Охриѓани повторно кажаа „не“ на штрајкот на СОНК

Десетици членови на охридскиот огранок на синдикатот за образование наука и култура денеска излегоа на мирен протест пред просториите на СОНК во Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
sonk
сонк

Десетици членови на охридскиот огранок на синдикатот за образование наука и култура денеска излегоа на мирен протест пред просториите на СОНК во Охрид. Тие изразија револт против намерата на претседателот на СОНК Јаким Неделков за разрешување на претседателот на охридскиот регионален огранок Аце Речкоски.

sonk„Претседателот Јаким Неделков дојде со намера да ја побара мојата оставка, со што не беше удостоен, значи нема јас сега да ја поднесам мојата оставка, или пак побара да има мое разрешување на Советот на СОНК“– вели Речковски.

Неделков побарал оставка од Речкоски поради тоа што регионалниот одбор на СОНК одлучи да не го поддржи генералниот штрајк на СОНК најавен за 29 ти септември. Членството во Охрид кое брои околу 900 синдикалци во најголем број се изјасниле против штрајкот и тие и денес потврдија дека цврсто стојат зад таквата одлука.

„Ние како членови на СОНК од Охрид застануваме зад одлуката на претседателот Ацо Речкоски, затоа што во нивното донесување дирекно учествуваме и ние. Со насилната промена на Речкоски претседателот Неделков покажува дека работи против волјата на регионалното синдикалното членство, односно не навредува нас. Затоа овде јавно бараме заминување на Неделков од челната позиција на СОНК“  – реагираат од членството.

sonkПретседателот на СОНК пак, Јаким Неделков денешната посета на СОНК во Охрид кажа дека била редовна работна посета во врска со подготовките за закажаниот штрајк. Тој демантираше дека побарал оставка од Речкоски.

„Значи јас ниту назначувам ниту разрешувам некого, согласно Статутот многу се јасни процедурите како се доаѓа до позиција претседател на синдикална организација, до претседател на регионален одбор до претседател на Совет на СОНК до претседател на СОНК, така да не сум јас тој кој што може да назначам, разрешам или нешто друго“.

Претседателот Неделков денеска уште еднаш нагласи дека без разлика на одлуката на регионалниот одбор, според Статутот, генералниот штрајк важи и за охридските синдикалци. Односно тоа што охридскиот одбор не изгласал поддршка не значи дека на 29 ти септември нема да биде во штрајк.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top