Ознака: програма

Програмата за поставување времени објекти ги револтира граѓаните кои имаат такви објекти

Post Views: 0   Донесувањето на предлог Одлуката за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти на седницата на совет која се одржа во понеделникот, ги вознемири граѓаните кои имаат такви објекти. Денес реагираа сопствениците на објектите на локација бр. 6 која се наоѓа наспроти автобуската станица каде има 13 времени објекти. Таа одлука е крајно незаконска и поради нејзиното донесување ќе сносат одговорност и советниците кои ја изгласаа, а и градоначалникот кој е подносител. Овие објекти не може да се стават во таа програма бидејќи за нив има одлука на совет ...

Continue reading

Од втор обид изгласана предлог Одлуката за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти

Post Views: 1 Предлог Одлука за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти во општина Охрид за 2016 година, точка која предизвика најмногу дискусии на  педесет и седмата седница на Советот на општина Охрид. Откога на минатата седница оваа точка не беше изгласана, денес по втор пат беше ставена на дневен ред со објаснување дека е од исклучително значење за граѓаните на Охрид кои имаат времени објекти. Опозицијата со низа забелешки потенцираше дека со донесувањето на оваа одлука Локалната за едни граѓани ќе биде мајка, а за други маќеа бидејќи во 2013та година на...

Continue reading

Razlicni li sme

Дали навистина сме толку различни?

Post Views: 3 Сличностите кои постојат помеѓу етничките заедници кои живеат во Струга, треба да се покажат заедно со мултикултурните убавини на таа средина. Така Унеско клубот „Values of Struga“ денеска на чаршискиот мост во центарот на градот  организира настан како дел од проектот „Дали сме различни“ под наслов „Различни ли сме“. Зојка Наскова, национален стручен претставник на УНЕСКО во земјава посочи дека изборот на Струга како место каде овој ќе биде реализиран не е случаен. „Во текот на развојот на програмата и со консултација со локалните партнери избрани се три пилот општини,...

Continue reading

objekt

Охрид нема Програма за поставување на времени објекти

Post Views: 1 Програмата за поставување на времени објекти која требаше уште пред скоро 2 години  да ја изготви ЛС не е готова. Томе Џамтоски , портпаролот на општина Охрид информира дека таа е на разгледување во Министерството за транспорст и врски. „Не се 2 години туку 1 година и  3 месеци и се испреплетени повеќе интереси. Но, ЛС треба да работи според Законот и во интерес на граѓаните , па според тоа конечно програмата за поставување на времени објекти е завршена и по втор пат е доставена во МТВ  со одредени забелешки. Се надеваме наксоро ќе имаме позитивен одговор на програмата...

Continue reading

Годинешната програма за поставување урбана опрема претрпе измени и дополнувања

Post Views: 3 Годинешната програма за поставување урбана опрема претрпе измени и дополнувања. Таа содржи голем број новини со кои ќе се подобри урбаното живеење во градов. Најзначајно за граѓаните е што според неа е предвидено на три локации на улицата Македонски просветители да се постават подземни контејнери, а по се изгледа од ова лето ќе се намалат и проблемите со немање јавни тоалети. Тие ќе бидат поставени на неколку локации во градов каде фрекфенцијата на гости е најголема. Планирано е јавни тоалети да се монтираат кај Горна Порта, на Улицата „Кузман Капидан“ кај Плаошник,...

Continue reading

toefl

TOEFL тестот е новата подготвителна едукативна програма на Црвен крст Охрид

Post Views: 3 Од февруари почнува „Подгответе се за TOEFL тестот“ новата едукативна програма во реализација на  Црвен крст Охрид. Подготовките з атестот ќе бидат по симболична цена , а програмата  ќе се спроведува во наредните два и половина месеци, информира Мимоза Ставрева од ОО ЦК. „ Нудиме сосема поразлична програма од досегашните. Наменета не само за најмладите, туку и за студентите и вработените кои имаат потреба од ваква подготовка. Верувам дека пошироката јавност е запознаена со самата содржина   на тестот, затоа што е баран за сите оние кои сакаат да го продолжат своето образование...

Continue reading

Од синоќа започна предновогодишната програма во градов

Post Views: 2 Градоначалникот Никола Бакрачески ја обелодени програмата за предновогодишните и новогодишните празници.  За дочекoт на Новата 2016-та година охриѓани и гостите ќе ги забавуваат групата „Компас бенд“,  охриѓанецот Боби Мојсоски, музичката ѕвезда Викторија Лоба, охридски ди џеј  и ансамблот „Билјана Јуниор“.Градоначалникот очекува за новогодишната ноќ плоштадот да биде исполнет со гости, а ветува одлична празнична забава. Очекуваме преполн плоштад на самиот дочек, но и според најавите на туристичките агенции, хотелитерите како и од приватните станоиздавачи, очекуваме...

Continue reading

gradinka

Децата од градинка со пригодна програма го дочекаа Дедо Мраз

Post Views: 5 Дедо Мраз со полна вреќа подароци ги посети дечињата од градинката Јасна Ристеска. Со програмата за одбележување на Новогодишните празници ќе бидат опфатени  сите 830 деца згрижени во градинките. Децата од објектот  Лихнида и централната Јасна Ристеска со песна и игра му приредија весело добредојде на Дедо Мраз.   Утре е планирано Дедо Мраз да ги посети дечињата во објектот Росица, на 25 доаѓа во Развигорче и во Велгошти, а на 28 во Лескоец и Радојца Новичиќ. Централната прослава во организација на Локалната самоуправа  ќе се одржи на 26 декември во сабота, на пладне,...

Continue reading

ucilnica

Во сабота на училиште

Post Views: 1 Министерството за образование и наука мината недела ги извести сите општини каде наставата беше во прекин да изработат план за одработување на изгубените денови со препорака истите да бидат во неработните денови, односно во саботите и за тоа писмено да го известат Министерството и државниот просветен инспекторат, изјави вчера Министерот за образование и наука Панче Кралев. До крајот на учебната година има уште 10 саботи кога може да се одработат деновите, не вклучувајќи ги празниците. -Во случај да постојат објективни причини едно училиште да не може да го спроведе обработувањето...

Continue reading

Контроверзен закон за помош на дебели деца

Post Views: 1 Законодавците во Порторико сериозно ја разгледуваат можноста за донесување на закон кој би вовел казни за родителите на дебелите деца. Законот, сметаат во оваа карипска земја, би требало да го подобри здравјето на најмладите и да им помогне на родителите во донесување на исправни одлуки кога е во прашање исхраната во фамилијата. Во спротивно ги чека казна во износ од 800 американски долари. Расправата за новиот закон започнува оваа недела, најавил сенаторот Gilberto Rodrigez. Доколку новиот закон ја помине потребната процедура, наставниците во јавните училишта ќе имаат...

Continue reading

sednica na Sovet

Струга ли е, Скопје ли е?

Post Views: 0 Спора и задоцнета реакција на струшката општинска администрација. На последната седница на советот на општината, струшките советници наместо да гласаат за донесување на некои од ставките на предлог на буџетот на  општина Струга, всушност гласале за истите тие ставки, но за град Скопје. Претседателот на советот на Општина Струга, Џеваир Беќири вели дека не станува збор за некој голем пропуст. Беќири додава дека за грешката им било укажано од Секторот за финансии и дека станува збор за техничка грешка, па како таква и ја прифатиле. Претседателот потенцира дека речиси...

Continue reading

ucenicki

Нема веќе „Љубов после часови“

Post Views: 3 Ивана Јакимоска ученичка во ЦСУ „Нико Нестор – Струга, истакна дека заинтересираноста на учениците за воведување наставна програма по сексуално образование во оваа образовна установа е голема. Таа додава дека учениците дел од проектот на „ЦИВИКА“, отворено пред професорите ги коментирале сите непознаници од оваа сфера.Денес на последните предавања на трибината за сексуално и репродуктивно здравје говореа медицинари и стручни лица од оваа проблематика, а веќе изработена е и Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top