Ознака: рибарите

Бакрачески: Денот на рибарите станува препознатлива и уникатна охридска традиција

Post Views: 1   Охрид денес го одбележа Денот на рибарите. На овој ден рибарите традиционално го прават ритуално капење во ладните езерски води, за здравје, среќа и за бериќет. Настанот, Локалната самоуправа на Охрид го организира по повод празникот Свети Јован Крстител. За присутните се служеше вино и топла ракија, но и традиционалната „повеќетонска“ рибна чорба за чие приготвување беа задолжени 10 ученици и 7 наставници од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. „Имаме околу 1 100 литри вода, околу 400 килограми риба, зеленчук, итн …или некаде околу 1500 литри чорба....

Continue reading

„Рибарите“ ремизираа со Гостивар

Post Views: 0 „Рибарите“ ремизираа со Гостивар на контролната средба во рамки на подготвителниот период. Натпреварот се одигра на градскиот стадион „Билјанини извори“, а заврши со резултат 1-1. Погодокот за Охрид го постигна Ајрадин Цуцули. Во периодот кој следи охриѓани ќе ја контролираат формата во тест средбите со Победа, Воска Спорт и Кораб.

Continue reading

Охриѓани го прославија Денот на Рибарите

Post Views: 0   Охриѓани го прославија Денот на Рибарите. На култното место Сараиште каде се празнувал од памтивек, со староградските песни на групата Билјана јуниор, со рибната чорба која ја подготвија учениците од СОУ „Ванчо Питошески“, традиционалната пача направена од студентите на гастрономската насока на ФТУ, вино и топла ракија,  уживаа граѓаните кои пристигнаа во голем број од сите краеви на државава, па и од странство. Овој настан подеднакво е интересен и за најмладите, но и за повозрасните генерации. Градоначалникот Никола Бакрачески кажа дека Денот на рибарите е еден белег...

Continue reading

saraiste

Ансамблот „Билјана јуниор“ е дел од манифестацијата Ден на рибарите

Post Views: 11 Сарaиште е подготвено за утрешниот ден кога се прославува Денот на рибарите. Подолго време манифестацијата  која се одржуваше на градскиот плоштад ќе се пренесе на оваа локација. Во  одбележувањето  на денот ќе се вклучи и ансамблот Билјана јуниор кој ќе исполни охридски староградски песни. „ Трета година како настапува Билјана Јуниор на Водици на 19 и 20. Сите музичари настапувавме на пристаниште, но по неколку години музичкиот настан се враќа на старата локација каде што се прославува Денот на рибарите на Сараиште. Ќе ја имаме таа чест оваа година ние да бидеме почестени...

Continue reading

Студентите од ФТУ за Денот на рибарите подготвија 2000 парчина пача

Post Views: 0 Охриѓани и  гостите  на Денот на рибарите ќе вкусат  2000 парчина пача. Tрадиционално пача се прави за овие денови,  подготвена е и  ќе им биде поделена на верниците на Сариште, на Денот на рибарите. Во подготовката на пачата ФТУ се вклучува по втор пат, вели професор Ангела Василеска. „ Се работи за макотрпна работа. Се подготвува  голема количина и продукти што треба да се изработат, но ние не се откажуваме тоа ни  е предизвик. Како факултет ги поддржуваме овие настан,чест ни е да сме дел од манифестацијата  како учесници, помагатели  и партнери. Нашите чувства ги...

Continue reading

corba

По 4 пат во Охрид рибна чорба, за Денот на рибарите

Post Views: 2 Три дена траше подготовката на 1600 литарската рибја чорба за Денот на рибарите. Четврта година по ред, по стариот добро познат рецепт со 400 килограми лосос, професорите и учениците од охридското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“, се потрудија на охриѓани и бројните гости да им зготват деликатесна рибна чорба. Подготовката на  чорбата ни стана рутина, рецептот се покажа добар и не го менуваме, вели наставникот Блаже Јорданоски. „Во подготовката на чорбата учествуваа околу 15 ученици, 8 професори и кадар од нашето училиште. Значи се подготвуваше во училиштето,...

Continue reading

bilbord

Охрид подготвен за „Водици“

Post Views: 0 Охрид подготвен за одбележување на големиот христијански празник, Богојавление – Водици. Концертот Културно уметничките друштва „Гердан“, „Илинден“, „Охриѓанка“, „Плетенка“, „Филиграни“ и „Отекс“, утревечер на охридскиот градски плоштад ќе го означи почетокот на петдневната празнична програма по повод големиот православен празник Богојавление-Водици. Во сабота, точно напладне во црквата „Св.Никола-Геракомија“ ќе се одржи чинот на предавање на кумство на годинешните кумови Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески, а вечерта во 20 часот на градскиот плоштад концерт ќе одржи...

Continue reading

kanal

Кој треба да ги подигне хаварисани бродови од каналот Студенчишта

Post Views: 3 Каналот Студенчишта наместо туристичка атракција  станува отпад за хаварисани бродови, се загадува и има се помалку риба. –Рибарите и сопствениците на пловните објекти кои се згрижени во каналот Студенчиште велат дека тој е многу запуштен и запоставен. Додават дека ниту државата ниту локалната водат сметка за него. Потребно е да се отстранат сите непловни бродови и каналот да се ревитализира, затоа што флората и фауната во каналот интензивно се уништува, предупредуваат рибарите. Тие додаваат дека на овој канал дневно имало и по 300 спортски риболовци кои ловеле...

Continue reading

kazan corba Ginis

Рибна чорба за Гинис

Post Views: 3 Охриѓани подготвија 3,3 тони рибина чорба, со која најверојатно го соборија Гинисовиот рекорд поставен од американски колеџ, за најголема количина рибна чорба. Сето ова се случуваше вчeра под будното око на преставниците на Гинис, на празникот Св. Јован кога традиционално се одбележува Денот на рибарите. „Еве можам да кажам дека Гинисовиот рекорд е соборен, затоа што тој досега изнесуваше 3 тони и 25 литри рибна чорба, а ние правиме 3 тони и триста. Се е снимено и заверено на нотар. Направивме се според инструкциите на Гинис“, вели Љупчо Арнаудов, преставник на здружението...

Continue reading

pastrmka

2000 ден. в џеб и ќе јадете охридска пастрмка

Post Views: 9 Платете 2000 ден. и ќе јадете охридска пастрмка. Гостите кои доаѓаат во градов сакаат да го пробаат овој охридски специјалитет, ама скапо ги чини. Ако некои од нив и имаат подлабок џеб и можат да си дозволат едно вакво не така евтино гастрономско задоволство се во дилема дали навистина рибата што ја јадат е охридска пастрмка знаејќи дека има забрана за нејзино ловење. Рибарите објаснуваат дека во рестораните може да се најде охридска пастрмка, но само од рибниците во Македонија каде се одгледува. Радован Димитриески од риболовното друштво Св. Апостол Павле вели дека...

Continue reading

ribari

Последен поздрав од охридските рибари до убиените колеги од Скопје

Post Views: 5 Рибарите од СРК „Св. Апостол Петар“ од Охрид испратија последен поздрав до своите колеги – рибарите кои денеска ќе бидат погребани во Скопје. Скопјаните Александар Наќовски, Цветанчо Ацевски, Kире Тричковски и Филип Славковски, сите на возраст од околу 20 години, како и Борче Стефковски (45), биле убиени завчера кај вештачкото езеро кај скопското село Смилковци. Полицијата официјално нема осомничени за убиството ниту, пак, има информации околу можните мотиви за грозоморниот чин. {loadposition content9}

Continue reading

plasici

Два тона чорба за денот на рибарите

Post Views: 7 Во еден несекојдневен амбиент се одбележа денот на рибарите. Оваа охридска традиција од година во година добива се поголем публицитет. И годинава, организаторите на овој ден добро се потрудија да ги изненадат своите сограѓани и гостите кои престојуваат во градот. Пред некогашната библиотека беше поставен казан во кој се крчкаше 2 тона рибја чорба, приготвена од врвните мајстори на Општинското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Професорот Блаже Јорданоски, рече дека не е едноставно да се земе одговорноста за приготвување на голема количина чорба, бидејќи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top