Post Views: 12
Нацрт програмите за туризам и локален економски развој за 2022 година превидуваат реализација на неколку проекти. Вниманието на опозицијата во Градскиот Совет го свртеа проектите предвидени да се реализираат на површина од 400 метри квадратни во поранешната Касарна, адреналински парк, памп патека, како и проектот Смарт Бајк Систем кој предвидува набавка на 60 смарт велосипеди и поставување 10 паркинг места. Изградбата на адреналинскиот парк во нацрт програмата ќе чини околу 9,6 милион денари, а набавката на смарт велосипедите 160.000 евра.
Советникот од ВМРО НП, Ванчо...
Post Views: 6
Општините од регионов ги поднесоа проектните концепти до Советот на Југозападниот плански регион. 9- те општини имаат можност да искористат средства за развој во висина од 41 милион денари од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година. Може да се аплицира проекти за искористување средства од две области. Првата област е од заштита на животна средина и намалување на загадувањето на животната средина, а втората за подбрување на економскиот развој, туризмот и културата и подобрување на патната инфрастуктура. Општина Дебрца аплицира проект за втора фаза за...
Post Views: 1
Нема финансиски средства за енерегетска ефикасност за Центарот за култура „Григор Прличев“. Ресорното министерство не дало зелено светло за проектите со кои центарот аплицирал за подобрување на енергетска ефикасност на објектот. Станува збор за огромен простор кој во зимскиот период тешко се загрева и брзо се лади.
„Не добивме пари. Имавме аплицирано со проект да се замени дограмата во НУ. Не беше одобрена програмата, побаравме со проект да се сменат и влезно -излезните врати, во двете сали и тој проект беше одбиен. Во тој поглед не сум задоволен , но не се откажуваме...
Post Views: 6
СДСМ пред граѓаните и хотелеирите гордо се фалат со мерките и идеите препишани од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, обвинија денеска на прес конференција од општинскиот комитет на партијата. Лидија Петкоска, градски советник и претседателка на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ јавно праша како Премиерот дошол до бројката од 1 милион туристи со 3 милиони ноќевања остварени минатата година. „Нели сте свесни дека граѓаните знаат кој ја воведе и спроведе мерката за субвенционирање на странскиот организиран туристички промет? Георгиески да одговори кој напорно ги промовираше Охрид и Македонија...
Post Views: 3
Во Охрид и Дебрца се навреме завршени сите проекти за кои беа обезбедени средства од Југозападниот плански регион и општините. Министерот за локална самоуправа, Директорот на Бирото за рамномерен регионален развој заедно со претставници од центарот за југозападен плански региони и градоначалниците од Охрид и Дебрца га ги посетија детската градинка Развигорче на која беше реконструиран кровот, изградената пешачка патека кај Саат кулата и реконструираната училишна зграда во Волино. Сухеил Фазлиу, Министерот за локална самоуправа , изрази задоволство од реализираните проекти...
Post Views: 3
Нема да има паркинзи во централното градско подрачје, најави д-р Владимир Кочоски, заедничкиот кандидат на „Сојузот за Струга, доколку ја стекне довербата на стружани за наредните четири години. Кочоски во својата програма предлага нова сообраќајна студија со современи решенија, изградба на катни гаражи, широки и асфалтирани улици, функционален влез и излез во општината, со еден збор кажано се тоа изработено по европски терк.
„Во моментов во четригодишниот мандат предвидено е решевање на овие проблеми со изградба на неколку катни гаражи, со пробивање и проширување на...
Post Views: 0
Барањата на стружани се преточени во проекти. Проекти за сите подеднакво, без разлика на етничка или друга поделба. Тоа го кажа Д- р Владимир Кочоски, заедничкиот кандидат за градоначалник на „Сојузот за Струга“ на денешната прес конференција, која беше посветена на проектите кои се застапени во програмата за развој на Струга и струшко, а истите ќе бидат реализирани после 7 ми април.
„Општина Струга мора да си го добие епитетот за најубава и најгостопримлива општина. Во мојата програма не се заборавени руралните средини. И тие како и градот треба да се развиваат подеднакво....
Post Views: 1
Џамијата Мустафа Челеби во Струга ќе добие нов сјај. Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“ од Охрид, до крајот на оваа година ќе ја изврши конзервацијата и реставрацијата на овој верски објект кој во текот на минатата година беше делумно срушен.
Проектот за нејзината реставрација, Завод и музеј ќе го реализира со помош на турската агенција за соработка и координација-ТИКА. Директорката на Завод и музеј, Тања Паскали-Бунташеска, вели дека до 10 Март, проектите за конзервацијата би требало да бидат завршени.
„Интензивно се работи...
Post Views: 5
Според Законот за измени и дополнувања на законот за вработување во случај на невработеност наречен Македонија вработува 1 и 2 се вработени оклу 450 охриѓани. Во изминатите 2 години се до 27 јуни кога важел овој Закон биле искористени бенефиции при варботувањата со ослободување од плаќање придонеси за задолжително социјално осигурување за млади лица до 35 години и за ослободување од персонален данок на плата. Овие бенефиции ги искористиле неколку категории граѓани. Половина се млади до 35 години, но има и лица над 58 години, како и 10 лица од ранливите категории, информира...
Post Views: 0
Министерот за култура, Роберт Алаѓозоски од Охрид најави дека ќе се ревидираат проектите Скопје 2014 и Плаошник. Рефасадирање и разместување на спомениците од проектот Скопје 2014 оваа година не е приоритет. Но, вети ревизија во состојбите, кои потоа ќе се стават на увид на граѓаните. Наскоро ќе излезат со детали и за проектот на Плаошник, каде ќе се утврдува колку и со каква катност се градени објектите на охридскиот локалитет.
„ Ќе има ревидирање во новиот ребаланс на буџетот и одредени зафати во однос на Плаошник. Сериозно пристапуваме на проблемот.Наскоро тим...
Post Views: 5
Центарот за развој на Југозапдниот плански регион започна со активностите за имплементација на шест проекти одобрени од стана на владата на Р Македонија и финансирани преку министерство за локална самоуправа односно биро за регионален развој. На состанокот кој се одржа денеска во Струга претставниците на 13 те општини од регионов на некој начин беше иницијален за почеток на имплементација на проектот.
„Генерално сите проекти се во насока на програмата за национален развој на југозападниот плански регион со националната стратегија за рамноправен регионален развој. Сите...
Post Views: 0
Познати се проектите за кои општината одобри финансиски средства по јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2016 година. Општината од својот буџет годинава за оваа намена издвои 1 750 000 ден. за 58 субјекти кои се јавиле на јавниот повик.
Сметаме дека оваа сума е пристојна бидејќи ние ги кофинансираме , а не ги финансираме проектите. Се надевеме дека сите учесници на јавниот повик се задоволни од доделените средства за нивните проекти, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локланата самоуправа.
Најмногу проекти со кои е...