Два преседани истовремено

Прв пат во својата историја

Прв пат во својата историја, поставиле жена како член на управен одбор на Хонда и еден странец за оперативен директор на компанијата. Како што се наведува во соопштението на Хонда, во управниот одбор на компанијата ќе се придружи технолошкиот експерт Хидеко Куни (66), а Бразилецот со јапонско потекло Исао Мицогучи, кој веќе 30 години раководи со работењето на Хонда во Јужна Америка, е именуван за нов оперативен директор на компанијата, пренесува AP.

Јапонската компанија се најде под критики дека промовираат само јапонски државјани, и ова е за прв пат да се направат два преседани истовремено во таа компанија.

Поставување на жени на лидерски позиции во компаниите е еден од столбовите на политиката на јапонскиот премиер Шинзо Абе за оживување на ослабената економија на Јапонија.

два, дека, директор, државјани, жени, историја, јапонската, јапонски, компанијата, критики, најде, направат, одбор, оперативен, поставување, пренесува, преседани, промовираат, својата, Хонда

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top