Од ЕМО украдени огромни количини бакар

Мета на крадците деновиве – ЕМО.

 |  Маленкова Татјана  | 
EMO
ЕМО

Од фабриката украдени огромни количини бакар и други репроматријали. Кражбата ја потврди и директорот на АД ЕМО Зоран Филоски. Тој денеска беше на службено патување во Скопје, но во телефонскиот разговор кажа дека не може да ја прецизира штетата која настанала, затоа што службите сеуште вршат попис на магацините, Zoran Filoski погоните и  канцелариите, со цел да се констатира точно што недостасува, од залихите и од репроматеријалите.  

„Се врши попис на сите репро матријали и се што недостасува во овој период ќе биде пресметано и проценато износот на репроматријали“, вели директор АД ЕМО, Зоран Филоски.

На прашањето на кој начин се обезбедува фабриката, Филоски вели дека досега се обезбедувале само физички, но додаде дека ќе мора да се размислува и за друг вид обезбедување.

„Физичко обезбедување има, а видеонадзор нема. Сигурно размислувам и ќе поставиме. Обезбедување напредно технолошки ќе мора“, вели Филоски.

Дознаваме дека Службата за обезбедување веднаш случајот го пријавила во СВР. Ова го потврдија и од СВР, но додаваат дека тие добиле пријава за кражба, но без целосни податоци за матријалите кои EMOнедостасуваат. Од Секторот додаваат дека и покрај тоа немаат конкретни податоци, сепак тие ги превземаат потребните службени мерки во врска со овој настан.
СВР треба да открие како и со чија помош се изнесени огромни количини репроматријали од ЕМО, затоа што за да се направи тоа или треба да се косристи механизација или во кражбата треба да учествуваат многу луѓе, што во секој случај би било забележано од случајни минувачи.

Инаку ова не е прва кражба во ЕМО. Слични, но во секој случај помали кражби имало и претходните години. Да се надеваме дека овојпат виновниците брзо ќе бидат откриени и санкционирани.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top