Ознака: Плаошник

Се поставува потпорен ѕид на „Римската бања“ кај Плаошник

Post Views: 14 Во тек се активностите од реализацијата на Проектот за поставување на потпорен ѕид од северната страна на објектот „Римска бања“ на локалитетот Плаошник во Охрид. Изградбата на потпорниот ѕид е неопходна за да се спречи свлекување на земјиштето кое  може да предизвика големи штети на римска бања со мозаични подови која датира од I век од н.е. По изградбата на ѕидот ќе се обезбедат и соодветни услови за извршување на конзервација и реставрација на архитектурата и на мозаиците од бањата. Реализацијата на овој Проект кој го раководи д.и.а. Анита Танеска, виш конзерватор...

Continue reading

Атрактивната пешачка патека која води низ боровата шума на Плаошник им создава главоболки на туристичките работници

Post Views: 8   Туристичките тури кои водат низ најатрактивниот дел за разглед на стариот дел на градот им создаваат главоболки на туристичките работници. Една од нив е патеката која води кон Плаошник, Канео и Самоиловата тврдина. Патеката е небезбедна за туристички разглед, вели Љупчо Стојкоски туристички работник од Охрид. Турата оди по еден пат низ прекрасна борова шума, но патеката е земјена, не е средена, а тука сите тури ги водиме, вели Стојкоски. „На тој дел порано биле изградени импровизирани скали со дрво и издлабени во земјата. Но со тек на времето тоа е рамно, а боровите...

Continue reading

sv.ilija

За Православна Нова Година Света архиерејска литургија на Плаошник

Post Views: 14 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14 јануари 2016 година (четврток), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Обрезание на Господ Исус Христос и свети Василиј Велики“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој ...

Continue reading

Излезе од печат монографијата „Епиграфски споменици од Плаошник-Охрид“

Post Views: 0 Излезе од печат монографијата „Епиграфски споменици од Плаошник-Охрид“ од авторките Славица Бабамова и Калина Кузман – Додевска, во издание на НУ Завод и Музеј – Охрид. Во оваа богато илустрирана публикација се обработени вкупно 128 епиграфски споменици кои се откриени со долгогодишните археолошки истражувања на локалитетот Плаошник, а дополнителни 13 споменици кои се откриени на други локации во Охрид (Горна порта, Самуилова тврдина и тн.) се вклучени во монографијата за да се добие целосната слика за епиграфските споменици од античкиот Лихнид.

Continue reading

Приоритет број еден заштитата на Плаошник и Самоилова тврдина

Post Views: 10 Охридската НУ Завод и Музеј ќе продолжи со заштитата на археолошките локалитети Плаошник и Самоилова тврдина. Бројни проекти биле стопирани оваа година заради пандемијата. Но, од установата ќе поднесат проекти до ресорното министерство за добивање средства за решавање на проблеми од областа на конзервација на археолошките локалитети за идната година. Во меѓувреме, продолжуваат со заштита на археолошките локалитетите Плаошник и Самоиловата тврдина, информира директорот Мишко Тутуткоски. Овие два локалитети ќе се приоритет број еден. Таму има многу градби кои не се конзервирани,...

Continue reading

Ревидирање на проектите Скопје 2014 и Плаошник, најави Министерот за култура од Охрид

Post Views: 0 Министерот за култура, Роберт Алаѓозоски од Охрид најави дека ќе се ревидираат проектите Скопје 2014 и Плаошник. Рефасадирање и разместување на спомениците од проектот Скопје 2014 оваа година не е приоритет. Но, вети ревизија во состојбите, кои потоа ќе се стават на увид на граѓаните. Наскоро ќе излезат со детали и за проектот на Плаошник, каде ќе се утврдува колку и со каква катност се градени објектите на охридскиот локалитет.   „ Ќе има ревидирање во новиот ребаланс на буџетот и одредени зафати во однос на Плаошник. Сериозно пристапуваме на проблемот.Наскоро тим...

Continue reading

Плаошник претесен за верниците

Post Views: 2 Македонската православна црква денеска го празнува споменот на својот патрон, свети Климент Охридски – Чудотворец кој е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски архиепископ. Творец е на познатата Охридска книжевна школа и најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет. Денес охриѓани го посетија светиот храм на Плаошник со цел да се поклонат пред моштите на овој светител и да...

Continue reading

Екологистите се против градење на најавениот Авантуристички парк на Плаошник, од Тлер тврдат ќе нема никави нарушувања

Post Views: 3 Eколошките граѓански организации отворено го искажуваат ставот дека се против идејата на општината Охрид да гради авантуристички парк во шумата кај Плаошник, над плажата „Лабино“. Од граѓанската платформа „Охрид SOS“ истакнуваат дека проектот „Waternet,“, е во рамки на погранична соработка на  Охрид и Воден, а  со цел да се промовира важноста на водата, да се развие прекугранична заштита на водните средини и да се засили едукацијата. Според екологистите изградбата на авантуристички парк во шума нема да придонесе за исполнување на овие цели. „Општина Охрид, без никаква...

Continue reading

Министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска денес се прошета на Плаошник

Post Views: 4 Министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска денес се прошета на Плаошник. Таа  изврши увид во градежните активности што се спроведуваат во рамки на проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет и изрази задоволство од динамиката и квалитетот со кои тие се спроведуваат. Милевска нагласи дека посебно е важен  начинот на кој се спроведуваат истите и грижата што се води во насока на заштита на откриеното богато културно-историско наследство. Локалитетот Плаошник зафаќа простор од 31 илјада метри квадратни од кои, како што рече министерката Милевска,...

Continue reading

Галеријата на икони нема да се дислоцира на Плаошник

Post Views: 4 Галеријата на икони останува во комплексот Св. Богородица Перивлепта. Плановите да се дислоцира на Плаошник нема да се реализираат откако комисијата на УНЕСКО ја стопира градбата на уште по еден кат на објектите кои таму се градат. Од НУ Завод и музеј велат дека од наредната година ќе се инвестира во обновувањето на објектот каде сега се наоѓа галеријата бидејќи планирано е таму да се сместат нови експонати не само од охридскиот регион туку и пошироко. Зачудува податокот што овој музејски простор сега многу малку е посетен од туристите иако во него се кријат икони со...

Continue reading

grujo

Премиерот Никола Груески во обиколка на Плаошник

Post Views: 3 Комплексот Плаошник денес го посети премиерот Никола Груески. Во обиколката  на 6-те  објектите   беше запознает со фазите на градежните работи на сите објекти пооделно. Премиерот при посетата на  Плаошник посебно  интерес покажал за градежните работи кои се одвиваат на  Св Климентовиот универзитет. Во обиколката го придружуваше директорката на Завод и музеј ,  Тања Паскали Бунташеска. Таа при тоа кажа дека  се испочитувани сите претходни забелешки на Унеско. „ Проектот се преработи може да се видат проектите и да се споредат со претходните. Се почитуваа препораките...

Continue reading

Diplomci

Промовирани новите дипломци на ФТУ

Post Views: 11 Пред Св. Климентовиот храм на Плаошник, промовирана нова генерација студенти  кои студиите ги завршија по студиски програми дизајнирани според највисоките стандарди, европскиот кредит трансвер систем, на ФТУ. На  денешната свеченост дипломи им беа врачени на 120 студенти од сите насоки. „ Нашите дипломирани студенти може да ги сретнете по сите институции“, рече проф. д-р. Цветко Андреески – в.д. Декан на ФТУ. Проректорот на универзитетот проф. д-р. Пере Аслимоски, ги награди  четирите најдобри студенти  од студиските рограми на ФТУ за Учебната 2009/2010 год. Наградени...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top