стабилизира ситуацијата околу УНМИК...

Continue reading

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата веќе половина година не функционира

Post Views: 0 Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата веќе пола година не функционира. Уште во месец Мај заврши мандатот на претседателот на совет и на неговите членови, а од тогаш до сега не е конституиран нов. Овој Совет кој е во рамките на Локалната самоуправа има за цел унапредување на безбедноста на сообраќајот во Охрид, едукација на целните групи за почитување на сообраќајните правила и прописи и подобрување на сообраќајната инфраструктура во градот. Затоа многу е важно тој како тело и понатаму да постои. Сигурно ќе има нов совет и нови членови бидејќи својот...

Continue reading

Angela Merkl

Ангела Меркел бара формирање на Економски совет на ОН

Post Views: 7 Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска во Давос изјави дека светската економска криза би можела да резултира со формирање на Економски совет на Обединетите нации, по примерот на веќе постоечкиот Совет за безебдност. „Актуелната криза ја потенцира потребата за подобра меѓународна координација. Сите прашања со кои се соочуваме мора да бидат вклучени во повелбата за глобален економски поредок. Тоа би можело да доведе до формирање на Економски совет на ОН, како што е формиран Советот за безбедност по Втората светска војна“, истакна Меркел. Таа најави дека идната година...

Continue reading

Јованоски : Да избереме Совет кој ќе ги става интересите на градот над сите други интереси

Post Views: 0 Да избереме Совет кој ќе ги става интересите на градот над сите други интереси. Во минатото сведоци сме на изгласани точки кои биле од корист само на поединци. Вистинските одлуки значат просперитет, а погрешните уназадување, порача Науме Јовансоки Чакар, носител на советничката листа од редовите на СДСМ и коалицијата Најдоброто за мојата општина. Гласот за најдобриот градоначалник мора да оди заедно со гласот за најдобрата советничка листа. Не давајте глас за советници кои се подготвени да блокираат. Не им дозволувајте за пуста партиска превласт да го кочат развојот...

Continue reading

logo UN

Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Post Views: 2 Советот за безбедност на ОН ќе одржи денеска вонредна седница посветена на ситуацијата во Газа, соопштија дипломатски извори. На седницата ќе учествува и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, кој подоцна денеска заминува во еднонеделна обиколка на Блискиот Исток. „Запрете веднаш! Конфликтот веќе зеде доволно жртви“, изјави синоќа на прес-конференција генералниот секретар на ОН. Бан Ки-мун утре ќе пристигне во Каиро, за да се приклучи кон меѓународните напори за постигнување мир во Газа.Минатиот четврток Советот за безбедност ја усвои резолуцијата 1860, со која го повикува...

Continue reading

sednica struga

Во Струга не се одржа најавената 26 та седница

Post Views: 3 Не се одржа 26 тата седница на струшкиот Совет. Советниците на СДСМ и ДУИ реагираа на ваквото доцнење велејќи дека не може повеќе да се толерира ваквиот неодгворен однос на јавната администрација и претседателот на Совет. „Советничката група на СДСМ ја напушти денешнава седница заради несериозноста од страна на администрацијата, односно недоразбирањата, најверојатно во коалицијата ДПМНЕ и ДПА не доведуваат до вакви ситуации почесто седниците да почнуваат со каснење од еден час а денес веќе се претера бидејќи се доцни час и половина. Не е толерантно и не смееме да толерираме...

Continue reading

Hrvatska

Хрватска го презема едномесечното претседавање со Советот за безбедност на ОН

Post Views: 0 Хрватска, која е непостојана членка на Советот за безбедност на ОН, денеска го презема едномесечното претседавање со најзначајното тело на Светската организација. На 9 декември Хрватска ќе биде домаќин на дискусијата на тема „Светската безбедност и меѓународниот тероризам“. Хрватска е претседател на Антитерористичкиот комитет при СБ на ОН од неговото создавање. Со Програмата за работа за декември, меѓу другото, е предвидено во средината на месецот до Советот за безбедност да се обратат пртседателот и главниот обвинител на Хашкиот трибунал Патрик Робинсон и Серж Брамерц....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top