ФК Силекс на подготовки во Охрид

Силекс, нашиот претставник во Конференциската лига, под водство на новиот стратег Горазд Михаилов и новиот спортски директор Стевица Ристиќ, наголемо ги одработува подготовките. Целта е јасна, кратовци достојно да го презентираат мак – фудбалот против романскиот Петрокуб.

 |   | 

Од вчера експедицијата на Силекс е во Охрид, базата е хотелот „Силекс“, а веќе денеска се игра и првата од двете пријателски средби кои стручниот штаб ги планира за оваа фаза од подготовките.

Денеска ривал ќе биде тимот на Теута, шампионот на Албанија, тим во кој со успех настапува нашиот интернационалец Баже Тодоровски, и кој пред 15 години играше и за Силекс.

Мечот се игра на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид со почеток од 17:00 часот. Додека на 28-ми јуни, но во Струга, Силекс ќе го одмери слите со тимот на Љачи, исто од Албанија. 

Извор: Спорт медиа

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top