Ознака: подготовки

Државниот студентски дом „Никола Карев“ започна со подготовки за новите станари

Post Views: 2 Државниот студентски дом „Никола Карев“ започна со подготовки за новите станари. Бројката на легла за студенти од 1,2,3, 4, 5 и 6 год. e 231 легло, распоредени во 86 соби. Директорот на домот Марјан Ристески очекува исполнетоста оваа година да биде околу 90%. Тој додава дека во изминатиов период континуирано се работи на подобрување на условите за сместување и во целост се подготвени да ги пречекаат новите студенти. Набавени се нови перални и сушари, ставен е нов лифт и направени се повеќе зафати за уредување на домот. Една од предностите на нашиот дом е добрата локација...

Continue reading

Во охридските ресторани се прават завршните подготовки за дочекот на Новата година

Post Views: 0 идските  угостители ги прават последните подготовки за претстојните празници и Новогодишната ноќ. На десетина дена до истекот на годината рестораните се подготвуваат за пречек на гостите со избор на новогодишното мени и музичките  групи. Тие  ќе се погрижат гостите да имаат незаборавна забава со добра храна и пијалок при тоа  зачинети и со добра музика. За незаборавен дочек на 2017 година се погрижија и од ресторанот Лихнидос со внимателно избрано мени.   „Имаме склоп на околности кои јадења се повеќе барани што да понудиме од она што најмногу ни се троши. Плескавицата...

Continue reading

Подготовки за Бадник

Post Views: 6   Денес православните верници се подготвуваат за Бадник. Овој празник се прославува ден пред Божик и претставува последен и најстрог ден на божиќниот пост, како и голема среќа, бидејќи претходи на денот на Исусовото раѓање. Еден од симболите на народот за бериќетна година е Бадниковото гранче. А за значението на Бадниковото гранче, за ТВМ кажа билкарот Чедо Андрески. „Бадниковите гранчиња се продаваат денес и утре и утре за Бадник го даваат симболот на народот за бериќетна година и да оди се како што треба, како што ќе даде Господ да оди народот понапред да има здравје...

Continue reading

свр

Подготовки за зимската сезона во сообраќајот

Post Views: 1 Предлог мерки и подготовки за дејствување на сите субјекти повикани за зимското одржување на патиштата, е тема на работниот состанок што на петти овој месец во 11 часот ке се одржи во хотелот Амбасадор кај Подмољје. Работниот состанок го организира Секторот за внатрешни работи Охрид со цел ажурирање и дефинирање на работните планови и програми за работа и одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона кај сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на оваа проблематика. Работниот состанок ќе значи уште еден обид за синхронизирање и координирање...

Continue reading

ОЕМУЦ

Се прават последните подготовки за екстерното тестирање

Post Views: 5 Средношколците од прва, втора и трета година подготвени за екстерно тестирање. Од утре во сите средни училишта во градов започнува спроведувањето на ова тестирање со кое треба да се провери знаењето на учениците, но и квалитетот на наставниците. Во Охрид ќе бидат тестирани над илјада средношколци. Во средните училишта во градов се прават последните подготовки за екстерното тестирање. Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ тестирањето ќе се спроведува на 499 ученици. Од саботата веќе се објавија списоците  со дел од предметите по кои ќе се тестираат учениците. Кај нас се е подготвено...

Continue reading

ФК Силекс на подготовки во Охрид

Post Views: 0 Од вчера експедицијата на Силекс е во Охрид, базата е хотелот „Силекс“, а веќе денеска се игра и првата од двете пријателски средби кои стручниот штаб ги планира за оваа фаза од подготовките. Денеска ривал ќе биде тимот на Теута, шампионот на Албанија, тим во кој со успех настапува нашиот интернационалец Баже Тодоровски, и кој пред 15 години играше и за Силекс. Мечот се игра на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид со почеток од 17:00 часот. Додека на 28-ми јуни, но во Струга, Силекс ќе го одмери слите со тимот на Љачи, исто од Албанија.  Извор: Спорт медиа

Continue reading

katolici

Католиците ги прават последните подготовки за Велигден

Post Views: 4 Христијаните од католичка вероисповед и оние кои слават по новиот календар утре ќе го прославуваат најголемиот христијански празник Велигден. Верниците ги прават последните подготовки за овој најголем ден. „Тоа е празник кој ја симболизира победата на Божјиот син врз злото. Победа Божја врз кнезот на овој свет, како што Исус Христос го нарекува ѓаволот, демнот. И не само тоа туку воскреснувањето  Христово е еде празник кој што е радосен затоа што Исус Христос со своеот воскерснување ни покажа дека човекот не се состои само од душа туку се состои и од тело кое ќе воскресне...

Continue reading

Mirsad Jonuz

Репрезентативците на подготовки во Охрид

Post Views: 4 Националниот тим на Македонија се наоѓа во нашиов град каде се подготвува за претстојните квалификациски средби со Норвешка и Исланд. Во идеални услови на на стадионот „Билјанини извори“ изутринава Македонската фудбалска репрезентација продолжува со тренинзите. Според селекторот Мирсад Јонуз, здравствениот билтен е одличен, а единствено Новески работи под посебен режим и селекторот се надева дека ќе биде оспособен за другиот настап на репрезентацијата. Денес на програмата македонските репрезентативци ќе имаат два полесни тренинзи, но и извршување на техничко-тактички...

Continue reading

atletika

Завршни подготовки за 28-от Охридски атлетски маратон

Post Views: 8 Се прават завршните организациони подготовки за старт на 28  меѓународен охридски  атлетски маратон.  Но, годинешниов маратон ќе биде финансиски најскромен од било кога во изминативе  години од кога се одржува нагласува Пеце Неданов од организациониот одбор на најстарата маратонска манифестација во земјава. Досега се пријавени за учество околу 46 маратонци, од кои 5 во женска конкуренција, а до 7 септември додека трае пријавувањето очекуваме  уште од 20-тина маратонци, напоменува Неданов. Додава дека  ќе нема  голема конкуренција како во минатото заради годинешниот скромен...

Continue reading

маратон

Утре стартува 60 -тиот Охридски пливачки маратон

Post Views: 1 Се е подготвено утре да стартува по 60-ти  пат Охридскиот пливачки маратон.  Во Охрид и годинава допатува свтеската пливачка елита како и во изминативе години. Охридскиот пливачки маратон е препознатлив во светот и важи за една од поатрактивните спортски манифестации за маратонските пливачи. Организаторите се пофалија дека за годинешното јубилејно издание на  маратонот  организацијата  била на највисоко ниво досега.  Обезбеден е награден фонд од 10.000 долари за првите тројца најдобри маратонци.„ Оваа година имавме интензивни подготовки со пливачката федерација на Македонија...

Continue reading

fi

Се гради современо фудбалско игралиште адут за развој на спортски туризам

Post Views: 3 На дел од спортските терени на Билјани извори започнаа подготовки за поставување на вештачка трева на фудбалско игралиште. Неговите  димензии се 110 на 80 метри и ќе ги задоволува стандардите на ФИФА И УЕФА, информира општинскиот портапрол Томе Џамтоски. Средствата се обезбедени од општинскиот буџет. „ Целата инвестиција е во висина од 250.000 евра со тоа што тренажните работи ги врши Локалната самоуправа, а вештачката трева е донација на фудбалсат федерација на Македонија. Деновиве ќе биде ангажирано и стручно лице кое ќе помога во поставување на вештачката трева.“...

Continue reading

Спринтерот Стојоски, нашата олимписка надеж, на подготовки во Охрид

Post Views: 0 Атлетичарот Јован Стојоски, рекордер во спринтерски дисциплини и македонската олимписка надеж,  деновиве престојува во Охрид на подготовки за Олимписките игри во Токио кои треба да започнат на 23. јули.  Одложувањето на Олимпијадата за една година поради пандемијата не му паднало лесно на Стојоски но вели дека мотивацијата не му се намалила. Негова цел во Токио е поставување на нов личен рекорд. „ Олимпијадата секако е најголема манифестација во спортот. Сонот на секој спортист е да се натпреварува на Олимпијада. Се откажа за една година но уште сум млад , имам 23 години....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top