Ознака: рибарите

За Денот на Рибарите во пандемија

Post Views: 3 За прв пат после децении немаше масовно одбележување на Денот на рибарите во Охрид. Традиционално на празникот Св Јован на градското пристаниште или на месноста Сараиште се капеа стотици млади охриѓани и ветераните. Некогаш се тркаа по буриња вино, некогаш само ја пееја ВоЈордание и на тој начин го одбележуваапразникот, со кој се отвораше риболовната сезона. На овој ден завршуваше татиљот, забраната за лов на пастрмка. Па од рибниот улов во минатото се спремало чорба, мезе, греана ракија и вино. Последните години се подготвуваше казан од неколку тони рибна чорба и бесплатно...

Continue reading

Се одбележа Денот на рибарите

Post Views: 2 Денеска на Соборот на Свети Јовен Крстител, со капењето на рибарите во Езерото продолжуваат Богојавленските чествувања во градов. На тој начин се одбележува завршувањето на забраната за риболов на Охридското Езеро после зимскиот мрест. Многу граѓани од Охрид, но и од други градови на Македонија и пошироко дојдоа да бидат дел од оваа црковно-народна манифестација. И оваа година празникот покрај со капење во водите на езерото се одбележа и со приготвувањето и служење рибна чорба. Во казанот поставен на Градскиот плоштад професорите и учениците на ОУТУ „Ванчо Питошески“...

Continue reading

ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ТОН РИБНА ЧОРБА ЗА ДЕНОТ НА РИБАРИТЕ

Post Views: 1 Во рамки на манифестацијата Денот на рибарите која ќе се одржи на 20-ти јануари на празникот Свети Јован Крстител во Охрид и оваа година ќе се подготвува традиционалната рибна чорба. Чорбата ќе се подготвува во голем казан, кој утрово беше поставен на градскиот плоштад. За подготовката на овој специјалитет ќе бидат задолжени професорите и учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“. За подготовка на чорбата набавени се 400 килограми риба, 70 килограми морков, 20 килограми целер, 25 килограми пашканат, 10 килограми кромид, 100 литри масло, 60 килограми брашно, како и сите останати...

Continue reading

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА РИБАРИТЕ

Post Views: 0 Традиционално како и секоја година и оваа на малиот плоштад кај Долна порта, се одбележа Денот на рибарите. Со рибна чорба, пача, плашици, вино, греана ракија и традиционалното капење во водите на Охридското езеро, охриѓани го прославија денот на Свети Јован. На манифестацијата присуствуваше и в.д. градоначалникот Константин Георгиески, кој заедно со тајфата на Иван Лотески, фаќачот на Чесниот крст, се искапија во водите на Охридското езеро. Рибната чорба беше приготвена од вештите раце на учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Послужени беа околу...

Continue reading

„Рибарите“ утре играат со ФК Гостивар

Post Views: 3 Во петтото коло од Втората македонска фудбалска лига – запад, екипата на ГФК Охрид Лихнидос утре ќе игра на гостински терен против екипата на ФК Гостивар. Натпреварот се игра на градскиот стадион во Гостивар со почеток во 15:00 часот. По четири одиграни кола „рибарите“ паднаа на деветтата позиција на табелата и имаат три бода.

Continue reading

„Рибарите“ гостуваат кај Локомотива во Купот на Македонија

Post Views: 2 „Рибарите“ во рамките од 1/16 финалето во Купот на Македонија ќе ги одмери силите со екипата на Локомотива од Градско. Натпреварот ќе се одигра денеска од 15:00 часот на игралиштето на АМС во Градско. 

Continue reading

Охрид го одбележа денот на рибарите

Post Views: 5 Денес се слави втор ден Водици или Соборот на Свети Јован Крстител, а во Охрид овој ден е познат и како Денот на рибарите. По тој повод на Сараиште беше подготвена традиционалната рибна чорба. Манифестацијата Денот на рибарите привлече голем број посетители на Сараиште. Градоначалникот Јован Стојаноски беше меѓу охриѓани и гостите кои не ги попречи облачното време и дождот да ја вкусат рибната чорба. Стојаноски упати порака уште многу години граѓаните да го слават празникот на пригоден начин како што доликува покрај Охридското Езеро. „ Издржа и времето 30 дена и со целокупната...

Continue reading

Препораки од Црвениот крст во врска со одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите

Post Views: 2 Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната дејност. На 18.01.2020 (вторник) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и опасностите...

Continue reading

„Рибарите“ утре играат против Кадино

Post Views: 6 ГФК Охрид Лихнидос утре на гостински терен против Кадино ќе го одигра вториот натпревар во Втората македонска фудбалска лига-Запад. Натпреварот започнува во 16 часот, на фудбалскиот терен на ФК Кадино. „Рибарите“ новата сезона од ВМФЛ ја стартуваа со победа над тимот на Беса на домашен терен со резултат 4:1.

Continue reading

Специјални дресови на „РИБАРИТЕ“ по повод 100 години фудбал во Охрид

Post Views: 0 На првиот натпревар од новата сезона на Втората македонска фудбалска лига, фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос настапија со специјални дресови кои што се посветени на 100-годишниот јубилеј на фудбалот во Охрид. Отсега, љубителите на фудбалот ќе можат да си купат и дрес од Охридскиот клуб кој што ќе се продава по цена од 1500 денари. Во текот на следната недела ќе бидат пуштени ограничен број на дресови. Инаку, во продажба се и сезонски билети кои чинат 1000 денари. Дресови и сезонски билети може да нарачате во инбокс на фејсбук профилот на ГФК Охрид Лихнидос.

Continue reading

Беса прв противник на „Рибарите“

Post Views: 0 Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос денес ја започнуваат новата фудбалска сезона од Втората македонска фудбалска лига. Прв противник на „рибарите“ ќе им биде екипата на Беса Добридол. Натпреварот ќе се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ од 16:00 часот, а влезот ќе чини 100 денари. Покрај стандардните билети, од ГФК Охрид Лихнидос информираат дека во продажба ќе пуштат и сезонски билети, кои ќе важат за првенствените и куп натпреварите. Сезонските билети чинат 1.000 денари. За сите кои ќе купат сезонски билети ќе следува изненадување од клубот во тековната сезона. Информација...

Continue reading

„Рибарите“ ќе играат со Беса, Воска Спорт со Гостивар на стартот на сезоната

Post Views: 2 Објавен е распоредот на натпреварите за есенскиот дел од Втората македонска фудбалска лига-Запад за сезона 2021/2022. Прв противник на ГФК Охрид Лихнидос ќе биде Беса на теренот на СРЦ Билјанини Извори, додека Воска Спорт првиот натпревар од новата сезона го игра на гости кај Гостивар. Градското дерби помеѓу Охрид Лихнидос и Воска Спорт е закажано за 23 октомври со почеток од 14 часот, во осмата рунда.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top