Ознака: поплави

Нов воден бран

Post Views: 5 Опасноста од поплави и понатаму останува на снага во Хрватска, бидејќи доаѓа нов бран од Словенија и прети на општините Јасеновац и Велика Горица. Доаѓањето на бранот се очекува во вторник, сите служби се на терен, а помага и војската. Во општините Јасеновац, Лекеник и Липовлјани е прогласена вонредна состојба за опасност од поплави, а евакуацијата е можна на жителите на Требеж, Плесмо, и Краљеви Велики. Повеќе вода контролирано се испушта од браната Требеж. Во делови на Чичка полјана водата се излеа преку патиштата и дворовите од куќите, но водостојот расте, вели извештајот...

Continue reading

Поплавите под контрола

Post Views: 4 По драматичната ноќ, која после топењето на снегот и поплавите се случија во Хрватска, состојбата се подобрува. Обилните врнежи, растот на подземните води, запушените канали и топењето на снегот предизвикаа поплави во поголем дел на Хрватска. Купа и Корана во Карловац се во опаѓање по ноќешниот воден бран. Водата ги проби шахтите и ги поплави околните делови на градот, а некои делови дошло и до прекин на електрична енергија. Водостојот на Купа во Карловац е најголем во последните 40 години. Рекордните врнежи предизвикаа поплави на станбени, земјоделски и сообраќајни...

Continue reading

Вонредна состојба поради поплави

Post Views: 15 Поради обилни дождови во Загреб и околината во текот на ноќта имало повеќе од 65 интервенции во поплавени куќи и подруми, известија утрово од загребачкиот центар 112. Од вчера од 18 часот до три наутро на терен имало 65 интервенции на противпожарните единици на испумпување на вода од подруми и приземја на куќи на цела околина на Загреб, а најмногу во Кашина, Великогорската околија и Зелински крај, истакнуваат од центарот 112 на државната управа за заштита и спасување. Проценуваат дека до утрово ќе имаат преку 100 интервенции бидејќи повиците од граѓаните не престанувале...

Continue reading

Бретања

Поплави во Франција и Шпанија

Post Views: 1 Француската метеоролошка служба прогласи највисоко, црвено ниво на тревога поради поплавите во крајбрежната област Бретања. Во изминатите денови баскиската област на француската граница со Шпанија, ја погоди невреме кое предизвика огромни бранови, силни ветрови и поројни дождови. Во невремето еден шпански товарен брод удри во ѕид во француското пристаниште Бајон.Во Шпанија ветрот со јачина од 130 километри на час, предизвика бранови на западниот брег високи осум метри и предизвикаа штети од повеќе милиони евра. Невреме ја погоди и Велика Британија, која ја ангажираше...

Continue reading

prognoza

Силна снежна бура демне над Северна Европа

Post Views: 2 На државите од Северна Европа им се заканува големо невреме проследено со  обилни снежни врнежи, што се очекува да доведе до проблеми во сообраќајот, поплави и покачување на нивото на Северното Море. Во Велика Британија на одделни места во земјата ветровите можат да достигнат јачина и до 145 километри на час, а најтешка ќе биде ситуацијата во северна и западна Шкотска. Во текот на денот се очекува и Северна Германија да ја зафатат силни ветрови со 140 километри на час.Се очекува најтешко погоден да биде реонот на Хамбург. Таму аеродромот веќе ги предупреди патниците...

Continue reading

poplavi kolorado

Поплавите во Колорадо ги однесоа првите жртви

Post Views: 0 Најмалку осум лица загинаа, а 650 се водат за исчезнати во катастрофалните поплави што ја зафатија американската сојузна држава Колорадо, соопштија локалните власти. Постои можност голем број луѓе, кои се водат за исчезнати, едноставно да се целосно отсечени од светот поради прекинот на електричната енергија и телефонските врски. Досега се евакуирани речиси 11.700 лица. Над 1.500 домови се разурнати, а 18.000 се оштетени. Голем број патишта и мостови се оштетени. Ова се едни од најголемите поплави во Колорадо во историјата на државата. Изминатите неколку дена во американската...

Continue reading

polavi spanija

Големи поплави во Шпанија и Франција

Post Views: 7 Околу 500 лица се евакуирани по неколкудневните дождови и топењето на снегот на повисоките места, кои предизвикаа поплави во областа Пиринеја во североисточниот дел на Шпанија. Претставници во Каталонија соопштиле дека три планински реки се излеале по што ги полавиле улиците, домовите и земјоделското земјиште во таа област. Околу 4.000 лица, во исто време, останале без електрична енергија, а за сообраќај се затворени четири патни правци. Според прогнозите на метеоролозите, се очекува врнежите да се намалат на крајот на денот, но службите за вонредни ситуации и понатаму...

Continue reading

Tailand

Иронија

Post Views: 0 Иронија на животот. Тајланѓаните кои со недели се борат со катастрофалните поплави вчера го прославија традиционалниот празник на полната месечина кој означува крај на сезоната на дождови и почеток на сушата. Годинава празникот се прославува во услови кога една третина од земјата е под вода, а над 500 луѓе ги загубија животите. Сепак пораката што се испраќа преку свеќите поставени на листови од банана – водата да го однесе злото, може да се искористи и за сегашната ситуација. {loadposition content9}

Continue reading

Поплави во Италија, исчезнато едно лице

Post Views: 0 Маж во обид да ги спаси своите коњи во местото Пероса , во околината на Торино, го повлекла водата и исчезнал, им раскажал на цивилната заштита неговиот син. Расте загриженоста поради реката По која на места се излива и во Торино и може да достигне алармантно ниво до петок навечер. Пиемонте и Лигурија прогласиле црвен аларм поради поплавите бидејќи има голем пораст на нивото на водите и реките. Неколку стотини лица се евакуирани превентивно, а властите повикале на ограничено движење во неколку покраини на двата региона каде училиштата се затворени во четвртокот. Во Алби,...

Continue reading

Во Албанија поплави во кои има жртви

Post Views: 2 Албанските власти и официјално потврдија дека во поплавите предизвикани од невремето што зафати делови на Албанија, животите ги загубиле три лица, Загинатите се од местата Клос, Сукт и Тирана и се на возраст од 40 до 50 години. Премиерот Еди Рама рече дека се ангажирани сите структури, вклучувајќи ја и армијата, со цел на најдобар начин да се справат со создадената ситуација. Најпогодени од невремето се подрачјата на Драч, Тирана, Пешкопеја, Лежа и Ѓирокастро, каде под пода се над 500 хектари земјоделски површини, а поплавени се многу домови.Училиштата се затворени,...

Continue reading

Реката Мисисипи го достигна рекордното ниво

Post Views: 1 Во регионот на градот Натчез, во јужниот дел на југоисточната американска држава Мисисипи, нивото на реката вчера достигнало 17,8 метри, за 10 сантиметри над рекордот од 1937 година (17,7 метри)Поплавите во басенот на Мисисипи се резултат на континуираните врнежи, како и од топењето на снеговите. Природната несреќа зафати осум држави.До денеска се евакуирани илјадници лица, кои живеат долж крајбрежјето на реката, каде има десетици населби и 12.000 квадратни метри земјоделски површини во државите Мисисипи, Тенеси и Арканзас.Во Мисисипи привремено се затворени десетици...

Continue reading

avstralija sneg

Австралија: Сред лето, снег

Post Views: 10 Австралијците навистина треба да бидат изненадени од снегот, кој падна среде лето.Најмногу се израдувале оние кои цел живот сонувале за снежен Божиќ и кои се подготвуваат да заминат во планинските делови на државата Викторија каде има десетина сантиметри снежна покривка и температури од два степени под нулата. Делови од земјата се зафатени и од поројни дождови, грмотевици и поплави, кои предизвикаа прекини во електричната енергија, а над 200 жители на градот Карнарвон биле приморани да се евакуираат.{loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top