Ознака: семејства

Компанијата „Slice“ овозможи радост на неколку семејства од ранливата категорија

Post Views: 4 Компанијата „Slice“ израдува 35 семејства од ранливата категорија. Во соработка со ОО на Црвен крст Охрид, денес се делеа пакети со прехранбени продукти како и средства за лична хигиена од страна на вработените во компанијата. „Slice“. Kомпанијата две години работи во нашиот град и има две канцеларии една во Охрид друга во Дебар, кажува Бутринт Села. Тој истакна дека идејата за денешниот хуман гест потекнала од вработените, кои што не само што биле добри работници туку се покажале и како хумани граѓани кои одлучиле да донираат. Исто така средства за денешната активност...

Continue reading

Во Охрид има само три згрижувачки семејства

Post Views: 4 Во Охрид има само три згрижувачки семејства. Центарот за социјални работи преку разни програми прави напори да ги стимулира граѓаните кои имаат можност за тоа да станат згрижувачко семејство бидејќи тоа е вистински благодет за децата на кои им е потребна ваква грижа. Згрижувачкото семејство е најблиската форма до семејството и многу поприфатлива од установите како што се домовите за деца без родители. Неодамна двајца обучувачи од Охридскиот Центар за социјална работа добија посебни сертификати за програмата ПРАЈД што е кратенка од родителски ресурси за информирање, развој...

Continue reading

Дрвјата на дел од охридското крајбрежје, пансион за неколку семејства

Post Views: 4   На крајбрежјето во близина на хотелот Магнус во Охрид, неколку ромски семејства ноќеваат во У.З, Даљан, реагираат мештаните од оваа задница. Тие велат дека ваквата појава посебно е изразена во летниот период. Кажуват дека една од ретките недопрени природни плажи каде до пред некоја година можеле спокојно фамилијарно да уживаат во летното сонце, последниве години мирот им го нарушуваат т.н. дојденци кои ги окупирале сенките од дрвјата користејќи ги за преспивање. И не само тоа, тие воопшто не внимавале на зачувување на животната средина, на плажата фрлале отпад, а и...

Continue reading

Zaneta Dishlioska

Како се нашите во Пустец?

Post Views: 1 Жените членки на Унијата на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, прошетаа до Пустец, Албанија. Поводот за посетата беше хуманитарната акција на 15те месни комитети од струшкиот регион, кои донираа облека, постелнина и друго, за социјално загрозените семејства на македонците во Пустец. Ова е нивна прва хуманитарна акција надвор од земјава. Председателката на Унијата, Жанета Дишлиоска, импресионирана од дочекот кој им го приредиле македонците од Пустец. Додава дека сега знаат оти хуманитарната помош отишла во вистински раце. Одлуката за посета на Пустец, бела спонтана и потекнала од добрата...

Continue reading

topol

Се донира мебел, а социјално загрозените семејства имаат потреба од бела техника

Post Views: 7 Разни видови мебел,  покуќнина па дури и еден лаптоп се донирале за охридските  семејства во социјален ризик минатата година. Во рамките на проектот „ Се  грижиме за Топол дом“ кој се спроведува во општина Охрид биле реализирани 8 донации, а имало 15 барања за помош, информира  социјалниот работник Горан Поп Марков од центарот за социјални работи.  Граѓаните кои барале помош имале потреба од бела техника , но оние кои сакале да помогнат најчесто пријавуле донации на мебел. „ Полесно се доаѓа  до покуќнина, мебел, шифоњери, каучи, фотелји, а многу потешко се доаѓа до...

Continue reading

Локалната самоуправа додели 50 пакети на социјално загрозени семејства од Охрид

Post Views: 3   Локалната самоуправа додели 50 пакети на социјално загрозени семејства од Охрид. Ова веќе е традиционална активност која се спроведува на 18ти јануари, ден спроти големиот христијански празник Богојавление- Водици. Пакетите содржат прехранбени производи и средства за лична хигиена кои се неопходни во секојдневното живеење. Со оваа хуманитарна акција ние само за миг им помагаме на граѓаните од ранливите категории. Сакаме и тие барем малку да ја почуствуваат топлината на празниците. Заедно со Црвен крст и понатаму ќе спроведуваме вакви акции во текот на целата година,...

Continue reading

Социјално најзагрозените семејства на предновогодишен ручек

Post Views: 1 Предновогодишен ручек за социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца. Музика, новогодишни пакетчиња и неодминливиот Дедо Мраз за најмладите. Локалната самоуправа и Црвениот крст од Охрид денес го организираа традиционалниот свечен ручек за социјално загрозените граѓани во обид да ја приближат празничната магија барем за момент до оние кои се во незавидна положба. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески обраќајќи се пред присутните порача дека посакува најдобри и подеднакви можности за живот и просперитет, без социјални класи, етнички расни или било какви...

Continue reading

Нема крај на социјалните проблеми за некои семејства во Охрид

Post Views: 3   Четири охридски фамилии стравуваат како ќе ја поминат зимата која доаѓа. Како што кажаа станарите  при врнежи на дожд или снег куќата во која моментално живеат попушта. Таваните веќе се распукани, во одаите на дел од ѕидовите има и мувла а на средина од собите распослани се кебиња бидејќи од сите страни им капе. Станува збор за објект кој се наоѓа помеѓу охридската Маларична болница и ОУ „Григор Прличев“. „Овде живееме уште од поплавата кога беше во Воска. Ни кажаа за итен смештај и овде не остадоа. Се плашам, кога врне повеќе овде пробива бидејќи чатијата е отворена,...

Continue reading

solar sistem

Граѓаните ќе добијат по 300 евра за вграден сончев колектор

Post Views: 9 Министерството за економија ќе надоместува по 300 евра од трошоците на секое семејство за вграден сончев колектор. Граѓаните може да аплицираат за овие средства на огласот што веќе е објавен и ќе трае до крајот на мај годинава. Министерот Ваљон Сарачини вели дека со вкупно одвоените шест милиони евра во буџетот, ќе се покријат околу 350 семејства. „Апелирам до граѓаните масовно да се пријават на јавниот повик. Процедурата е многу едноставна, се пополнуваат соодветен образец и барање, но треба да се достави и фактура за вграден колектор“, рече Сарачини на прес-конференција,...

Continue reading

med

Денови на македонскиот мед

Post Views: 3 Започна шестата по ред манифестацијата „Денови на македонскиот мед“. На улица Македонија во Скопје граѓаните од денес па се до Сабота ќе имаат можност да пробаат и да купат секаков вид на мед кој се произведува во нашата земја, но и на други производи од пчеларството. – Владата и понатаму ќе го помага пчеларството. Помошта од 500 денари по пчелно семејство продолжува и понатаму. Ние сме задоволни бидејќи бројот на органски пчелни семејства во 2005 година, изнесуваше 110, а денес бројот на органски пчелни семејства изнесува 14 илјади, изјави Заменик-министерот...

Continue reading

Субвенции за уште 100 охридски семејства

Post Views: 1   Олеснување преку субвенционирање на комуналните такси за уште 100 охридски семејства. Советот на општина Охрид донесе oдлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за семејства со лице кое боледува од тешка болест или некој вид хендикеп. Како што информираше секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, новата одлука немала посебни ограничувања како што тоа било досега, семејствата да не остваруваат приход поголем од 105 600 денари. „Со оваа одлука главен услов за добивање субвенции ќе биде хендикепот на лицето во семејството кое...

Continue reading

saem

Велигденски саем по втор пат

Post Views: 2   Велигденски саем по втор пат. Осумнаесет излагачи денеска и утре ќе ги презентираат своите рачно изработени предмети, украси, сувенири кои ќе се продаваат по симболични цени. Саемот  се организира во халата за текстил во ЈП „Градски Пазар“. Директорот на ова јавно претпријатие, Тони Коталески вели дека се задоволни од интересот на производителите кои ќе земат учество на овој Велигденски саем. Акцентот и оваа година е ставен на хуманоста. Закупот на просторот е бесплатен, а дел од средствата од продадените производи ќе одат во хуманитарни цели. Ние заедно со опшштина...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top