Во сабота на училиште

Училиштата во Македонија кои ја прекинаа поради лошите временски услови и обилните врнежи од снег, наставата ќе мора да ја одржат до крајот на годинава.

ucilnica
училница

Министерството за образование и наука мината недела ги извести сите општини каде наставата беше во прекин да изработат план за одработување на изгубените денови со препорака истите да бидат во неработните денови, односно во саботите и за тоа писмено да го известат Министерството и државниот просветен инспекторат, изјави вчера Министерот за образование и наука Панче Кралев. До крајот на учебната година има уште 10 саботи кога може да се одработат деновите, не вклучувајќи ги празниците.

ucilishte-Во случај да постојат објективни причини едно училиште да не може да го спроведе обработувањето во саботите кои следат, ќе бидат разгледани една од двете алтернативни мерки, а тоа е скратени програми кои ги има изработено Бирото за развој на образованието и продолжување на учебната година што е крајна мерка која не ја препорачуваме, истакна Кралев. Дел од општините заедно со училиштата веќе започнаа со одработување на изгубените денови.

Како резултат на студеното време и обилни снежни врнежи во 44 општини во Македонија, односно во 224 училишта наставата беше прекината. Во 3 општини, Гостивар, Чашка и Чучер-Сандево наставната програма беше прекината 10 дена, во 9 општини наставната програма беше прекината 9 денови додека во останатите општини бројот на денови кога наставната програма беше прекината е помал. Според проценките на МОН со прекинот на наставата беа опфатени 50% од учениците од основните училишта и 35% од учениците во средните училишта.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top