Ако е паркинг, треба да се уреди да личи на паркинг

Деновиве почна да се наплатува паркинг кај атрактивната плажа „Куба Либре“.

 |  Николоска Биљана  | 
parking kuba
паркинг куба

parking kubaДеновиве почна да се наплатува паркинг кај атрактивната плажа „Куба Либре“. Граѓаните затечени од тоа затоа што ништо на просторот не укажува дека станува збор на паркинг.

Лицето кое што наплатува паркинг се претставувало како вработен во ЈП „Билјанини Извори“. Од прпетпријатието велат, паркингот е на Билјанини Извори и дека на него легално ја вршат дејноста организирање и наплата на паркинг.
Просторот кој најмалку наликува на паркинг е дел од планот за спас на ЈП „Билјанини Извири“. Имено во писмениот допис од Локалната самоуправа се вели, цитат:

parking kuba„Паркингот оваа година после неколку години од како беше доделен, се стави во владение на јавното претпријатие кое сега од него остварува драгоцени приходи , а се со цел финансиска стабилизаија на презадолженото претпријатие кое поранешната локална власт и менаџментот токму со ваквото не одговорно однесување, меѓу другото и со не ставање на паркинзи по плажите во функција го оставија претпрјатието без приходи и во милионски долгови.“

Од ЈП не успеавме да добиеме одговор зошто кога донесле решение да вршат наплата на  овој простор не го уредиле и обележале истиот по основните стандарди. Деновиве паркинзите беа актуелни и по реакциите на граѓаните дека паркирањето во втората зона е поскапено. Од Билјанини Извори велат дека не е промената цената на паркирањето, дошло до промена на зоните, односно дел од паркинзите од втора зона со одлука на Управен одбор, се префрлени во прва зона. Оваа одлука ќе се спроведува додека во центарот на Охрид на сила е летниот режим на сообраќај.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top