Фатени рибарски мрежи и риболовен алат и прибор

Повеќе рибарски мрежи во должина од околу сто метри, седум килограми риба Охридска пастрмка и  низа примероци на риболовен алат и прибор, се пронајдени и одземени овој месец од водите на Охридското езеро при реализирани патроли на полициската станица за граничен надзор.

 |  Голабовски Крсте  | 
mrezi
мрежи

Повеќе рибарски мрежи во должина од околу сто метри, седум килограми риба Охридска пастрмка и  низа примероци на риболовен алат и прибор, се пронајдени и одземени овој месец од водите на Охридското езеро при реализирани патроли на полициската станица за граничен надзор.

мрежиСогласно законот за рибарство и аквакултура, против три лица поднесени се кривични пријави.

Во истиот период, езерската полиција регистрирала вкупно три прекршоци за непочитување на законот за внатрешна пловидба. Поради тоа поднесени се прекршочни пријави за управување пловен објект на Охридското езеро во време кога има ограничена пловидба на чамци и скутери на природните езера во Република Македонија, управување со пловен објект без уверение и без пловидбени дозволи како и поради необележаност на пловниот објект на видно место со регистарска ознака.

Поради необележаност на рибарските мрежи со жиг од Државниот инспекторат за земјоделие како и поради необележаност на пловните објекти, истите се одземени за што е запознат и јавниот обвинител.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top