По 4 пат во Охрид рибна чорба, за Денот на рибарите

Со Денот на рибарите на верскиот празник Собор на Св Јован Крстител, завршија богојавленските празнувања во Охрид. И оваа година не изостана подготовката на традиционалната рибна чорба. Но ги немаше охридските рибари со изложба на својот алат и рибарски мрежи, како и вкусната печена или пржена плашица, која на овој ден минатите години ја имаше во изобилие.

 |  Николоска Биљана  | 
corba
чорба

corbaТри дена траше подготовката на 1600 литарската рибја чорба за Денот на рибарите. Четврта година по ред, по стариот добро познат рецепт со 400 килограми лосос, професорите и учениците од охридското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“, се потрудија на охриѓани и бројните гости да им зготват деликатесна рибна чорба. Подготовката на  чорбата ни стана рутина, рецептот се покажа добар и не го менуваме, вели наставникот Блаже Јорданоски.

„Во подготовката на чорбата учествуваа околу 15 ученици, 8 професори и кадар од нашето училиште. Значи се подготвуваше во училиштето, морам да кажам бидејќи погрешни информации излегоа во јавноста, Тино е спонзор, меѓутоа чорбата ја подготвуваме ние“ – изјави Јорданоски.

Учениците кои учествуваа во подготовка на чорбата велат дека ова искуство е мошне значајно за нив и веруваат дека во иднина имаат можност повторно да го применат.

„Предизвик е, не е тежок, сепак чуството е големо за мене е возбудливо бидејќи прв пат учествувам и задоволен сум. Многу убаво е да се учествува во подготвувањето на рибјата чорба и искуство е. Работевме од 09 до 16 и 30, чистевме риба, подготвувавме ја варевме. Предизвикот е голем и научив да правам рибја чорба“– велат учениците.

Денот на рибарите е одлична можност за афирмација на градот, развој на верскиот туризам, но и за средба и дружба со пријателите велат охриѓани.

corba„Сепак поголемо внимание треба да се обрне на бројот на странски туристи, на привлекување треба ТЛЕР и Агенцијата за туризам треба да допринесат многу повеќе, не дека не се прави меѓутоа има уште многу многу за правење. Убаво многу е убаво. На денот на рибарите се собираме сите, пробуваме од вкусната чорба, ракија, вино, преубаво е и има и туристи. Ме радува ова, собирањево на луѓето убаво се сплотуваат и традицијата продолжува и понатака“.

Охридските чалгаџии за време на манифестацијата на  плоштадот ги свиреа и пееја старите охридски песни, а гостите пиеја вино и ракија. Од закуските изостана печната и пржена плашица, а во казанот се крчкаше 1000 литри помалку чорба во споредба со минатата година.  Втора година по ред, иако најавена,  не се одржа изложбата на риболовен алат, мрежи па и слики на старите охридски рибари и чунови. Со Денот на рибарите на верскиот празник Собор на Св Јован Крстител, завршија богојавленските празнувања во Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top