Продолжува борбата со рибокрадците

Две рибарски мрежи во должина од по 50 метри со улов од 13 парчиња риба белвица одзеде викендов езерската патрола на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.

 |  Голабовски Крсте  | 
mrezi
мрежи

Две рибарски мрежи во должина од по 50 метри со улов од 13 парчиња риба белвица одзеде викендов езерската патрола на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.

mreziМрежите се забележани на околу 50 метри од езерскиот брег во близина на „Парк“ по што поради немање жиг од државниот инспекторат за земјоделие а по  консултација со јавниот обвинител, истите се одземени.

Минатиот месец еден албански државјанин е затекнат во незаконит риболов во водите на Охридското езеро наспроти населбата Трпејца со  4 парчиња риба охридска пастрмка со тежина од 2,5 килограми, 20 пластични шишиња со по 6 блинкери и друга рибарска опрема, 1 метален чамец, 1 пента марка Џонсон, 1 пластична канта за бензин, клешти и друг риболовен алат. Против него подне- сена е кривична пријава за незаконит риболов и му беше одредена мерка притвор.

Неодамна полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ на околу 20 метра од брегот наспроти угостителски објект на кеј „Македонија“ затекна малолетник во момент кога со недозволено средство за подводен риболов-подводна пушка врши незаконит риболов. Во неколку акциски контрола во ноќните часови, полициските службеници кај малата плажа-вила ,,Билјана,, пронајдоа и одзедоа една рибарска мрежа со должина од околу 50 метри и димензии на окца 60×60мм со улов од осумнаесет парчиња риба-десет парчиња охридски крап со вкупна тежина од 9,5 килограми и осум парчиња клен со вкупна тежина од осум килограми. Во слична акција, полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ пронајде и одзеде 20 рибарски мрежи со вкупна должина над 1000 метри, близу 30 килограми парчиња разновидна риба и повеќе примероци на риболовен алат и прибор.

Согласно законот за рибарство и аквакултура, против повеќе лица поднесени се прекршочни пријави.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top