Ознака: пренесува

Партискиот став мора јасно да се посочи

Post Views: 9 Текстот што го рецензираме со наслов ,,СДСМ е вирусот кој треба Македонија да го победи”, иако е сместен во рубриката вести, демонстрира прекршување на членот 14 од Кодексот на новинарите. Проблемот со презентираната информација, е тоа што партиско соопштение е претставено без атрибуција, без наведување на извор, без елементарна редактура и оградување од политичкиот субјект што ги изнесува ставовите. На ваков начин, новинарот го сообразил жанрот вест, со партиското соопштение, доведувајќи го читателот во можна заблуда и учествувајќи во пропаганда односно навивање. Членот...

Continue reading

Детергентот Ариел повлечен од продажба

Post Views: 11 Американската компанија Procter&Gamble денес гo повлекла од продажба во Германија, детергентот за перење Ариел во промотивното пакување, на кое, како што се наведува, случајно се нашло неонацистичко одбележје. Спрема соопштението на компанијата, стопирана е продажбата на детергентот на кој е сликата со бел фудбалски дрес и бројот 88 (напишан со црна боја), поради бурните реакции на јавноста на социјалните мрежи, пренесува агенцијата Франс прес. Имено, бројот 88 има посебна симболика за нацистите. Бројот 8 екстремната десница го поврзува со осмата по ред буква во...

Continue reading

Облекол на себе пола милион пчели

Post Views: 5 Кинезот Ше Пинг одлучил да “облече” капут од 456.500 пчели. Зошто? За да докаже дека изработува мед од вистински пчели. Кога некој на себе ќе навлече скоро пола милион пчели, се очекува да има илјадници убоди на телото, но Ше Пинг поминал само со 20. Додека го изведувал 40 минутниот перфоманс со пчелите, публиката со недоверба  го гледала како се претвора во жива статуа со пчели. “Кога тоа го направив прв пат на 22 години, беше поради забава и љубопитност. Подоцна ги навлекував пчелите на себе само да ги уверам луѓето дека произведувам мед од вистински пчели”, рекол...

Continue reading

Моќен надзорен систем

Post Views: 0 Направиле надзорен систем кој може да ги сними буквално сите телефонски разговори во држава која NSA наумила да ја следи, пишува Вашингтон Пост. Повикувајќи се на неименувани извори кои директно го познаваат системот, како и документите кои ги обелодени Едвард Сноуден, Вашингтон Пост пишува дека гласот кој е цел на NSA е пресретнуван со употреба на програмата „Мистик“ кој почналa да се применува во 2009 година и програмата „Ретро“ како алат за примена. Примената на овие програми достигнале кулминација во 2011 година, пренесува агенцијата Ројтерс. Надзорниот систем на...

Continue reading

Гинисов рекорд за 8-ми март

Post Views: 2 Повеќе од 10.000 луѓе се собрале во престолнината на Филипини, Манила, и пробувајќи да постават светски рекорд во формирање на симболот “жена“ на светскиот ден на жената. Случувањето го спонзорирала Комисијата за жени во владата на Филипини и локланиот производител на Кока-Кола, пренесува AFP. Во најголемиот парк во Манила се собрале 10.168 лица кои формирале огромен симбол на жената. Организаторите велат дека ќе биде потребно да помине една недела додека рекордот и званично ќе се потврди. До сега не е забележан ваков рекорд во формирање симбол на жената.

Continue reading

Руски сили завземале терминал

Post Views: 1 Проруски трупи утрово го завзеле терминалот за траекти во градот Керч, најисточната точка на Крим, од каде тргнуваат голем број на треакти кон Русија. Превземањето на тој терминал во Керч, околу 20 км. oддалечен по морски пат од Русија, ги поттикна стравувањата дека Москва планира да доведе додатни воени сили во овој стратешки важен регион, додека Западот ги разгледува можните реакции на тие руски потези, пренесува AP. Трупите за кои званичен Киев наведува дека се состојат од руски војници кои досега ги имаат завземено аеродромите на Крим, и ја уништиле опремата во една...

Continue reading

Нови 6000 руски војници во Украина

Post Views: 1 Американскиот амбасадор во Обединетите нации Саманта Пауер на вонредниот состанок, свикан на барање на Литванија, и на консултациите во советот на безбедност побарала итно на Крим да се прати меѓународна посредничка мисија со цел да се смири напнатоста, и ја повикала Русија да ги повлече трупите од регионот, пренесува АFP. “Многу сме загрижени за руското воено разместување”, им рекла Пауер на новинарите. “САД ја повикуваат Русија да ги повлече воените трупи кои секојдневно се зголемуваат во регионот и да му дозволи на Украинскиот народ да избере сопствена влада, да одлучува...

Continue reading

Два преседани истовремено

Post Views: 8 Прв пат во својата историја, поставиле жена како член на управен одбор на Хонда и еден странец за оперативен директор на компанијата. Како што се наведува во соопштението на Хонда, во управниот одбор на компанијата ќе се придружи технолошкиот експерт Хидеко Куни (66), а Бразилецот со јапонско потекло Исао Мицогучи, кој веќе 30 години раководи со работењето на Хонда во Јужна Америка, е именуван за нов оперативен директор на компанијата, пренесува AP. Јапонската компанија се најде под критики дека промовираат само јапонски државјани, и ова е за прв пат да се направат два...

Continue reading

Како тоа го решаваат во Севастопол

Post Views: 8 Граѓаните на Севастопол, каде се наоѓа руската поморска база, а се верува дека и Јанукович, излегоа на улица затоа што не сакале Киевско сценарио. Властите во градот се сменети. Како што пренесува Itar-Tas, претставниците на градските власти на Крим, кој се смета за главна база на руската поморска флота од 1783 година, морале да му ја доверат градската администрација на бизнисменот Алексеј Чалиј, затоа што тоа го барале илјадници граѓани кои излегле на улица во знак на протест за случувањата во Киев, барајќи сами да одлучуваат за својата судбина. Граѓаните ја блокирале...

Continue reading

Osama Bin Laden

Зошто американците ги уништиле фотографиите од убиството на Бин Ладен?

Post Views: 2 Шефот на американската специјална операција, адмирал Вилијам Мекравен, единаесет дена по убиството на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, наредил да се уништат сите фотографии од неговиот труп или да и бидат предадени на ЦИА, пренесува Еј–Би–Си. Оваа информација е објавена откако во јавноста се појави неговата порака која била испратена до неговите подредени на 13 мај 2011 година. Наредбата за уништување стигнала откако активисти побарале слободен пристап до информациите бидејќи убиството на Осама бин Ладен било нетранспарентно по однос на информирањето на јавноста. На...

Continue reading

testament

Тестаментот на Мандела, „јаболко на раздорот“ за неговото семејство

Post Views: 2 Поранешниот претседател на Јужна Африка Нелсон Мандела оставил зад себе имот вреден нешто повеќе од четири милиони долари, стои во тестаментот што е отворен вчера, пренесува Би-Би-Си. Како што соопшти извршителот на тестаментот Дикганг Мосенеке, тестаментот е напишан на 40 страници.Мандела еден дел од имотот наменил за школување на децата од неговото родно место. Исто така, дел од имотот ќе добијат и членовите на неговото семејство и личниот персонал. Тестаментот е прочитан во Јоханесбург, а би можел да биде нов повод за препирки меѓу членовите на неговото многубројно...

Continue reading

sobarka

Британската кралица бара собарки

Post Views: 7 Бакингемската палата во Лондон распишала оглас дека бара собар или собарка, кои би работеле за 17.400 евра годишно за осумчасовно работно време , пет дена неделно со вклучено сместување и бесплатна храна, пренесува агенцијата „Асошиејтид Франс прес“. Оттаму бараат личност која ќе биде задолжена за одржување на кралските купатила, за чистење, презентација и грижа за гостите во официјалната резиденција на британската кралица Елизабета Втора. Во должноста на овој персонал се вклучува и носење на работите на хемиско чистење, грижа за накитот, подготвување купки, помагање...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top