Локалната со микро проекти ќе ги развива руралните подрачја во охридско

Промовирана подстратегијата за рурален развој на општина Охрид. Од локалната рекоа дека нејзиното спроведување започнува веднаш, а ќе вклучува финансиска поддршка на микро проекти од месните заедници како и невладини организации.

 |  Мишел Наумоски  | 
strategija ruralen
стратегија рурален

Поддршка за микро проекти за развој на руралните подрачја во охридско. Денес во туристичкото место Елшани промовирана подстратегијата за рурален развој на општина Охрид. Според секретарот на општината, Димитар Спасески, станува збор за документ од исклучително значење за сите граѓани на Охрид и охридско. Тој потенцираше дека со самата промоција на стратегијата воедно започнува и нејзината реализација, а најави и скоро објавување на јавниот повик за доставување на проектите за развој на руралните средини.

strategija Elsani„Проектите кои што ќе ги одобруваме за оваа година, е предвидено само во рамките на програмата на Локалниот економски развој да се издвојат околу 2.100.000 денари така што овие средства преку проекти ќе бидат ставени на располагање на сите месни заедници, урбани заедници и невладини организации. Врз основа на повк ќе може да аплицираат со однапред утврден проект, специјална комисија во рамки на локалната самоуправа ќе ги разгледува проектите и ќе донесе соодветна одлука за нивно финансирање.“-вели секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.

Спасески вели дека апликантите сами одредуваат во која област да ги изработат проектите односно што за нивната заедница е приоритетно да се изработи, а еве што е приоритет според претседателот на месната заедница од Елшани, Игор Шопоски.

elsani strategija„Па за Елшани треба патот да се среди, патот е катастрофа, колекторскиот систем да се среди бидејќи колектор нема, водоводот, канализацијата, асфалтирањето на патот, реновирање на училиштето кое не е средено, уличното осветлување и други зафати.“-рече претседателот на месната заедница Елшани, Игор Шопоски.

Од Секторот за туризам и локален економски развој пак кои се изработувачи на оваа стратегија велат дека руралниот развој нема да го базираат само на неа, туку дека за таа цел тие изработиле и акционен план во кој се опфатени повеќе области на развој. Од таму додаваат дека за развојните приоритети решаваат самите апликанти.

„При нејзината изработка активно учество зедоа сите рурални средини, а приоритетите  кои што се дефинирани во оваа стратегија се исклучиво добиени преку соработка односно нивно учество во овие работилници. Ова не е план како локалната самоуправа планира да го трасира развојот на руралните средини туку во заедничка соработка со месните заедници најпрво се увидени нивните проблеми и потреби преку свот анализи при што се дојде до одредени приоритети кои се дефинирани по пат на гласање и тие приоритети ќе бидат во наредниот период она што е најударно за реализацијата на оваа стратегија.“-изјави Ѓоко Апостолов од Секторот за ТЛЕР.

Инаку од локалната велат дека оваа стратегија е прв документ во општината изработен во согласност со домашните и меѓународни стратешки документи, а го опфаќа периодот од 2014 до 2018та година.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top