Ознака: проектите

Проектите кои ја нарушуваат заштитата на биодиверзитетот треба добро да се анализираат

Post Views: 2 Проектите кои ја нарушуваат заштитата на биодиверзитетот треба добро да се анализираат.Според Борис Ерг од Меѓународната Унија за заштита на природата, инфраструктурните проекти не се единствен начин на обезбедување на локалниот развој. Постојат глобални стандарди за тоа како треба да се управува со заштитените подрачја, односно стандарди за добро управување со националните паркови. Борис Ерг, директор на програмата за Југоисточна Европа на Меѓународната унија за заштита на природата вели дека оваа организација ја поддржува идејата за постигнување на одржлив развој,...

Continue reading

unesko

Унеско со финансиска поддршка за манифестации од културата

Post Views: 5 Дополнителна финансиска инекција за културните манифестации во градот. Националната комисија за УНЕСКО ќе доделува  финансика поддршка за проекти на јавните институции и на  граѓанските здруженија. Ова е нова можност  да се збогатат културните содржини на престојните активности. Предлог-проектите треба да се однесуваат на активности од областа на културата.Останува да се види дали оваа можност ќе ја искористат културните манифестации од градот како што се Охридско лето, Балкански фестивал, Охридски староградски средби и други. Директорот на јавната установа Центар за...

Continue reading

human and robots

Каква иднина ни готват во тајната лабараторија на Google?

Post Views: 3 Замислете како би изгледало ако вашиот фрижидер може да се поврзе на интернет и самиот да ги нарача продуктите што се потрошиле. Или пак замислете ја вашата чинија што се поврзува на интернет и на друштвените мрежи објавува што имате за ручек. И сè тоа додека вие седите дома во пижами, а вашиот робот оди на работа во фирмата. Тоа се само дел од соништата што се разгледуваат во Google X, тајната лабораторија во која интернет гигантот се обидува да реализира 100 луди идеи, пишува New York Times. Иако повеќето се само концепти, и воопшто не се блиску до остварување како...

Continue reading

Галичица

Се оценува како ќе влијаат проектите во НП Галичица врз животната средина

Post Views: 2 НП „Галичица“ по задолжение на Владата треба да го измени  планот за управување во неговите граници и да се овозможи градба на три големи проекти. Треба да се изработи стратешка оценка на тие измени  како градбите како што се експресниот пат Охрид -Пештани – Албанска граница, скијачкиот центар и развојната туристичка зона Љубаништа ќе влијаат врз животната средина, напоменува д-р Оливер Аврамоски, раководител на сектор за зачувување на природата во НП Галичица. „ Наша цел е преку изготвување на тие измени, со студија и стратешка  оценка да кажеме што ќе биде засегнато...

Continue reading

Охрид

Општина Охрид најмногу финансирала проекти од културата

Post Views: 1 Локалната самоуправа од својот буџет за 2014 година издвоила 2 милиони 622 илјади денари наменети за проекти со кои аплицирале граѓани и здруженија по различни осноци. Финансиска поддршка е барана за 64 проекти  проекти од културата, спортот, социјалата, здравството, екологијата, образованието. Од  извештајот на Локалната самоуправа  се гледа дека доминираат проекти од областа на културата. Здруженија и граѓани барале финансиска поддршка за одржување на најразлични изложби, концерти, издавање на книги, меѓу кои се  Фолк фестивалот Спасовден,  Песна на летото, Парче душа...

Continue reading

region

Југозападниот плански регион не функционира

Post Views: 2   Југозападниот плански регион не функционира. Од ноември, мината година,  9 -мината градоначалници од Југозападниот плански регион не се сретнале во Советот на градончалници. Претседавачот на Советот, струшкиот градоначалник Зијадин Села тврди дека овој југозападен регион  функционира само на хартија.  Градоначалниците не се заинтересирани и нема кворум за работа, вели Села. Од конституирањето во 2013 година не е одржана ниту една средба, додава првиот човек на Струга. Зошто неговите колеги не се присутни во Советот,  Села проблемот го лоцира кај финансиите.  „Изгледа...

Continue reading

arhitekti

Хотел кај Долни Сарај, винарија во Требеништа, храбри идеи презентирани низ кафе муабет

Post Views: 0 Храбрата архитектонска визија и неконвенционалните идеи кога-тогаш излегуваат на површина. Од вчера, во двата охридски локали Шила и Ликвид, можете да видите педесетина такви архитектонски идеи. Студентите од генерацијата 2006 на Архитектонскиот факултет, на еден неформален начин ги изложија и прикажаа своите дипломски трудови пред охриѓани. Злата Голабоска, која членува во Студентска архитектонска визија или СТАВ, а воедно и самата има изложено проект, појаснува зошто се одлучиле на ваков начин да ги прикажат нивните идеи. „Поентата на оваа изложба е да ја покажеме...

Continue reading

pehar

Пехар за охридскиот ПХВ тим за проектите Дом,Светлина и Виделина

Post Views: 11 Пехар за проектите  Дом , Светлина и Виделина на охридскиот ПХВ тим на Црвен крст. Македонскиот Црвен крст додели  пехар и го награди трудот за реализирани проекти за хумани вредности на охридската организација. Десеминаторот Јованка Сион  Доленц која го предводеше ПХВ тимот сo 30-тина млади волонтери се заслужни за ова високо државно признание. Младите волонтери со три проекти дадоа несебичен придонес за добробит на општествената заедница. Со проектите Дом, Топлина и Виделина внесоа светлина во срцата на луѓето кои имаа потреба од помош. Заедно стравувавме и се радувавме...

Continue reading

sdsm

Тунтев: Какви се проектите на ДПМНЕ?

Post Views: 1 Вработените во Локалната самоуправа и по јавните претпријатија се принудени да носат списоци со гласачи, болниците и училиштата се претворени во партиски штабови на ДПМНЕ, плакати од Иванов се лепат каде што е тоа недозволено, во екот на изборната кампања се тампонираат и се асфалтираат улици ,се подготвуваат „бугарски возови“,  се вработува во јавните претпријатија и државните установи а на сиромашните им се ветува простување на долговите и неплатените сметки, кажа на денешната прес конференција Томислав Тунтев, кандидат за пратеник од СДСМ.  Со нереалната изборна програма...

Continue reading

Dejan Panoski

Проектите за заштита на Охридското Езеро мора да прераснат во процеси

Post Views: 1 Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат за Охридско езеро, денеска во Обединетите нации во Женева одржа говор и презентација за прекуграничното управување и заштита на Охридското езеро со која ја отвори сесијата за искуствата на заедничките тела за соработка. Пановски во својата презентација потсети на почетоците на институционалната заштита но и на заедничките протоколи на научните институции , заедничките мерки и потпишаните договори. Потенцираше дека се уште има отворени прашања како што се рибарството но и управувањето на нивото на езерото кое е врзано со потребите...

Continue reading

strategija ruralen

Локалната со микро проекти ќе ги развива руралните подрачја во охридско

Post Views: 24 Поддршка за микро проекти за развој на руралните подрачја во охридско. Денес во туристичкото место Елшани промовирана подстратегијата за рурален развој на општина Охрид. Според секретарот на општината, Димитар Спасески, станува збор за документ од исклучително значење за сите граѓани на Охрид и охридско. Тој потенцираше дека со самата промоција на стратегијата воедно започнува и нејзината реализација, а најави и скоро објавување на јавниот повик за доставување на проектите за развој на руралните средини. „Проектите кои што ќе ги одобруваме за оваа година, е предвидено...

Continue reading

sdsm za otcet

СДСМ: „Граѓаните сакаат отчет за сработеното, а не нереални планови за иднината“

Post Views: 3 Охридските социјал-демократи на прес конференција го обвинија градоначалникот Никола Бакрачески дека проектите кои ги прикажал во брошурата како дел од отчетот за досега сработеното, се всушност проекти на претходната локална власт. Од општинската организација на СДСМ велат дека граѓаните во неговиот отчет сакаат да слушнат што е конкретно сработено, а не какви се плановите за иднината. „Еве господине Бакрачески, ние ќе Ве потсетиме што е тоа што го ветивте, а што навистина сте оствариле: Велите: „Затворен зелен пазар со шопинг-центар, улично осветлување со лед-технологија...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top