Се гради современо фудбалско игралиште адут за развој на спортски туризам

Се гради современо фудбалско игралиште- адут за развој на спортски туризам.

 |  Валентина Неловска  | 
fi
fi

На дел од спортските терени на Билјани извори започнаа подготовки за поставување на вештачка трева на фудбалско игралиште. Неговите  димензии се 110 на 80 метри и ќе ги задоволува стандардите на ФИФА И УЕФА, информира општинскиот портапрол Томе Џамтоски. Средствата се обезбедени од општинскиот буџет.

„ Целата инвестиција е во висина од 250.000 евра со тоа што тренажните работи ги врши Локалната самоуправа, а вештачката трева е донација на фудбалсат федерација на Македонија. Деновиве ќе биде ангажирано и стручно лице кое ќе помога во поставување на вештачката трева.“
ig
Со реализација на оваа инвестиција  се отвара можност за развој на спортскиот туризам. Сега ЈП Билјанини извори  ќе може да привлекува познати спортски клубови на подготовки во Охрид, нагласува Џамтоски. Досега нивното присуство беше оневозможувано заради немање на ваков спортски терен.

„ Со ова ЈП Билјанини извори ќе ги подобри можностите во иднина да аплицира и конкурира во привлекување на високо буџетни клубови кои своите спортски подготовки ќе ги прават во Охрид.“

Кој ќе може да го користи спортскиот терен во иднина ќе одлучува ЈП , додава Џамтоски . Поставувањето на вештачката трева и изградбата на фудбалското игралиште треба да завршат до почетокот на летото.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top