Облекол на себе пола милион пчели

Набрзина добил 45 килограми повеќе

 |  инфодеск  | 

Кинезот Ше Пинг одлучил да “облече” капут од 456.500 пчели. Зошто? За да докаже дека изработува мед од вистински пчели.

Кога некој на себе ќе навлече скоро пола милион пчели, се очекува да има илјадници убоди на телото, но Ше Пинг поминал само со 20. Додека го изведувал 40 минутниот перфоманс со пчелите, публиката со недоверба  го гледала како се претвора во жива статуа со пчели.

“Кога тоа го направив прв пат на 22 години, беше поради забава и љубопитност. Подоцна ги навлекував пчелите на себе само да ги уверам луѓето дека произведувам мед од вистински пчели”, рекол Пинг, а пренесува Guardian.

Чувството додека е прекриен со пчели, Пинг го опишува како нервоза, гушење и врелина. Неговата сопруга е загрижена додека тој ги изведува своите перфоманси и се плаши дека би можел сериозно да го загрози војот живот ако продолжи. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top