Ознака: податоци

даљан

Погрешни податоци за парцелата ја закочија изградбата на пензионерскиот дом во Охрид

Post Views: 1 Изградбата на регионалниот пензионерски дом и понатака е пуста желба на охриѓани. Иако градењето на домот е ставен во програмата на Локалната самоуправа досега од постапката нема ништо. Потребите  пак на старите лица од ден на ден стануваат се поголеми. Нема ден, а да не дојде некој пензионер и да праша до каде е градењето на домот, потврдува и претседателот Здружениeто на пензионери од Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески. Сведоци сме дека голем е бројот на младите луѓе кои емигрираат во странство и родителите остануваат сами. „ Има потреба, родителите се оставени на милост...

Continue reading

inovacii

Ивановски: Македонија една од малкуте земји со отворени бази на податоци

Post Views: 3 Во хиперповрзаниот свет на глобални случувања, големите бази на податоци го менуваат светот. Вистински предизвик е начинот на кој се разбираат податоците, истите може да бидат сфатени како јавен ресурс, како приватна сопственост или како израз на индивидуален идентитет. Ова се дел од поентите искажани на затворањето на 18та конференција за достигнувањата во доменот на базите на податоци и информациони системи АДБИС и почетокот на 6та ИЦТ конференција за иновации кои се одржуваат во Охрид. Според претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, во обидот да се достигне...

Continue reading

nusic

Со претставата Роденденот на господинот Нушиќ завршува 54- тото издание на Фестивалот Охридско лето

Post Views: 5  претставата Роденденот на господинот Нушиќ завршува 54- тото издание на Фестивалот Охридско лето. „ Роденденот на господинот Нушиќ “е  претставата со која завршува годинешното издание на Фестивалот Охридско лето. Со гостувањето на актерите од белгардскиот Звездара театар се одбележува јубилејот 150 години од раѓањето на  комедиографот Бранислав Нушиќ кој оставил силен белег во драмската литертура на балканските простори.  Текстото на Душан Ковачевиќ, „ Роденденот на гоподин Нушиќ“ кој ќе се игра вечерва на сцената во Центарот за култура, донесува потполно нови непознати...

Continue reading

Шефот на Oracle го отстапи местото на извршен директор

Post Views: 6 Larry Ellison, 70 годишниот CEO на Oracle, компанија која се занимава со бази на податоци, воедно и основач на истата, го отстапил местото на извршен директор и своето место го препуштил на екс шефот на HP Mark Hurd и Safrai Catz. Ellison е воедно еден од најбогатите луѓе во Америка и светот чие богатство се проценува на 50 милијарди долари. Овој претприемач е еден од ретките преостанати луѓе кој работел во силициумската долина како извршен директор на компанијата, и е основач од самиот почеток на компјутерската револуција. Oracle ја основал во 1977 година, а денес компанијата...

Continue reading

kreditni karticki

Банкарскиот сектор во Македонија со полоши резултати од лани

Post Views: 6 Финансиските податоци за деловните банки во првите девет месеци годинава покажуваат дека профитабилноста се намалува драстично. Една третина од нив евидентираат загуби, додека речиси 40 проценти од банките објавиле понизок профит.И покрај тоа, Народната банка на Македонија (НБМ) не ги наоѓа овие податоци алармантни. Гувернерот Петар Гошев вели дека кризата во банкарскиот сектор се чувствува, но дека тој е стабилен. Според проекциите за 2011 година, банките ќе доделат повеќе заеми за граѓаните и фирмите во споредба со оваа година.{loadposition content9}

Continue reading

Со новиот Xperia Z3 до 30 минути под вода

Post Views: 8 Бројни технолошки компании ги претставија новите модели на телефони, таблети и часовници, но впечаток е дека главните адути на Sony се во врвот на смарт производите. Моделот Xperia Z2 спрема многу експерти беше еден од најдобрите паметни телефони, а Sony сега го надогради и подобри својот најсилен смартфон кој на пазарот ќе им конкурира на iPhone и на Galaxy S5. Xperia Z3 има 5,2 инчен екран со резолуција 1920х1080 пиксели, работи на четворојадрен Snapdragon 801 процесор од 2,5 GHz, има 3 GB RAM, 16 GB простор за податоци кои можат да се надоградат со мемориска картичка...

Continue reading

ohrid

Охрид на прво место по бројот на иселени лица

Post Views: 5 Се поголем број млади луѓе го напуштаат градов. Овој факт загрижува и отвара многу прашања. Каде младите охриѓани  ја гледаат својата иднина, овде или во странство.  Колку тие се задоволни од можностите кои ги нуди градов за вработување и за обезбедување егзистенција. -Јас сакам да останам во градов и тука да ја градам својата иднина, вели една млада охриѓанка. -Го сакам градов но ако во странство ми се понудат подобри можности можеби би заминал, не сум размислувал за тоа, кажува еден средношколец. -Јас сум патриот и сакам да останам во земјава, а им советувам и на останатите...

Continue reading

Дознајте како и што работи USB кондомот

Post Views: 4 Колку често ги полните своите смартфони или таблети на јавни места? Колку и да е практично, сепак тоа не е без ризик, но постои лек и за тоа. Malware не бира ни место ни време, а тој е дизајниран да ги превзема податоците од вашиот телефон или таблет по пат на USB, додека се споени на компјутер, а тоа може да се случи многу лесно на јавно место. Иако постојат кабли за USB кои се дизајнирани само за напојување но не и за пренос на податоци, сепак тие не се доволно практични, а постои можност и да ги замените при употреба. Сепак, се појави мал уред, кој го носи името USB...

Continue reading

Зошто овие работи да не ги споделувате на Facebook

Post Views: 3 На оваа популарна социјална мрежа корисниците објавуваат голем број на интимни информации за приватниот живот и парадоксално е тоа што истите тие податоци никогаш толку лесно не се споделуваат со реални познаници, иако Facebook овозможува да се контролира профилот преку опциите за приватност. Затоа ви пренесуваме што е пожелно да не го правите во врска со вашиот профил, бидејќи подобро е да се спречи отколку да се лечи. -Датуми на раѓање на вас и вашите блиски – Многумина сакаат на Facebook да проверат колку роденденски нотификации добил. Притоа забораваме дека токму...

Continue reading

Шпијунирање и по пат на YouTube

Post Views: 8 Гледањето на само еден видео запис на YouTube можело на владите и шпијуните да им го отвори прозорецот во вашиот живот. Веќе повеќе од една година медиумите пренесуваат информации за начините на кои американската влада и NSA можеле да следат и да прислушкуваат милиони корисници на интернет. Податоците за следење и методите на прислушкување на NSA ги шокираше многу корисници на интернетот и уште еднаш се покажа дека потполна сигурност не постои. Кон крајот на минатата недела на Engadget објавија податоци за начинот на шпијунирање преку YouTube. Имено, тие можеле да ги...

Continue reading

лого

УЈП со бесплатна инфо-линија за промена на податоците на даночните обврзници

Post Views: 8 Брзо и едноставно, со телефонско јавување на бесплатна инфо линија 0800 33 000, секој граѓанин може да изврши промена на адресните податоци, телефонскиот број и е-пошта кои се водат во Регистарот на даночни обврзници на УЈП. Заради осигурување на висок степен на безбедност и заштита на податоците, граѓаните можат да ја користат услугата со ПИНКОД, кој е задолжителен за идентификација и за промена на нивните адресни и контакт податоци во УЈП. Точните адресни податоци и пријавување на истите од страна на граѓаните се важни заради навремено информирање и доставување на...

Continue reading

Најголема кражба на кориснички податоци во историјата

Post Views: 3 Најголемата кражба на кориснички податоци ја направиле руски хакери и украле 1,2 милијарди кориснички имиња и лозинки, и повеќе од 500 милиони е-маил адреси со околу 420 илјади веб страници. Овие информации ги открила сигурносната компанија Hold Security а конкретни информации за страниците на кои им се украдени податоци не се објавени (за да се заштитат тие компании и нивните корисници) а познато е само дека оваа хакерска група не е поврзана со владата на Русија. “Без оглед дали сте компјутерски експерт или технофоб, се додека имате податоци некаде на web, постои можност...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top