Охриѓани лути на прогнозерите на земјотрес

Нивото на Охридското Езеро и вчера порасна и достигна 21 сантиметар над дозволената граница, но од Центарот за управување со кризи информираа дека состојбата е стабилна и дека од денеска се очекува опаѓање на нивото на водата.

 |   | 
Ohrid
Охрид

Ohridsko ezeroНивото на Охридското Езеро и вчера порасна и достигна 21 сантиметар над дозволената граница, но од Центарот за управување со кризи информираа дека состојбата е стабилна и дека од денеска се очекува опаѓање на нивото на водата. Според нив, ова се должи на намелениот дотек од реките Сатеска и Коселска, кои се влеваат во езерото, како и поради хидрометеролошките најави за сончев викенд. Охриѓани од вчера ги загрижува и прашањето дали на Охрид му се закануваат земјотреси. Тие се лути на локалната самоуправа и на медиумите, кои јавно изнеле ставови на нестручни лица, во кои тврдат дека Охрид го очекувале проблеми со тектонски поместувања на земјиштето.

– Навистина претераа! Кој треба и кој не треба ја користи ситуацијата да излезе на телевизија и да дава експертски анализи. За ова што го зборуваат дека претстои опасност од излевање на езерото е во ред, но не треба дополнително да ги плашат граѓаните и да креваат паника кај населението дека, в лето или в година во Охрид ќе имало големи земјотреси – револтирано коментираа вчера охриѓани, кои нагласуваат дека таквите изјави се антиреклама за градот во престојната туристичка сезона.

Експертите за сеизмологија, апелираат до надлежните институции и граѓаните да не се крева паника и дека покаченото ниво на езерото не може да предизвика земјотреси.

– Земјотрес не може да се предвиди! Појавата на поплави на одредено подрачје, поради зголеменото ниво на реките и езерата, не значи дека ќе има земјотреси – изјави зa медиумите, д-р Вера Чејковска, од Сеизмолошката опсерваторија на Природно-математичкиот факултет од Скопје.
{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top