Ознака: рибарски

На Водици охриѓани ќе го погледнат дигиталниот Рибарски алманах

Post Views: 5 „Рибарски алманах“ ќе биде прикажан на видео бим на охридскиот плоштад на 19 и 20 јануари за Богојавленските празници. Охридскиот Историски архив и Лајонс клубот Лихнидос направија дигитална верзија на архивски материјал од регистар на лиценцирани рибари кои ловеле на Охридското езеро. Со првата дигитална верзија на алманахот се претставени 150 рибари од вкупно 480 регистрирани рибари. Станува збор за единствен архивски материјал од таков вид во нашата земја од периодот 1934 – 1941 година, информира Никола Митровиќ Бабе, в.д директор на Историскиот архив Охрид. „Во...

Continue reading

Историскиот архив на град Охрид и Лајонс клубот Лихнидос направија дигитална верзија на Рибарски алманах

Post Views: 10 Во чест на Богојавленските празници, Историскиот архив на град Охрид и Лајонс клубот Лихнидос направија дигитална верзија на интересен архивски материјал, наречен Рибарски алманах. Станува збор за регистар на лиценцирани рибари во Охридското езеро, од периодот 1934 – 1941 година, единствен од таков вид во нашата земја. На тој начин, оваа ретка колекција на имиња и фотографии станува достапна за пошироката јавност. Овој чин претставува своевиден поклон за охриѓани за Денот на рибарите, со целокупна поддршка од директорот на Државниот Архив, Д-р Емил Крстески. В.Д....

Continue reading

brodovi

Потонаа три рибарски брода во Јужно Кинеско Море

Post Views: 6 Повеќе од 70 лица се водат како исчезнати откако потонале три рибарски брода во Јужното кинеско море, кое го погоди тајфун, јавуваат кинеските медиуми. „Три рибарски брода потонаа во неделата откако помина тајфунот Вутип. Седумдесет и пет лица се водат како исчезнати“, јавува агенцијата Синхуа. На отворено море имало пет брода со 171 патник во моментот кога поминал тајфунот. Досега се спасени 15 лица, а акцијата за спасување трае и денеска. Тајфунот Вутип, проследен со ветрови што достигнуваат брзина од 140 километри на час, го погоди кинескиот остров Хајнан. Денеска...

Continue reading

mrezi

Пронајдени и одземени рибарски мрежи и 28 парчиња Охридска белвица

Post Views: 7 На 19-ти овој месец, во близина на населбата Калишта на струшкото крајбрежје, на околу 300 метри од брегот на езерото, биле пронајдени четири несоодветно обележани рибарски мрежи со должина од по 50 метри кои немале соодветен жиг од Државниот инспекторат за земјоделие. Бидејќи овластениот концесионер во тој дел од Охридското езеро не ги поставил рибарските мрежи, констатиран е прекршок од Законот за рибарство и аквакултура од страна на непознати лица. По неколку часа, езерската полициска патрола на 800 метри од брегот на езерото кај Калишта, пронашла уште дванаесет рибарски...

Continue reading

Запленети рибарски мрежи

Post Views: 1 Полициските службеници од СВР Охрид во езерска акција и со нов „плен“. На 14/15.12.2018 година при вршење на патролна дејност во водите на Охридското Езеро, од  страна на полициски службеници во 00,10 часот спроти  плажата “Лагадин” и спроти плажата Елешец на околу 300 метри од брегот  на езерото, пронајдени се рибарски мрежи. Се работи на расчистување на случајот.

Continue reading

Од Охридското езеро извадени 12 километри потопени рибарски мрежи

Post Views: 5 Со помош на сонори, нуркачи, рибари и експерти од Хидробиолошкиот инситут од Охридското езеро се извадени вкупно 230 рибарски мрежи. Станува збор за 12 километри потопени рибарски мрежи кои со децении гнијат во длабочините на езерските води, а се сериозен еколошки проблем за животинскиот свет на езерото. Мрежите беа вадени во текот на кампањата 18 дена на Охридското езеро минатата година, информира Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот институт. „Сега со пилот проектот не е одстрането ни еден посто од она што се наоѓа во езерото. Од она што го имаме како сознание од македонската...

Continue reading

mrezi

Фатени рибарски мрежи и риболовен алат и прибор

Post Views: 4 Повеќе рибарски мрежи во должина од околу сто метри, седум килограми риба Охридска пастрмка и  низа примероци на риболовен алат и прибор, се пронајдени и одземени овој месец од водите на Охридското езеро при реализирани патроли на полициската станица за граничен надзор. Согласно законот за рибарство и аквакултура, против три лица поднесени се кривични пријави. Во истиот период, езерската полиција регистрирала вкупно три прекршоци за непочитување на законот за внатрешна пловидба. Поради тоа поднесени се прекршочни пријави за управување пловен објект на Охридското езеро...

Continue reading

mrezi

Продолжува борбата со рибокрадците

Post Views: 0 Две рибарски мрежи во должина од по 50 метри со улов од 13 парчиња риба белвица одзеде викендов езерската патрола на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Мрежите се забележани на околу 50 метри од езерскиот брег во близина на „Парк“ по што поради немање жиг од државниот инспекторат за земјоделие а по  консултација со јавниот обвинител, истите се одземени. Минатиот месец еден албански државјанин е затекнат во незаконит риболов во водите на Охридското езеро наспроти населбата Трпејца со  4 парчиња риба охридска пастрмка со тежина од 2,5 килограми,...

Continue reading

ezerska

Езерската полиција со мерки против незаконитиот риболов и несовесните скутерџии

Post Views: 10 Четириесет и седум рибарски мрежи во вкупна должина од 2350 метри, триесет килограми разна риба и стотина примероци на риболовен алат и прибор, се пронајдени и одземени при реализирани патроли на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ од почетокот на минатиот месец до сега. Согласно законот за рибарство и аквакултура, против пет лица поднесени се прекршочни пријави и две кривични пријави за незаконит риболов. Во истиот период, езерската полиција регистрирала вкупно девет прекршоци за непочитување на законот за внатрешна пловидба. Против шест лица поднесени...

Continue reading

Ги проголтал редок временски феномен

Post Views: 3 Неодамна додека пловеле со својот рибарски брод, рибарот Ендрју Балард во друштво на својот татко, наишле на несекојдневна глетка на езерото Мичиген. Од својот брод воочиле огромен облак кој пред нив направил бел ѕид што се спуштал на површината на езерото и во права линија се протегал десетина километри. Во сцена која потсеќала на глетка од филмовите на стравот и ужасот, облакот се приближувал а набрзо го проголтува малиот рибарски брод. Ендрју рекол дека тој и татко му одлучиле да останат на езерото и да видат како е кога ќе те проголта ваков облак. “Видовме како низок...

Continue reading

mrezi

Ниту многуте запленети мрежи не ги спречуваат рибокрадците

Post Views: 1 Езерската полиција исклучително активна во изминатава година. Со бројка од 1440 запленети рибарски мрежи, 355 килограми на разни видови на риба, 82 жили и 388 блинкери причини и за задоволство, но и сериозна загриженост. Осумте покренати кривични пријави се чини не се доволно. Секоја наредна година повторно и повторно се случуваат кражби на рибниот фонд и оштетување на ендемските видови. Ако се пресмета километражата на запленетите мрежи неколкукратно би се обиколило Охридското езеро, а успешните заплени се чини не го даваат посакуваниот ефект. „Во континуитет се соочуваме...

Continue reading

zapleneti mrezi

Уништени запленетите рибарски мрежи

Post Views: 7 Вкупно 1440 рибарски мрежи  запленети од Езерската полиција во водите на Охридското Езеро, денеска беа уништени на депонијата во Мауцкер. Пред уништувањето Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска лично ги виде запленетите мрежи во седиштето на езерската полиција. „Денеска ќе бидат уништени вкупно  1440 рибраски мрежи со вкупна должина од 70 километри. за илустрација тоа е двојно повеќе одколку што е должината на државната граница со Република Албанија“, истакна министрката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. „Можам да констатира дека во периодот кога...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top