Паркинзите на „Кеј Маршал-Тито“ лична сопственост или закуп?

Овие паркинзи се во владение на јавното претпријатие „Билјанини извори“ но  истите се отстапени на угостителите кои гравитираат на овој потег за соодветен месечен надомест.

 |  Мишел Наумоски  | 
parking
паркинг

parking ugostiteliПоставеното вертикално обележување на дел од паркинзите на „Кеј Маршал-Тито“ ги доведе во забуна граѓаните на Охрид. Дел од нив реагираа до Телевизија ТВМ прашувајќи како може сопствениците на угостителските објекти да ги користат овие паркинзи притоа обележувајќи ги со вертикална сигнализација како нивна сопственост. Со цел да одговориме на овие прашања го контактиравме директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев. Тој ни рече дека овие паркинзи кои тие ги добиле со одлука на совет уште на 5ти Декември 2013та година на барање на угостителите кои гравитираат на оваа улица им ги отстапиле на користење за одреден месечен надомест. Што се однесува до вертикалната сигнализација, Мишев дециден.

Kej Marsal Tito parkinzi„Во склучените договори со закупците, во член 7, стои обврската дека закупецот на паркинг просторот е должен само да го обележи паркинг просторот, а не да поставува вертикални знаци, како што е во конкретниов случај каде што закупците си поставиле вертикални знаци. Во текот на денешниов ден, од страна на ЈП „Билјанини извори“ е пуштена опомена во која што стои доколку во рок од 5 дена не ги отстранат вертикалните знаци, ќе следи еднострано раскинување на договорот со закупците на паркинг просторот и во иднина паркинзите во тој дел на градот ќе продолжиме да ги стопанисуваме сами.“-вели директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев.

Мишев информира дека важечките договори за краткотраен закуп на овие паркинг места, се во траење од една година од денот на склучувањето.

ТВМ дознава дека јавното претпријатие за овие паркинзи од закупците добива месечен надомест од 1800 денари. Што се однесува за паркинзите на  потег од Ројал Вју до хотел Гарден од „Билјанини извори“ оцениле дека на долг рок, имаат поголема економска оправданост доколку истите ги издаваат под закуп бидејќи константно во текот на годината би го добивале тој месечен надомест. Инаку како што стои и во јавно достапниот ценовник на јавното претпријатие, ваква можност за закуп на паркинг место за месечен надомест од 500 денари, имаат и физички лица.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top