Погрешни податоци за парцелата ја закочија изградбата на пензионерскиот дом во Охрид

Погрешни податоци за парцелата ја закочија изградбата на пензионерскиот дом во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
даљан
даљан

Изградбата на регионалниот пензионерски дом и понатака е пуста желба на охриѓани. Иако градењето на домот е ставен во програмата на Локалната самоуправа досега од постапката нема ништо. Потребите  пак на старите лица од ден на ден стануваат се поголеми. Нема ден, а да не дојде некој пензионер и да праша до каде е градењето на домот, потврдува и претседателот Здружениeто на пензионери од Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески. Сведоци сме дека голем е бројот на младите луѓе кои емигрираат во странство и родителите остануваат сами.
даљан
„ Има потреба, родителите се оставени на милост и немилост. Заминуваат децата на печалба, доѓаат еднаш во годината но тоа не е доволно. Има потреба од дом. Тоа би бил еден погон за вработување од 50-тина луѓе. Во таа установа би се ангажирале вработени од повеќе профили со тоа ќе се решат повеќе проблеми.“

Во општина Охрид има над 11.000 пензионери по сите основи, од старосни и семејни , до трудови инвалиди и инвалидски пензионери, појаснува Трпчески. Во Охрид има пенизонерски дом со 6 апартмани кои се издаваат под ќирија,  но објектот не е од типот за згрижување и давање на медицинска  нега на стари лица.   пенз

До каде е постапката и кога ќе се гради овој долго посакуван објект одговор  побаравме од  општината.
Локалната  самоупрaва објектот го стави во годинешната програма за градба, но дури сега увиделе дека има грешка во изготвувањето на нумеричките податоци за катастарската парцела. Допрва ќе се води судски спор за физичка делба на грдежното земјиште помеѓу државата со Исламската верска заедница и приватно лице.

„ Сега  во овој момент е увидена грешкатат на компанијата избрана на  тендер која ги изготвувала нумеричките податоци , грешката  не е на Локалната самоуправ, туку на компанијата  која направила пропуст и сега ќе треба да се исправи грешката.“

Од Локалнат веруваат дека спорот успешно ќе се заврши  и до крајот на 2014 година ќе го одржат ветувањето за изградба на Домот за стари лица.Тој се планира да се гради на 8000 метри квадратни во населбата Даљан. Дополнително ќе се утврдува дали градежното земјиште ќе се продаде или објектот ќе се гради со јавно приватно партнерство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top