Ознака: поплави

Колекторска шахта го поплави патот накај хотел Парк

Post Views: 10   Дефект на колекторскиот систем целосно поплави дел од патот од потегот кај плажата Бела Виста накај хотелот Парк. Минувачите на пат кон плажите кога ќе стигнеа до езерцето формирано од нечиста колекторска вода се враќаа назад. Оние поупорните прескокнуваа по дрвени палети за да поминат по патот. Од дежурната екипа на МЈП Проаква Работна единица Водовод Охрид, велат дека станува збор за прелевање на колекторска шахта поради запушена канализација од колекторскиот систем.  Додаваат дека нивните екипи како и екипите на ЈП Нискоградба Охрид, работат на отстранување на...

Continue reading

Луѓето се повикани да се засолнат на повисоки подрачја

Post Views: 0 Североистокот на САД, по снежните бури кои оваа недела однесе 13 животи, се припрема за поплави со најавеното затоплување кое ќе го стопи снегот. Спрема државната хидрометеоролошка служба снегот во најтешко погодените подрачја содржи во себе помеѓу 10 и 15 цм вода. Западниот дел од државата Њујорк, а посебно подрачјето на градот Бафало од средата го затрпа повеќе од два метра снег. Се очекува во наредните денови зголемување на температурите до 10 степени целзиусови но и повеќе, а во прогнозата се очекува и дожд. Американскиот црвен крст го повика населението да се засолни...

Continue reading

blato

Студенчишкото Блато како природна заштита од поплави и други природни непогоди

Post Views: 2 Студенчишкото Блато-природна заштита од поплави и други природни непогоди. Покрај неговата уникатност со бројните примероци од флора и фауна голем дел од кои се и ендемски видови, како и неговата функција на филтрирање на езерото, Студенчишкото Блато воедно помага и во одбрана на градот и езерото од поплави, кои деновиве се и тоа како актуелни. Денес на светскиот ден на мочуришните предели, Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат потсети на значењето на овој значаен еко-систем. „Студенчишкото Блато покрај тоа што е живеалиште на поголем број примероци, некои ендемски...

Continue reading

merko na teren

Деноноќна работа на терен

Post Views: 2 Струга од сите страни се штити од поплавите. Екипите на МЈП „Проаква“ 24 часа на терен. Повеќе критични точки се третираат деноноќно. Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, сеуште e оптимист во своите изјави дека ќе се надмине состојбата со високиот водостој на Охридското езеро. Мерко истакна дека состојбата во Струга е под контрола. Тој додаде дека моментално најмногу се сконцентрирани на еден од најважните потези, а тоа е северниот канал на патната магистрала Струга – Ќафасан. Според него тој канал ги опфаќа водите на цела источна страна. Населбата каде...

Continue reading

Crn Drim

Струга живее во страв од поплава

Post Views: 20 Иако овој проблем сериозно се надвиснува не само во Струга туку и пошироко, надлежните седат со скрстени раце и досега не мрднале ниту со малиот прст, сметаат еколозите од Струга. Покачениот водостој на Охридското езеро освен што е критичен и за 11 см ја надмина законски пропишаната кота со Р. Албанија, дополнително ја влоши состојбата и со реките и речните сливови во Охридско –струшкиот регион. Мате Гогоски, екологист од Струга, вели дека не памети ваква рамнодушност на надлежните пред една сериозна состојба, која во најмала рака може да нанесе катастрофални и несогледливи...

Continue reading

kanal

Дождовите доаѓаат, а каналите и речните корита плачат за чистење

Post Views: 3 Од вчера и официјално започна есента, а со тоа доаѓаат и обилните есенски дождови. Граѓаните сугерираат Локалната што поскоро да ги исчисти каналите и речните корита како не би дошло до појава на поплави на некои критични места во градот. Моменталната состојба на каналите и реките е на незавидно ниво. Натрупана земја, чакал, пластична амбалажа и друг вид отпад може да се види во оние кои не се обраснати со бујна вегетација. Од Локалната тврдат дека каналите и речните корита не се во толку лоша состојба. Според она што лани нашите екипи го сработија каналите не се во...

Continue reading

poplava srbija

Здружението „Брег на младоста“ќе помага во поплавените региони

Post Views: 2 Охридското здружение „Брег на младоста“ ќе помага на настраданите во поплавите од Србија, Босна и Хрватска. Членови на здружението, од 18 до 60 години подготвени се некаде кон средината на месец јуни да заминат во градовите погодени од катастрофалните поплави, со цел да помогнат во изградба, санација и ревитализација на просторните и животни услови на тие места. Зоран Стевоски од здружението вели дека следуваат подготовки и медицински обуки на луѓето кои ќе помагаат. „Во овој момет не можеме да тагуваме, не можеме да бидеме рамнодушни, сега е време за хуманост, солидарност...

Continue reading

poplava srbija

Црвен Крст од Охрид подготвен да помага во Србија

Post Views: 2 Деновиве Црвениот крст од Охрид е во постојана комуникација со Крагуевац и Ужице, општините кои се погодени од катастрофални поплави, а со кои пак нашиот град е збратимен. Претседателот Сашо Точков, вели дека од нивна страна на двете српски општини им била понудена помош со она што тие го имаат на располагање, односно на готовс се единиците за спасување на планина и непристапни терени. „Ние веќе подготвивме 4 тима на спасители со потребната опрема, тоа се спасителни чамци , средства за спасување и дел од оние логистички ресурси кои што ги имаме дел ќебиња и останати...

Continue reading

Ohrid

Охриѓани лути на прогнозерите на земјотрес

Post Views: 1 Нивото на Охридското Езеро и вчера порасна и достигна 21 сантиметар над дозволената граница, но од Центарот за управување со кризи информираа дека состојбата е стабилна и дека од денеска се очекува опаѓање на нивото на водата. Според нив, ова се должи на намелениот дотек од реките Сатеска и Коселска, кои се влеваат во езерото, како и поради хидрометеролошките најави за сончев викенд. Охриѓани од вчера ги загрижува и прашањето дали на Охрид му се закануваат земјотреси. Тие се лути на локалната самоуправа и на медиумите, кои јавно изнеле ставови на нестручни лица, во кои...

Continue reading

reka

Се излејаа Црна Река и Треска

Post Views: 14 Половина од површините кои  беа поплавени од Црна Река се одводнети, но реката почна да се излева кај демирхисарските села Единаковци, Света и Бучин, соопшти Центарот за управување со кризи. Реката Треска, пак, е излеана од своето корито во атарот на селата Пласница и Лисичани. Поплавени се површини од околу 10 хектари (ливади и необработена земјоделска површина), а делумно е поплавен и дворот на ОУ „Мирче Ацев“ во с.Лисичани. Не се загрозени други објекти и друга инфраструктура. Излевање на Треска има и во Македонски Брод. Одржана е работна средба меѓу ракодителите...

Continue reading

река

Исечено стебло и гранки во коритото на Коселска Река опасност од нејзино излевање

Post Views: 21 Исечено ореово стебло и фрлени гранки во речното  корито опасност да се излее  Коселска Река. Во близина на село Орман екипи на ЕВН  ги исекле стеблото и гранките и истите ги оставиле во речното корито каде се попречува водотекот. Неодоговорното однесување на екипите и доаѓањето на есенските дождови може да предизвикаат поплави од речното излевање, вели земјодeлецот од Орман, Ванчо Стојаноски. Сега стравува да не се повторат поплавите од пред две години. „Повеќе од еден месец вработените од ЕВН кои ја одржуваат трасата од далеководот од Охрид, Орман и Лакочереј, пресекоа...

Continue reading

Поплавите се гледаат од вселената

Post Views: 4 Снимките на Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска се направени со сателитот Aqua на 19 мај. На нив јасно се гледаат поплавените региони кои се истакнати со црна боја во однос на зелената која ја претставува вегетацијата и земјата која е со сива боја. Боите се малку изменети за полесно да се воочи разликата во димензиите на реките, се наведува на интернет страницата на NASA Earth Observatory. На подрачјето на Балканот во тек на три дена паднала количина на дожд еднаква на тримесечен просек, што доведе до разорни поплави и загуба на човечки животи. {loadposition cont...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top