Ознака: регионалниот

sud Struga

15 години затворска казна за Џемаил Асани

Post Views: 2 Разврска на убиството на Џемаил Исмаили. Конечно денес во Основниот суд во Струга падна пресуда за сторителот на ова убиство. Џемаил Асани е сторител на кривично дело убиство. Судскиот совет предводен од судијата Живко Аврамоски, Асани го прогласи за виновен и го осуди на затворска казна од 15 години. Димитрија Цобоски, бранителот на оштетениот Мефаил Исмаили, рече дека изречената казна е максимумот што може да се извлече од една ваква правна квалификација за обвинетиот, но според него прашање е дали е погрешна правната квалификација со која настапил застапникот на...

Continue reading

Посетителите на НП Галичица да не го користат регионалниот пат Охрид- Отешево

Post Views: 2 Oхридските алпинисти и планинари предупредуваат да не се користи  регионалниот пат Охрид- Отешево до Корита кој води низ НП Галичица.  Патот е опасен за посетителите иако на влезот има табла дека е прооден до 9 -от км до Корита, посочуваат тие. Напоменуваат дека овој патен правец со 1630 метри надморска височина  е  највисока точка во земјава. Често се јавува голомразица, ветровите може да ги пренесат снежните маси од една на друга страна и з а час да  направат наноси од снег, браниците се дотраени или на места ги нема, а   ЈП Македонија пат не го одржува правецот како...

Continue reading

svr

Тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Кичево-Осломеј

Post Views: 6 Десет лица  се здобиле со тешки а десет други со лесни телесни повреди  во сообраќајната незгода што денес во 06 часот и 45 минути се случи на регионалниот пат Кичево-Осломеј во близина на селото Мамудовци. Во тешката сообраќајна незгода учествувале мини бус марка „Мерцедес“ и комбе марка „Фолксфаген“ кои по регионалниот пат се движеле од Кичево кон Осломеј како и едно товарно возило марка „Форд“ што сообраќало од спротивниот правец.   Сообраќајната незгода се случила во момент кога мини бусот „Мерцедес“ кој превезувал 18 патници-работници во РЕК „Осломеј“ започнал...

Continue reading

kolektor

Интензивно се работи на изградба на регионалниот колекторскиот систем кој треба да поврзе неколку села во Дебрца

Post Views: 6 Интензивно се работи на поставувањето на колекторскиот систем кој ќе ги поврзува селата Горенци, Мешеишта, Требеништа, Волино и Климештани. Денес, локацијата ја посети и градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски како на лице место би се информирал за тоа како напредуваат работите околу овој инфраструктурен зафат вреден 250 илјади евра. Според градоначалникот Трајкоски, овој проект е од исклучително значење за жителите на овие села во Дебрца. „Изградбата на регионалниот колекторски систем, согласно договорот кој што го има од страна на Министерството за транспорт...

Continue reading

ЈП „Македонија пат“: Градежни работи на регионалниот пат Р-2332 Ресен-Охрид преку Галичица

Post Views: 3 Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека на регионалниот пат Р-2332 Ресен-Охрид (преку Галичица) врши градежни работи чистење на банкини, косење и кастрење на гранки. Работите се вршат на делот од Цараина до Трпејца. На овој патен правец секоја година се воведува забраната за движење која стапува на сила на 15-ти ноември и важи до 1-ви април следната година. Години наназад забраната за сообраќај во овој период од годината стана пракса, а од сезона во сезона Галичица станува се’ поатрактивна за вљубениците во планинарењето, односно алтернативните форми на туризам. Секоја...

Continue reading

Синдикатот на ЕМО побарал средба со премиерот Никола Груевски

Post Views: 2 Синдикатот на АД ЕМО  за 26 јануари побарало средба со премиерот Никола Груевски. Од претседателот на Владата ќе бараат решавање на нивните три основни барања, исплата на заостанатите плати и придонеси, решавање на статусот на работниците што понатака со компанијата, како и  исплата на придонесите за стечајните работници за остварување на право на надоместок. Трите основни барања според нив се остварливи доколку има волја на власта , вели претседателот на синдикатот на АД Емо  Миле Крстаноски. Се надеваат дека ќе дојде до  средбата и ќе се најде излез за нивната агонија...

Continue reading

emo

Регионалниот сојуз на синдикати со предлог решенија за ситуацијата со вработените во ЕМО

Post Views: 2 Претставници од регионалниот сојуз на синдикатите на Македонија денес во непосредна средба со градоначалникот Никола Бакрачески со конкретни предлози за конечно решавање на судбината на вработените во АД ЕМО од Охрид. Драган Цветкоски, претседател на регионалниот огранок на ССМ во Охрид изрази благодарност за разбирањето на градоначалникот Бакрачески за тежината на нивните проблеми иако неговите ингеренции не му дозволуваат директна помош на вработените. „Ако е можно да се изнајде определено решение за изготвување на определен пакет и исплата на плати и придонеси за...

Continue reading

logo

Семинар на АХВ во Охрид

Post Views: 0 Употребата на ветеринарно медицинските препарати во лекувањето на животните и нивното влијание врз храната и здравјето на луѓето ќе бидат главните теми на „Регионалниот семинар за националните контакт точки за ветеринарни препарати“, кој ќе се одржи денес во Охрид. Овој научен собир го организра Светската организација за здравствена заштита на животните ОИЕ и на него ќе учествуваат претставници од 35 земји од Европската Унија и од регионот како и претставници од Регионалните канцеларии на Светската организација за здравствена заштита на животните од Софија и од Брисел. Според...

Continue reading

drva

Дрвокрадци од Велешта заработија кривични пријави

Post Views: 3 Поради нелегален транспорт на бесправно исечено дрво во шума кое не е жигосано и без испратница, полициската станица за граничен надзор Лабуништа при регионалниот центар Запад, поднесе прекршочна пријава против К.Х. (43) и В.Х. (39) двајцата од струшкото село Велешта. На први минатиот месец околу 16 часот и 15 минути, кај месноста Лозја атар на селото Ташмаруништа, пријавените се затекнати во нелегален транспорт на 1,5 метри просторни огревни дабови дрва во сурова-свежа состојба кои претходно не биле означени за сеча. Транспортот го вршеле на магистралниот пат Струга-Дебар...

Continue reading

sonk

Охриѓани повторно кажаа „не“ на штрајкот на СОНК

Post Views: 7 Десетици членови на охридскиот огранок на синдикатот за образование наука и култура денеска излегоа на мирен протест пред просториите на СОНК во Охрид. Тие изразија револт против намерата на претседателот на СОНК Јаким Неделков за разрешување на претседателот на охридскиот регионален огранок Аце Речкоски. „Претседателот Јаким Неделков дојде со намера да ја побара мојата оставка, со што не беше удостоен, значи нема јас сега да ја поднесам мојата оставка, или пак побара да има мое разрешување на Советот на СОНК“– вели Речковски. Неделков побарал оставка од Речкоски...

Continue reading

sonk

Охридскиот регионален СОНК не дава поддршка за штрајк на 29 септември

Post Views: 1 Охридскиот регионален СОНК не дава поддршка за штрајк на 29 септември. Охридскиот регионален одбор на СОНК не го поддржува генералниот штрајк на 29 септември. Тоа е став на членството на регионалниот одбор по претходното изјаснување на синдикалните  организации.  Членството во Охрид брои околу 900 синдикалци , а од регионалниот одбор велат дека повеќето од нив биле против штрајкот или немале кворум за работа. Од 21 организација колку што ги има во регионот,  13 синдикални организации се во образованието, 4 во културата, 3 во високото образование и една во детската градинка....

Continue reading

штрајк

Охридскиот Сонк стапи во солидарен штрајк со глад

Post Views: 1 Охридскиот регионален  синдикат за образование, наука и култура од  утрово е во штрајк со глад.  Аце Речкоски, претседател на регионалниот Сонк, вели  даваат поддршка на тројцата професори од штипскиот универзитет кои штрајкуваат со глад барајќи ги своите прекршени законски права за да бидат реизбрани  за вонредни професори. Речкоски нагласува дека со солидарниот штрајк регионалните одбори на Сонк, меѓу кои и нивниот, бараат Универзитетот „ Гоце Делчев“ да постапи според решението на Државниот просветен инспекторат.  Тоа значи да се повтори гласањето на нучно наставниот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top