Ознака: претпријатие

zona b

Различни ставови околу тоа дали Советот треба да дава согласност на одлуката за промена на паркинг зоните

Post Views: 4 Советот на општина Охрид има надлежност само во давање на согласност на одлуките на Управниот одбор на ЈП „Билјанини извори“ по однос на регулирање на цените вели претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска. „Зонирањето на сообраќајниците, која во која зона ќе припаѓа е предмет на регулирање со правилник кој е интерен акт на ЈП „Билјанини извори“ и кој го носи Управниот одбор на јавното претпријатие без притоа да има потреба тој правен акт да поминува филтер на добивање на согласност на седница на Советот на општина Охрид.“-вели претседателката на...

Continue reading

grobishta

Добило или не субвенции ЈП „Градски гробишта“?

Post Views: 0 СДСМ со обвинувања до јавното претпријатие „Градски гробишта“ дека прикажува нереална слика од своето работење. Според СДСМ, претпријатието работи позитивно единствено поради тоа што истото остварило приходи од субвенции во износ од 3. 614. 978 денари во текот на изминатата година. „Зошто не убедуваат дека ние сме дале невистинити податоци не знам, кога е тоа извештај кој ни го приложи нас, како советници, раководството на јавното претпријатие, на кој јасно можете да видите, тука стои, субвенции во толкав износ. Да не беа тие субвенции она шо ние го наведовме во нашата...

Continue reading

parking

И на малиот полигон ќе се наплаќа за паркинг

Post Views: 1 Со паркингот кај поранешниот полигон за мали спортови од денес ќе стопанисува ЈП „Билјанини Извори“. Тој паркинг простор е сопственост на ГП „Гранит“.  Ова градежно претпријатие склучило договор за издавање под закуп на просторот наЈП „Билјанини извори“ во траење од една година.  Со тоа  ова јавно претпријатие  ќе врши економско оперирање на паркингот за што на „Гранит“ ќе му исплаќа соодветен процент. Во случајов „Гранит“ добива, но граѓаните губат. Инаку паркингот ќе биде дел од зоната Б, така што за еден час паркирање  ќе се наплаќа 20 денари. Уредувањето на просторот...

Continue reading

parking kuba

Ако е паркинг, треба да се уреди да личи на паркинг

Post Views: 4 Деновиве почна да се наплатува паркинг кај атрактивната плажа „Куба Либре“. Граѓаните затечени од тоа затоа што ништо на просторот не укажува дека станува збор на паркинг. Лицето кое што наплатува паркинг се претставувало како вработен во ЈП „Билјанини Извори“. Од прпетпријатието велат, паркингот е на Билјанини Извори и дека на него легално ја вршат дејноста организирање и наплата на паркинг.Просторот кој најмалку наликува на паркинг е дел од планот за спас на ЈП „Билјанини Извири“. Имено во писмениот допис од Локалната самоуправа се вели, цитат: „Паркингот оваа година...

Continue reading

ои

Општинскиот инспекторат ќе се сели од сегашната локација

Post Views: 0   30 -тина вработени од Општинскиот инспекторат наскоро ќе се селат од досегашната локација. Влезот пред инспекторатот  е запуштен и  нечист. Во моментов инспекторите работат во лоши услови без тоалети и  соодветен пристап за граѓаните.   „ Општинскиот инспекторат се наоѓаше во простории од ЈП „ Проаква“ кои пред 2 години биле извршени, а јавноста не била информирана за причините. Сега мора да се иселиме и да се сместиме во нови простории,“ кажува Милески.    Нови соодветни простори за работа во моментов се адаптираат во  јавното претпријатие „Градски пазар“. На оваа...

Continue reading

parking

Паркинзите на „Кеј Маршал-Тито“ лична сопственост или закуп?

Post Views: 3 Поставеното вертикално обележување на дел од паркинзите на „Кеј Маршал-Тито“ ги доведе во забуна граѓаните на Охрид. Дел од нив реагираа до Телевизија ТВМ прашувајќи како може сопствениците на угостителските објекти да ги користат овие паркинзи притоа обележувајќи ги со вертикална сигнализација како нивна сопственост. Со цел да одговориме на овие прашања го контактиравме директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев. Тој ни рече дека овие паркинзи кои тие ги добиле со одлука на совет уште на 5ти Декември 2013та година на барање на угостителите кои гравитираат на оваа...

Continue reading

fontana

Фонтаната кај Чинарот заборавена од надлежните

Post Views: 23 Институциите заборавија на одржувањето на хигиената на градската чешма под Чинарот. Таа  во топлите денови е вистински спас од жештината но се „дави“ во нечистотија. Граѓаните и туристите кои тука во голем број ја гасат  жедта мора да замижат пред грдата глетка. Порачуваат надлежните да не дозволат  еден туристички град како Охрид да бидат неодговорни за нејзината  хигиена.     Наталожената нечистотија која се пластела со години е недозволива. Околните дуќанџии коментираат дека фонтаната веќе подолго време не ја чисти никој. Внатрешниот дел на фонтанатат последен пат...

Continue reading

aktivnost

„Нискоградба“ приклучува објекти на системот за одведување отпадни води

Post Views: 9 Јавното Претпријатие НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, изведува градежни активности, кои се однесуваат на приклучок на објекти во системот за одведување на отпадни води. Едниот приклучок се изведува на ул. Радојца Новичиќ во градскиот реон, додека другиот се изведува кај  Хотелот Силекс. {loadposition content9}

Continue reading

logo

ЈП „Нискоградба“ отстранува билборди

Post Views: 4 Јавното Претпријатие НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, денес 21.05.14 год. извршува градежни активности на следните локации: Отстранување на билборди на влезот на градот кај бензиска пумпа Окта (петља). Санирање на оштетена бекатонска подлога , при вадење на пресечените дрва на ул. „Партизанска“. Санирање (нивелирање на бекатонска површина) кај хотел Гарден. {loadposition content9}

Continue reading

grobishta

Се уредуваат муслиманските гробишта во Охрид

Post Views: 24 Екипите на Јавното претпријатие „ Градски гробишта“ деновиве интензивно работат на поставување на нови ивичници на постојните патеки во муслиманските гробишта. По санирањето на патеките и поставувањето на нови и замена на оштетените ивичници, просторот околу нив, хортикултурно ќе биде уреден. {loadposition content9}

Continue reading

zeleznicka

Се санираат шахтите на Бул.„Железничка“

Post Views: 5 Јавното Претпријатие НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид,  започна со санирање на оштетените шахти на бул. Железничка. Со тоа  се зголемува безбедноста на учесниците во сообраќајот и подобрува патната инфраструктура на оваа значајна сообраќајница. {loadposition content9}

Continue reading

logo

ВМРО-НП:Паркинзите да останат во рацете на ЈП „Биљанини Извори“

Post Views: 4 Од ОК на ВМРО-НП апелираат до Локалната самоуправа да не ги дава паркинзите на приватен сопственик туку таа да раководи со нив. „Како што најавивме и предупредивме, власта на ДПМНЕ одма по завршувањето на изборите ги стави паркинзите на точка на дневен ред во Советот на Општина Охрид.  Сето тоа само заради стравот од губење гласови на изборите и манипулирање со гласачите.“ „Сакаме уште еднаш да ги потсетиме дека токму на темата паркинзи тие освоија најголем дел од гласовите на последните локални избори во 2013 година. Пред изборите, заради некоординираност, но и заради...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top