• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Различни ставови околу тоа дали Советот треба да дава согласност на одлуката за промена на паркинг зоните

Различни ставови околу тоа дали Советот треба да дава согласност на одлуката за промена на паркинг зоните

„Советот на општина Охрид“ нема ингеренции во давање согласност околу зонирањето на паркинзите, децидна претседателката на Советот, Гордана Коњановска.  Додава дека одлуката за тоа кој паркинг во која зона ќе припаѓа, се носи по правилник кој е интерен акт на јавното претпријатие „Билјанини извори“. Нејнизиното мислење не го дели предходниот претседател на Советот на Општина Охрид, Душко Јаковчески.

 |  Мишел Наумоски  | 
zona b
зона б

Советот на општина Охрид има надлежност само во давање на согласност на одлуките на Управниот одбор на ЈП „Билјанини извори“ по однос на регулирање на цените вели претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска.

opstina Ohrid„Зонирањето на сообраќајниците, која во која зона ќе припаѓа е предмет на регулирање со правилник кој е интерен акт на ЈП „Билјанини извори“ и кој го носи Управниот одбор на јавното претпријатие без притоа да има потреба тој правен акт да поминува филтер на добивање на согласност на седница на Советот на општина Охрид.“-вели претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска.

Според нејзиниот предходник, поранешен претседател на Советот на општина Охрид и правник, Душко Јаковчески, Советот како основач на Јавните претпријатија мора да даде согласност на одлуките на Управните одбори на јавните претпријатие или во случајов на ЈП „Билјанини извори“.

parking zona„Во конкретниов случај, на мала врата мене ми се чини сакаат да се изиграат законските прописи со тоа што се прескокнува Советот затоа што не се носи конкретен ценовник, туку во случајов само се менуваат зоните. Меѓутоа тука и правно и искуствено ако сакате бидејќи тоа ги засега граѓаните, мое мислење и сметам дека овде Советот е навистина прескокнат, а Советот мора да се произнесе по ваквите одлука на Управниот одбор.“-рече Душко Јаковчески, поранешен претседател на Советот на општина Охрид.

Побаравме и мислењето од  координаторите на советничките група на ВМРО ДПМНЕ, Илија Арнаудоски и на СДСМ, Јован Стојаноски. Координаторот на охридските социјалдемократи во советот со став.

„Тоа е на некој начин една имплицитна одлука која што ја донесе управниот одбор на јавното претпријатие „Билјанини извори“ за промена на припадноста на улиците во Зона А и Зона Б и на таков начин тие индиректно извршиле промена на цената што значи дека требало да се разговара. Во една таква конфузна ситуација заради која што во овој момент имаме според мене дискриминирани и оштетени граѓани, сметам дека јавното претпријатие „Билјанини извори“ треба да даде отчет под надлежните институции, а тоа е во секој случај неговиот основач, а тоа е Советот на општина Охрид.“-изјави координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски.

parking zona bКоординаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Арнаудоски иако првично во телефонски разговор се согласи во текот на денот да ни го пренесе ставот на неговата советничка група, до затворањето на дневникот не одговори на нашите телефонски повици со што јавноста остана покуса за ставот на мнозинството во советот. Иако пред само 3 дена од ЈП Билјанини извори во допис како одговор на наше прашање не ја исклучија можноста по 15ти септември паркинзите кои летово беа префрлени од зона Б во зона А да останат во поскапата зона, денес ретерираат во ставовите. Во телефонски разговор, директорот на претпријатието, Ристе Мишев не информира дека со завршувањето на летниот режим на сообраќај, паркинзите кои беа префрлени во Зона А, ќе се вратат во првобитната Зона Б. Сепак останува отворено прашањето, дали во иднина управниот одбор на јп може да го менува зонирањето на паркинзите без за тоа да добие согласност од Советот на општината.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top