Гинисов рекорд за 8-ми март

Формирале симбол на жената

 |  инфодеск  | 

Повеќе од 10.000 луѓе се собрале во престолнината на Филипини, Манила, и пробувајќи да постават светски рекорд во формирање на симболот жена“ на светскиот ден на жената.

Случувањето го спонзорирала Комисијата за жени во владата на Филипини и локланиот производител на Кока-Кола, пренесува AFP.

Во најголемиот парк во Манила се собрале 10.168 лица кои формирале огромен симбол на жената.

Организаторите велат дека ќе биде потребно да помине една недела додека рекордот и званично ќе се потврди.

До сега не е забележан ваков рекорд во формирање симбол на жената.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top