Ознака: податоци

Средношколците и основците од градов симулираа давање прва помош

Post Views: 6 Денес се одржа 42от општински натпревар по прва помош.  Натпреварот се одвиваше на 7 пункта поставени на различни локации низ градот. Од година во година интересот за учество на овој натпревар е се поголем. Минатата година учествувале 230 ученици а годинава 280. Овој настан беше интересен и за случајните минувачи и намерници бидејќи симулациите беа реалистични. Сашо Точков- претседателот на Црвен крст- Охрид рече дека за симулациите биле подготвени специјални сценарија, а се употребувала и артистичка шминка за настанот да биде што пореален Координаторот на секторот за...

Continue reading

Голема кражба на лични податоци

Post Views: 4 Компанијата eBay, која дава онлајн услуги за аукциско купување и продавање, соопштила дека во нападот на хакери се украдени информации за клиенти, вклучувајќи ја и електронската пошта, датуми на раѓање и адреси. eBay ги повикал корисниците да ја сменат својата лозинка по нападот на базата на податоци која исто така содржи лозинки, адреси и броеви на телефони. Исто така соопштиле дека не се пронајдени докази за неодобрен пристап во податоците на кредитни картички. Портпаролката на eBay, Кери Рамирез, изјавила дека засега не се знае колку клиенти се погодени со тој напад. “Веруваме...

Continue reading

pismo

Дали доцнат вашите писма и пратки?

Post Views: 1 Во динамичноста на секојдневното живеење, луѓето се повеќе зависат од точноста и ажурноста, не само вашите сопствени, туку и на останатите. За разлика од минатото,  сега светот си има развиена мрежа на комуникации каде доставата се случува за само миг, или барем така би требало да биде. Во нашата држава, главен писмоносец е претпријатието Македонски пошти, па оттука, нивната ажурност е од големо значење за македонскиот граѓанин. Ова е особено важно не само поради пратките и писмата, туку поради фактот што голем дел од сметките на граѓаните доаѓаат токму по пошта. А...

Continue reading

Ohrid

Охрид се подготвува за подземен катастар

Post Views: 5 Локалната самоуправа подготвена да го координира процесот на создавање дата база на податоци за подземниот катастар. Со подземниот катастар  ќе се избегнат оштетувањата на сите видови подземна инсталација што сега случуваат при градежните зафати. Инвеститорите многу често се соочуваат со оштетени водоводни и канализациони мрежи, пресечени телекомуникациски и електрични кабли заради  непостоење точни податоци на местоположбата на подземните инсталации и водови.  Kако превентива од ваквите дефекти се подготвува Закон за подземен катастар. На територија на општините за...

Continue reading

EMO

Од ЕМО украдени огромни количини бакар

Post Views: 7 Од фабриката украдени огромни количини бакар и други репроматријали. Кражбата ја потврди и директорот на АД ЕМО Зоран Филоски. Тој денеска беше на службено патување во Скопје, но во телефонскиот разговор кажа дека не може да ја прецизира штетата која настанала, затоа што службите сеуште вршат попис на магацините, погоните и  канцелариите, со цел да се констатира точно што недостасува, од залихите и од репроматеријалите.   „Се врши попис на сите репро матријали и се што недостасува во овој период ќе биде пресметано и проценато износот на репроматријали“, вели директор...

Continue reading

дневник

Електронските дневници не функционираат

Post Views: 11  Родителите сеуште немаат увид во школскиот успех на нивните деца преку интернет. Современите дневници кој од оваа учебна година се задолжителни за секое училиште во земјава сеуште не се ставени во функција. Директорката на ОУ „Св Климент Охридски“, Славица Илиќ  вели дека при воведувањето на електронскиот дневник се сретнале со неколку проблеми. Се соочиле со тешкотии  во комбинираните паралелки или со  наставниците кои реализирале настава во две училишта. Некои проблеми успеале да ги надминат, но како главна причина ја наведува интернет конекцијата. „Се случува да...

Continue reading

radiodifuzna taksa

Добивте 3-4 решенија за радиодифузна такса? Без паника, грешка е!

Post Views: 1 Деновиве охриѓани, но и сите граѓани во републикава, како гром од ведро небо ги погоди еден  несекојдневен проблем. Спротивно на законот за радиодифузна дејност, на нивните адреси наместо една сметка по домаќинство, ги дочекаа две, три или повеќе сметки за радиодифузна такса, буквално за сите членови во семејството. Едно охридско семејство со кое разговаравме ни кажа дека дури подготвуваат и претставка до Уставниот суд на Македонија. За среќа и на охриѓани, и на сите граѓани на државава, по увидената состојба, со соопштение се произнесе и корисникот на средствата од...

Continue reading

kafana

Секое задоволство се плаќа

Post Views: 3 Колку пари толку музика. Министерството за култура воведува такса за пуштање музика. Неа ќе ја собира новоформирана организација на македонската музичка индустрија ММИ каде членуваат музички продуценти и изведувачи. Новата давачка ќе треба да ја плаќаат хотелите, рестораните, пицериите, кафетериите, сендвичарите и сите останати субјекти каде се пушта музика. Хотелиерите реагират дека во ова време на економска криза кога повеќето од нив се на работ на економска оправданост секој денар е важен. Тоше Чочоровски, директорот на хотел „Силекс“ вели дека постојано се носат...

Continue reading

flaer

Светското наследство во рацете на младите

Post Views: 15 Никола Јакимовски и Емилија Богданоска, се само дел од тимот средношколци од ОСУ „Ванчо Питоешки“ кои учествуваа во реализацијата на проектот на УНЕСКО, „Светското наследство во рацете на младите“. Велат, знаењата кои ги стекнаа при изработката на овој проект, а во врска со локалитетот СВ. Наум, за нив се од непроценливо значење. Сега тие, се еден чекор поблиску до вокацијата туристички водич. „Добивме со истражувањата такви информации, важни за нас и за презентација пред туристите, посебно за работи кои се малку познати на македонската па и на светската јавност. Ова...

Continue reading

bankomat

Крадците можат да ве олеснат и преку банкомат

Post Views: 11 Во светот далеку по присутен, но за жал и Македонија фаќа темпо. Компјутерскиот криминал зазема се поголемо место во вкупниот криминалитет во земјава. Компјутерскиот криминал е криминал на сегашноста и иднината. Вака вели професор д-р Светлана Николовска од Факултетот за безбедност од Скопје. Најпознат вид на компјутерски криминал е финансискиот односно кражбите од банкомати. Иако во јавноста не се многу познати, кражбите од банкомати се дефинитивно реалност за нашите граѓани. „Не би рекла дека во Македонија такви криминални случаи немало. Значи имаше изминативе години...

Continue reading

opstina Struga

Во Струга мирно

Post Views: 6 Протести во Струга немаше. Овој град не е меѓу неколкуте во кои денеска се протестираше, поради како што велат демонстрантите „навредите што ги упати Владата на Македонија кон албанскиот народ со муслиманска вероисповед“. Стружани едногласни дека причини за протести нема, но ретко кој тоа сакаше јавно да го каже. Постар жител од муслиманска вероисповед, собра сила и јавно кажа дека Македонија е на сите без разлика на вера и националност. Во Струга денес беше очигледно зголеменото полициско обезбедување иако до очекувниот протест недојде. Посебно вниманието на новинарите...

Continue reading

канео

Мистерија колку пари му носи туризмот на Охрид

Post Views: 5  На охридското крајбрежје и во рестораните има се помалку елитни гости. Љупчо Патчев, познатиот охридски угостител од ресторанот „Далга“, со повеќе децениско искуство, нагласува дека во последните години многу е сменета структурата на гостите кои претсојуваат во Охрид. За гостите кои трошеле пари во Охрид, некогаш и денес, Патче вели дека сега градот го посетуваат гости со поплиток џеб. Патчев вели туризам има само во Скопје. Во светиот град, како што се нарекува Охрид со 365 -те цркви, не може да се развива елитен туризам каде што се мешаат Хозе Карерас и српска фолк...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top