Ангела Меркел бара формирање на Економски совет на ОН

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска во Давос изјави дека светската економска криза би можела да резултира со формирање на Економски совет на Обединетите нации, по примерот на веќе постоечкиот Совет за безебдност.

 |  Крсте Голабовски  | 
Angela Merkl
Ангела Меркл

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска во Давос изјави дека светската економска криза би можела да резултира со формирање на Економски совет на Обединетите нации, по примерот на веќе постоечкиот Совет за безебдност.

„Актуелната криза ја потенцира потребата за подобра меѓународна координација. Сите прашања со кои се соочуваме мора да бидат вклучени во повелбата за глобален економски поредок. Тоа би можело да доведе до формирање на Економски совет на ОН, како што е формиран Советот за безбедност по Втората светска војна“, истакна Меркел.

Angela MerklТаа најави дека идната година ќе се одржат состаноци на Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, Меѓународната организација на трудот и Светската трговска организација.
„Соработката меѓу овие организации се уште не е на задоволувачко ниво“.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top