• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ЈП „Македонија пат“: Градежни работи на регионалниот пат Р-2332 Ресен-Охрид преку Галичица

ЈП „Македонија пат“: Градежни работи на регионалниот пат Р-2332 Ресен-Охрид преку Галичица

Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека на регионалниот пат Р-2332 Ресен-Охрид (преку Галичица) врши градежни работи чистење на банкини, косење и кастрење на гранки.

 |   | 

Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека на регионалниот пат Р-2332 Ресен-Охрид (преку Галичица) врши градежни работи чистење на банкини, косење и кастрење на гранки.

Работите се вршат на делот од Цараина до Трпејца.

На овој патен правец секоја година се воведува забраната за движење која стапува на сила на 15-ти ноември и важи до 1-ви април следната година.

Години наназад забраната за сообраќај во овој период од годината стана пракса, а од сезона во сезона Галичица станува се’ поатрактивна за вљубениците во планинарењето, односно алтернативните форми на туризам. Секоја зимска сезона, освен што е проблем чистењето на снегот и одржувањето на овој патен правец, истиот е сообраќајно небезбеден.

Стручните лица, но и рекреативците во повеќе наврати потсетуваат за ваква состојба, патот е тесен, со остри кривини и на делови уништена заштитна ограда. Но, засега никој не презема одговорност, ниту конкретни чекори за санирање на состојбата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top