Пехар за охридскиот ПХВ тим за проектите Дом,Светлина и Виделина

Пехар за охридскиот ПХВ тим за проектите  Дом, Светлина и Виделина.

 |  Валентина Неловска  | 
pehar
pehar

Пехар за проектите  Дом , Светлина и Виделина на охридскиот ПХВ тим на Црвен крст. Македонскиот Црвен крст додели  пехар и го награди трудот за реализирани проекти за хумани вредности на охридската организација. Десеминаторот Јованка Сион  Доленц која го предводеше ПХВ тимот сo 30-тина млади волонтери се заслужни за ова високо државно признание. Младите волонтери со три проекти дадоа несебичен придонес за добробит на општествената заедница. Со проектите Дом, Топлина и Виделина внесоа светлина во срцата на луѓето кои имаа потреба од помош. Заедно стравувавме и се радувавме и бевме тим кој секој од секого учи, кажа  Сион Доленц за успешната  реализација на проектите наменети за помош на ранлива категорија сограѓани.
pehar
„Ова претставува  знак за признавање на нашиот труд кој заедно со младите го вложивме за да го направиме Охрид поубаво место за живеење. За мене  како десиминатор програмата е предизвик. Работата со млади е благородна, но не е секогаш лесна. Имаше моменти на смеа, задоволство и радост, но и моменти од поголема поддршка, мотивација и поттик за да ги оствариме поставените цели, рече десиминаторот Јованка Сион Доленц.

Претседателот на Црвен крст Охрид ,Сашо Точков го искажа задоволството од  ангажирањето на младите хумани луѓе кои се вклучуваат во значајни прокти за заедницата. Нивната младост и енергија вградени во чувството  на хуманост го осмислуваат нивниот живот, му даваат содржина да биде  насочен кон помагање на оное кои имаат потреба од тоа“.

„ За жал бројот на луѓето кои страдаат е голем. Во секојдневната животна трка да не заборавиме сите ние да бидеме хумани и солидарни, да бидеме луѓе кои ќе се препознаваат по тие вредности. Од животот ќе го добиеме она што им го даваме на другите“, напомена претседтелот на ОО ЦК Сашо Точков.  
pehar
Градоначалникот на Охрид  Никола Бакрачески ј а поздрави заложбата на волонтерите од општинскиот  Црвен крст и  нивната поддршка да им помогнат на луѓето на кои таа им е најдрагоцена.

„Добивањето на ПХВ пехарот покрај тимот на ЦК треба да ја мотивира охридската заедница да се приклучи кон сите акции за ранливата група на граѓани. Само преку такви активности се гради хуманоста, взаемното разбирање, почитување и толеранција, културата на дијалог како основа за модерно мултиетничко, хумано општество“, се осврна.

Од 240 реализирани  проекти за хумaни вредности на државно ниво, 24 се проглаени за најуспешни, меѓу кои i трите на охридскиот Црвен крст. Во реализација на овие три проекти покрај волонтерите о Црвен крст,  свој придонес дале и родители, училишта, наставници и  ученици, институции , локалната самоуправа, општествено одговорни фирми и компании.   

Пехарот за проекти за хумани вредности го врачи Александра Ристовска од Црвен Крст на РМ. Доделувањето на пехарот беше проследено и со пригодна свечена програма.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top